Забава
Гвинет Палтроу во лежерно издание

Таа не само што е успешна актерка туку е и претприемач и деловна жена со своја лајфстајл и велнес-компанија „Гуп“.
А во средата Гвинет Палтроу направи пауза од својот напорен ден за да заврши ситни обврски во Беверли Хилс.
За своето попладневно излегување 48-годишната sвезда се реши за лежерен изглед во лабави фармерки и плетен џемпер во крем-боја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Принцезата Кејт: Природата беше мое засолниште во текот на изминатата година

Кејт, британската принцеза од Велс, откри дека природата ѝ била засолниште во текот на изминатата година додека била подложена на превентивна хемотерапија за рак, која има за цел да го спречи рецидивот откако главниот тумор ќе се отстрани од телото.
Во видео објавено на Икс, во кое корисниците ја гледаат со нејзиниот сопруг, престолонаследникот Вилијам, среде британскиот пејзаж, Кејт зборуваше за важноста на природата за неа.
SPRING.
This year’s Mental Health Awareness Week, we are celebrating humanity’s longstanding connection to nature, and its capacity to inspire us and help us to heal and grow in mind, body and spirit.
As we confront the challenges of an increasingly complex and digital world,… pic.twitter.com/lmxzxJUsiO
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 12, 2025
„Во текот на изминатата година, природата беше мое засолниште“, рече таа во видео објавено по повод Неделата на свеста за менталното здравје, главната тема на кампањата на двојката.
„Способноста на природниот свет да нè инспирира, да нè негува и да ни помогне да се лекуваме и да напредуваме е неограничена и е присутна со генерации“, додаде таа.
Пред речиси една година, 43-годишната Кејт драматично објави дека ќе се подложи на хемотерапија откако тестовите по големата абдоминална операција во јануари минатата година покажаа дека има рак, иако видот не беше откриен.
Таа го заврши третманот во септември и претходно оваа година објави дека сега е во ремисија.
Забава
Бразилската убавица конечно го покажа својот син: се породи на 45 години и сите се воодушевени од тоа како изгледа

Жизел Бундхен ја објави првата фотографија од својот син на Инстаграм, а причината е повеќе од емотивна.
Имено, бразилската убавица неодамна го прослави Денот на мајките со своите најблиски пријатели – нејзините деца и партнерот Хоаким Валенте, а семејната атмосфера ја забележаа на фотографија.
Фотографијата ги привлече симпатиите на обожавателите, бидејќи Жизел штотуку ја објави првата фотографија од својот син, кој го доби со својот партнер Јоаким на почетокот на февруари оваа година.
Како што можете да видите, манекенката позираше со своите деца и партнерот, а фотокомпилацијата ја објави на Инстаграм.
Малечкото пристигна како награда и утеха. Бундхен ја загуби мајка си минатата година.
„Тука беше тивко, но сум многу зафатена со реалниот живот. Понекогаш најдобрите моменти не се споделуваат – тие едноставно се живеат. Во последно време, ги прифаќам побавните ритми, вистинските врски, убавината на лекциите што доаѓаат со присуството. На Денот на мајките, особено ми недостига мајка ми, но срцето ми е полно. Патување што ме чини понизна, ме учи и ме исполнува со благодарност секој ден“, напиша Жизел.
Забава
Меган Маркл објави семејна фотографија, предизвика критики кон децата

Меган Маркл (43) објави фотографија на својот Инстаграм профил со своите деца, принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (3), по повод Денот на мајките.
И покрај срдечната порака и семејната атмосфера, некои корисници на социјалните мрежи повторно се фокусираа на теории и критики, коментирајќи го изгледот на децата – особено бојата на нивната коса и должината на нозете на Лилибет.
Меган напиша покрај фотографијата: „Среќен Ден на мајките! За сите нас кои успеваме да избалансираме сè со радост!“
Таа додаде порака до своите деца: „И на овие два бисера – кои сè уште се обидуваат да ја освојат „мајчината планина“, опсипете ме со бакнежи и направете го секој ден најпосебна авантура… да бидам ваша мајка е најголемата привилегија во мојот живот.“ На крајот од објавата, таа напиша: „И јас ве сакам повеќе од сите ѕвезди на небото, сите капки дожд и сите зрна сол на сите помфрити во светот“.
Кратко по објавата, корисниците на социјалните мрежи почнаа да коментираат за промените во изгледот на децата. Тие најмногу дискутираа за бојата на нивната коса. Еден корисник напиша: „Каде е сега црвената коса на Арчи и Лили, Меган Маркл?“ Други додадоа: „Косата ја смени бојата“ и „Косата им е потемна сега“. Еден корисник забележа: „А што е со косата на Арчи? Груба, густа, виткана и црвена… а сега црна и целосно права.“
Освен за косата, тие коментираа и за ногата на Лилибет, тврдејќи дека е невообичаено долга во споредба со претходните фотографии. Еден корисник напиша: „Како Лили порасна за само седум недели?“ Друг додаде: „Треба да почнат да изнајмуваат повеќе деца соодветни на возраста“, алудирајќи на гласините дека Меган и принцот Хари користат други деца за фотографии.