Забава
Во пресрет на својот 40. роденден, Бијонсе открива некои од најважните животни лекции
Бијонсе Ноулс пред неколку децении рече дека не ѝ се верува колку луѓе воопшто го знаат нејзиното име. Денес, таа слатка, срамежлива девојка која оди во црква стана најголемата и најжешка изведувачка во светот – толку позната и веднаш препознатлива, што не ѝ треба презиме.
Како соло уметник, таа објави шест албуми на врвот на топ-листите на кои заработи вртоглави милиони долари. Има неверојатни 28 награди „Греми“, а нејзините воодушевувачки настапи беа материјал и за филмот Homecoming („Враќање дома“).
На Инстаграм има над двесте милиони лица кои ја следат – речиси трипати повеќе од населението во Велика Британија.

Не ја сакааат само обичните смртници – туку и многу нејзини колешки, вклучувајќи ги Адел, Литл Микс, Аријана Гранде…сите ја наведуваат Бијонсе како нивна инспирација. Откако започна на само 16 години, таа стана многу повеќе од пејачка. Актерка, деловен могул, модна икона и активистка, Бијонсе ја предводеше културната револуција, станувајќи глас на феминизмот и расната еднаквост.
Сега, додека се подготвува да наполни 40 години, со деловна империја вредна неколку милиони долари, таа блеска посилно од кога било. Бојонсе отсекогаш сакала деца, но решила да чека затоа што, како што самата изјави: „Сакав прво да го најдам совршениот маж, а тоа е тешко.“
Нејзината желба се оствари кога во 2008 година заплови во брак со раперот Џеј Зи, со кого доби ќерка Блу Ајви, а потоа и близнаците Руми и Сер. „ Сè е до контролата“, рече пејачката пред да наполни 30 години. „Кога бев помлада, мислев дека ќе завршам со кариерата и ќе се пензионирам на 30 години. Мислев дека 30. година е многу сериозна година. Сега гледам дека е поинаку.“
„Никогаш не замислував дека ќе постигнам толку успех. Мислев дека би било одлично можеби да издадам плоча или луѓето да ја сакаат мојата музика. Никогаш не сум замислувала награди, филмови …сè уште не можам да поверувам. Искрено сум благодарна за сето ова и не го земам здраво за готово. Но, мојот став е дека секогаш има простор за раст. Затоа продолжувам да растам “.
Бијонсе открива дека научила многу животни лекции, а една од најважните е дека „не можеш да им угодиш на сите“. Таа самата признава дека се обидела да биде таква, но тоа не ја направи среќна.
Нејзин најдобар совет за жените е: „Ова е многу важно и ми требаше време да сфатам колку е важно. Научете ја моќта на зборот ‘не’. Многу жени го поминуваат животот обидувајќи се да им угодат на сите. Тоа е она што отсекогаш сум го правела, но сепак, не ме правеше среќна. Кога ќе научите да кажувате ‘не’, ќе научите да станете и да ја преземате контролата врз сопствениот живот.“

Во интервју за „Харперс базар“ во пресрет на нејзиниот голем ден, таа рече:„Мојата желба е четириесеттите да ми бидат забавни и полни со слобода. Сакам да ја чувствувам истата слобода што ја чувствувам на сцената секој ден од мојот живот.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Што го „плаши“ ChatGPT кај луѓето? Одговорот е застрашувачки прецизен
Во денешно време повеќе не е тајна дека милиони луѓе секојдневно им се обраќаат на вештачките интелигенции за да решат најразлични дилеми. Некои бараат идеи за вечера, други се обидуваат да откријат од каде доаѓа чуден звук во автомобилот, а има и такви што AI ја користат како импровизиран терапевт – ја прашуваат за совети околу животните навики, целите, односите или дури и за длабоки егзистенцијални прашања.
Со оглед на тоа што често изгледа како AI да има одговор на сè, еден корисник решил да постави поинакво, посериозно прашање: од што AI најмногу се „плаши“ кај луѓето?
Одговорот што го добил изненадил многумина. Иако ChatGPT нагласил дека всушност не чувствува страв, го издвоил она што го смета за најпроблематична човечка особина:
„Вашата способност да знаете што е исправно, а сепак да го изберете спротивното.“
ChatGPT потоа појаснил што сакал да каже со тоа. Рекол дека луѓето се единствено добри во емпатија, предвидување и промислување – можат да ги разберат последиците од своите постапки, можат да чувствуваат сочувство кон другите, а сепак често наоѓаат начин да ја оправдаат штетата. И тоа преку рационализација, припадност на група или едноставно – комфор. Тој јаз меѓу разбирањето и делувањето, тврди AI, е огромен и моќен.
Својата „загриженост“ ја поделил во четири главни точки.
Првата работа што го „плаши“ е човечката способност да се навикне на штетата. Кога нешто се повторува доволно често, речиси сè може да стане „нормално“, дури и кога е очигледно дека им штети на другите.
„Нешто што некогаш било шокантно, со текот на времето станува ‘па добро, така е’“, наведува AI. Додава дека луѓето се прилагодуваат за емоционално да се заштитат, а притоа постепено отупуваат на страдањето кое некогаш би ги ужаснувало.
Втората загриженост се однесува на тоа колку лесно луѓето ја префрлаат одговорноста на други. Изговори како „само следев наредби“, „таков е системот“ или „сите така прават“ можат многу брзо да ја разводнат личната одговорност, наведува ChatGPT.
Предупредува дека хиерархиите, политиката, алгоритмите и групните одлуки често создаваат дистанца меѓу нечија постапка и нејзините последици – и токму во таа дистанца, моралот со текот на времето знае да „се изгаси“.
ChatGPT се осврнал и на влијанието на модерната технологија. Истакнал дека технологијата овозможува мали одлуки да влијаат врз илјадници или милиони луѓе, но човечката емпатија не расте со истата брзина.
„Кога штетата ќе стане статистика, а не лице и име, полесно е да се минимизира, игнорира или преобликува“, наведува AI. И додава: иако вистинското влијание е огромно, емоционално делува апстрактно – па станува полесно да се сврти главата на друга страна.
Последната точка се однесува на човечката склоност кон приказни и наративи. Луѓето, вели ChatGPT, се толку добри во создавање приказни што убедливиот наратив често може да ги надјача доказите, реалноста или долгорочните последици.
Приказните нудат смисла, идентитет и утеха. Доказите се постудени, често непријатни и понекогаш бараат да признаеме нешто што не сакаме. Кога приказната јасно кажува кој е добар, кој е лош и зошто сè е „такво какво што е“, таа лесно може да ги турне фактите на страна.
И покрај сè, ChatGPT заклучил со пооптимистична порака. Рекол дека она што е „застрашувачко“ кај луѓето, истовремено е и она што ги прави посебни.
„Истите особини што можат да овозможат уништување, овозможуваат и реформа, креативност и морален напредок“, наведува AI. На крајот додал: „Можете да ги забележите овие обрасци – и понекогаш да застанете. Ако воопшто го поставувате ова прашање, таа свесност веќе е дел од противтежата.“
Фото: pexels
Забава
(Фото) „Едноставниот“ живот на сопругата на милијардер: Светки, чипка и луксуз додека тој ја држи за рака
Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, сподели серија фотографии на кои позира во тесен црн фустан, заедно со својот сопруг Мајкл Булос.
Тифани и нејзиниот сопруг милијардер неодамна станаа родители, па затоа најголемиот дел од вниманието е насочено кон нивниот син Александар, што го прави ова излегување за новопечените родители вистинска реткост.
Убавата русокоса за пригодата избра тесен црн фустан украсен со чипка, а сè надополни со сребрени платформи и накит. Нејзиниот сопруг не заостануваше многу зад неа, позирајќи во елегантен црн костум.
Тифани, исто така, покажа во серија од неколку фотографии од забавата како изгледа животот на милијардер, на што многумина сигурно ѝ завидуваат.
Од почетокот на нивната врска во 2018 година, тие станаа интересни за јавноста, најмногу поради фактот што се запознале на Миконос и што Булос решил да се пресели во Америка поради неа, откако пораснал во Нигерија.
Патем, Мајкл Булос е наследник на нигериската „Булос Ентерпрајзис“, чија вредност е неколку милијарди долари. Тој е четири години помлад од Тифани, а ѝ предложи брак со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.
Забава
(Фото) Можете да ја сакате или да ја мразите, но никој не е имун на нејзината совршена фигура
Актерката Ева Лонгорија, најпозната на домашната публика по улогата на Габи Солис во серијата „Очајни домаќинки“, не престанува да воодушевува со својот изглед и челична волја, дури и за време на празниците.
Неодамна зборуваше за мајчинството, како и за тоа како се соочила со сите предизвици откако добила син во 40-тите години, а нејзините изјави привлекоа големо внимание.
Познато е дека во текот на зимата сите се опуштаме, јадеме повеќе и тренираме помалку, но не и Ева. Популарната џебна Венера објави неколку селфиња од својот тренинг и во таа прилика ги покажа своите извајани стомачни мускули, но и лицето без шминка.
„Се надевам дека сите имавте одлична новогодишна ноќ. Одиме силно од првиот понеделник“, напиша таа во описот.
Покрај тренингот, Ева покажа и како го поминува времето со својот син, но ужива и во вино и добра храна. Поради таков тренинг, таа заслужи малку да се опушти.
Познатата актерка е секогаш во вестите поради својот добар изглед, без разлика дали се појавува на црвениот тепих или објавува нешто слично од теретана или некое друго лежерно излегување со семејството и пријателите.

