Забава
Во Јапонија живеат повеќе од 70.000 стогодишници

За прв пат откако се води ваква статистика, бројот на луѓе во Јапонија со над 100 години ја надмина бројката од 70.000, се наведува во владин извештај објавен денеска, во кој уште се додава дека бројот на стогодишници се зголемува веќе 49 години по ред.
Во Јапонија живеат вкупно 71.238 стогодишници, што е зголемување за два процента во споредба од минатата година. Од вкупниот број, 88 проценти се жени, се наведува во извештајот на Министерството за здравство, труд и благосостојба, објавен во пресрет на Денот на почитта кон старите лица во понеделник, кој се одбележува како национален празник.
Јапонија во 1963, кога почнала да се води статистиката, имала 153 стогодишници, а до днес тој број постојано се зголемува.
Уште во 1998 година, во Јапонија имало над 10.000 стогодишници, а над 50.000 во 2012 година.
Според Гинисовата книга на рекорди во моментов најстарата личност во светот е Кане Танака (116), жителка на Фукуока во југозападна Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џеј Ло настапи во Абу Даби во леопард комбинезон, снимката има 16 милиони прегледи

Џенифер Лопез одржа два големи концерти во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а клип од настапот што го сподели на Инстаграм и ТикТок собра повеќе од 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
Џеј Ло веќе некое време немаше настапи, но неодамна направи исклучок со настапот во Дубаи на отворањето на луксузен хотел. Потоа следеа два распродадени концерти во Абу Даби, а снимките од тие настапи брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Забава
Блејк Лајвли за насловната страница на „Холивуд Репортер“: Срамна и сексистичка

Блејк Лајвли, кој е во правен спор со Џастин Балдони поради наводите за сексуално вознемирување на снимањето на филмот It Ends With Us, остро го критикуваше таблоидот „Холивуд Репортер“ за начинот на кој го објави случајот.
На актерката не и се допадна како „Холивуд Репортер“ го покрива правниот процес меѓу неа и Балдони. Овој таблоид објави фотографија од Лајвли на насловната страница на која се гледа како таа го фрла мобилниот телефон додека околу неа се прикажуваат пеперутки.
„Холивуд репортер треба да се срами. Оваа фотографија е крајно навредлива затоа што се потпира на сексистички стереотипи за жените кои се осмелуваат да пријават недолично однесување на работното место, прикажувајќи ги како агресори и сугерирајќи дека заслужуваат одмазда. Понатаму, написот е крајно проблематичен затоа што се обидува да ги оправда документираните случаи на сексуално вознемирување и одмазди нарекувајќи ги културни недоразбирања“, напиша актерката.
Блејк првично го обвини Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација во жалбата до Одделот за граѓански права во Калифорнија. Во изменетата тужба сега стои дека однесувањето на актерот предизвикало непријатност кај другите жени на филмскиот сет.
Балдони потоа поднесе противтужба против Блејк и Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари. Адвокатите на Блејк ова го нарекоа „уште едно поглавје во книгата на насилникот“, што адвокатот на Балдони го смета за „глупост“.
Забава
Тони Цетински: Мојот официјален профил на Инстаграм беше хакиран

Хрватскиот пејач Тони Цетински вели дека некој му го хакирал профилот на Инстаграм.
„ВАЖНО! Мојот официјален профил на Инстаграм е хакиран и одземен. Правиме се што можеме за да го вратиме“, напиша 55-годишниот пејач предупредувајќи ги своите следбеници.