Забава
Војвотката Меган има амбиција за кариера во политиката
Војвотката Меган не ја исклучи можноста за политичка кариера.
Меган – која заедно со нејзиниот сопруг принцот Хари се повлече од кралското семејство претходно оваа година – верува „дека има мисија да стави крај на системскиот расизам во САД и сака нејзиниот глас да биде слушнат.
Извор за „Дејли мејл“ рече: „Меган изјави дека нејзината работа како лидер е поважна од кога било досега и дека зборувала со Опра и со лидери на другите заедници за тоа како таа може да биде дел од решението. Меган чувствува дека нејзината мисија е многу повеќе од глума. Таа вели дека сака да го искористи својот глас за промени и не исклучи кариера во политиката.“
Во меѓувреме, војвотката од Сасекс изјави дека би било погрешно да не се зборува на глас за смртта на Џорџ Флојд.
Осврнувајќи се на смртни случаи на Афроамериканци од рацете на полицијата, таа во видеопорака до дипломираните од нејзиното некогашно училиште во Лос Анџелес рече: „Она што се случува во нашата земја и во нашата држава и во родниот град Лод Анџелес е апсолутно погубно. Сфатив дека единствена погрешна работа е да молчам и да не кажам ништо за значењето на животот на Џорџ Флојд, исто како и животот на Бреона Тејлор, Филандо Кастилја, Тамир Рајс … и на многу други луѓе чии имиња ги знаеме и не ги знаеме.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Џиџи Хадид и Бредли Купер конечно снимени заедно, на натпревар
Актерот Бредли Купер (50) и манекенката Џиџи Хадид (29) се фотографирани на НФЛ натпревар помеѓу Лос Анџелес Рамс и Филаделфија Иглс.
@myboybraids Eagles Football 🏈#philadelphiaeagles #fyp #bradleycooper #gigihadid ♬ original sound – BillyBadAss
На „Тик ток“ се појави видео од натпреварот. Некој од публиката го снимил парот како ентузијастички навива од горната ложа на трибините. Џиџи плескаше, а Бредли викаше и мавташе со рацете.
Забава
Никол Шерцингер позираше во бикини и ја покажа својата завидна фигура
Никол Шерцингер отпатува на Хаваи.
46-годишната пејачка на Инстаграм сподели неколку фотографии од плажа, каде позира во црни бикини, во комбинација со парео со дезен. Таа напиша емотивна порака во описот на објавата.
„Нема ништо помоќно од љубовта, поврзаноста и благодарноста. Благодарна сум што успеав да ја направам мојата прва пауза од Бродвеј за да ги наполнам батериите“, напишала Никол, која е родена на Хаваи.
Забава
Меланија Трамп на инаугурацијата носеше дизајнерско палто од 4.000 евра
Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави во интересна облека која привлече внимание.
Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темно сино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липес. Цената на капутот, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра.
Меланија го комплетираше изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темно сини велур потпетици, кои одговараа со палтото на нејзиниот сопруг.
Првата дама ги поддржа американските дизајнери со нејзиниот моден избор за инаугурацијата, додека за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен, оддавајќи почит на Џеки Кенеди.