Забава
(Видео) Ријана облечена како папа на црвениот килим на „Мет гала“
Многу познати личности флертуваа со овогодишната тема на „Мет гала“ – влијанието на католицизмот врз модата – но никој не беше толку смел како Ријана, која се појави облечена како жена папа што Ватикан никогаш не ја имал.
Таа носеше бел украсен фустан, со корсет, наметка и мини здолниште, со шапка налик на онаа на папата, којашто совршено ѝ прилегаше. Тоа сето беше зачинето со накит со бисери и ѓердан со католички крст.
Шведскиот моден гигант Х&М дизајнираше повеќе креации кои ги носеа неколку познати глумици и топ-модели на годинешната „Мет гала“. На хуманитарната забава што се одржа во „Метрополитен“ музејот во Њујорк, бројни ѕвезди носеа модели од Х&М. Меѓу нив, Оливија Мун, Џесмин Сандерс, Лили Реинхарт, Кирси Клемонс, Алек Век и Лука Сабата.
„Дизајнирањето на овие Х&М-комбинации за овогодишниот ‘Мет гала’ бал беше вистинска чест. Секој модел целосно е кроен по нарачка, со акцент на богатството на детали и современа интерпретација на гламурот на црвениот тепих. Сакавме да постигнеме секој наш претставник да се чувствува безгрижно и неоптоварено“, истакнува Ан Софи Јохансон, креативната советничка во Х&М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.






