Забава
„Галеника“-совети за нега на кожата по сончање
Со самото доаѓање на летото почнуваат позитивните вибрации и уживањето во сонцето. Веќе во првите денови на летото, почнуваме да планираме одмор, пребаруваме костими за капење, млеко за сончање за тело, крема за сончање за лице, екстра заштита за сончање со 50+ фактор за децата и се разбира, производи за нега за кожата. Кога сонцето е високо во зенитот и колку повеќе пече, толку е посилна желбата да се вратиме со потемнета здрава кожа.
Но, долготрајната изложеност на кожата на УВ зраците предизвикува боцкање, чешање, затегнатост и црвенила кои може да преминат во изгореници. Во животот сите сме доживеале изгореници и знаеме колку се непријатни, а понекогаш и болни. Всушност, секогаш кога УВ зраците продираат подлабоко во кожата, ја намалуваат нејзината еластичност, влага и предизвикуваат брчки. Ветрот и топлината на плажите создаваат дополнителен стрес за кожата. Дури и кога се користи заштита за сончање со висок заштитен фактор, на челото, носот, брадата, рамената и деколтето им треба дополнителна нега, и тоа производ кој инстант ќе ја ревитализира кожата за следниот ден сончање.
Односно, независно колку вашата кожа успева да се справи со сончевите зраци, за неа негата после сончање е подеднакво важна како и заштитата за сончање. Производите Пантенол на регионалната фармацевтски компанија Галеника, како и маста Јекодерм ја обезбедуваат потребната влажност за кожата и нега што во некои кризни моменти, може да го спаси и одморот.
Сите Пантенол производи и Јекодерм се достапни во сите наши аптеки и се произведени со високо квалитетни состојки кои на кожата и ги обезбедуваат потребните витамини, аминокиселини и ја надоместуваат изгубената влажност неопходни за брза ревитализација. И двата производа може да се нанесуваат после сончање, а не само во случај на изгореници од сончевите зраци.
Галеника во понудата има различни облици на пантенол, како пантенол крем, маст, раствор и најново Пантенол 9% пена.
Пантенол 9% пената благодарение на нејзиниот состав пантенол, алое вера, алантоин и витамин E се препорачува како прва помош за секојдневна нега и хидратација, нега на кожата после сончање и за регенерација на кожата по депилација. Пантенол 9% пена лесно се нанесува на поголеми површини, брзо се впива и не остава траги на кожата.
Добро познатиот и докажан бренд Јекодерм маст е богат со витамин А, витамин Д, омега-3 масните киселини, како и разни есенцијални масни киселини, кои се многу важни за нормалното функционирање на нашето тело и на најголемиот човеков орган – кожата. Маста го убрзува и олеснува процесот на регенерација на иритирана и оштетена кожа, ги обезбедува неопходните хранливи состојки за сува и перутава кожа правејќи ја кожата да изгледа мазно, сјајно и поеластично. Се користи за третман на кожа оштетена од различни надворешни влијанија, како што е и УВ зрачењето, а жените ја користат и за спречување на брчките и нега на зрелата кожа.
Секако, првиот чекор за регенерација и ревитализација на целото тело по сончање е избор на дебела сенката, туширање со млака вода и одмор од најмалку 12 часа пред повторно да излеземе под сончевите зраци. Правилната исхрана е исто така важна за нега на кожата, односно овошјето и зеленчукот, како и течностите обезбедуваат грижа за кожата, но од внатре. Природната и сирова храна богата со витамини, киселини и нутриенти помагаат за регенерација на кожата.
Уживајте во безбедна дружба со сончевите зраци заедно со Пантенол и Јекодерм.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

