Забава
Гитарата на Ноел Галагер продадена на аукција во Париз за 385.000 евра

Оштетената и реставрирана гитара на Ноел Галагер беше продадена на аукција во парискиот Hôtel Drouot за 385.000 евра.
На аукцијата, одржана во вторникот попладне, на продажба беа ставени беа десетици инструменти, сценски костими и плочи на музичари кои станаа големи ѕвезди.
„А сега најважниот момент на шоуто“, рече аукционерот кога ја најави темата на наддавање – 84 предмети меѓу кои имаше музички инструменти, фотографии, плочи и костими. Аукцијата беше организирана од галеријата Artpèges и компанијата Lemon Auction.
Предмет број 52 беше гитарата на фронтменот на „Оазис“ Ноел Галагер, а која брат му Лиам ја скрши во жестока расправија пред концертот на бендот на 28 август 2009 година.
Гитарата е црвен Gibson модел ES-355, направена во 1960 година, има шупливо тело и два отвори во форма на „ф“.
Ноел Томас Дејвид Галагер е англиски пејач, текстописец и музичар. Тој ги пишуваше песните и беше главен гитарист и еден од вокалите на рок-бендот „Оазис“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Трансродовата актерка Хантер Шафтер: Мојот пасош вели дека сум маж, не знам што да правам

Трансродовата актерка Хантер Шафер, позната по улогата во серијата Euphoria, објави видео на „Тик ток“ во кое се пожали дека нејзиниот нов пасош вели дека е маж.
Таа објасни дека документите за нов пасош ги пополнувала како и обично, идентификувајќи се како жена, но додаде дека никогаш не го сменила изводот на родени и дека постои можност одделот за издавање пасош да ја споредил нејзината апликација со изводот на родени.
Таа рече дека ова е резултат на одредбата што Доналд Трамп ја потпиша на првиот ден кога по втор пат стана претседател на САД. Одредбата вели дека американската влада признава само два пола. Актерката признала дека не очекувала дека тоа навистина ќе се случи, но додала дека не сакала да поттикнува страв или да влијае на луѓето, туку само да ја прикаже моменталната реалност.
„Исто така, сакам да кажам дека баш не ми е грижа што во пасошот ми напишаа дека сум маж. Тоа навистина не менува ништо, но малку го отежнува животот“, рече таа и додаде дека „трансродовите луѓе се прекрасни“.
„Никогаш нема да престанам да бидам трансродова. Буквите во мојот пасош не можат да го смени тоа. Навистина не знам што да правам во врска со ова, но чувствувам дека беше важно да го споделам“, рече таа во видеото кое почна да се споделува на социјалните мрежи.
Забава
Никол Кидман го откри комплиментот што мрази да го слуша

Никол Кидман во едно од нејзините нови интервјуа откри дека мрази да ја нарекуваат „супержена“.
Тaa верува дека не го отелотворува тој поим. Таа за магазинот „Тајм“ изјави дека се заморува како и сите други и се опиша себеси како некој кој секогаш се труди да ги задоволи другите, понекогаш премногу.
Затоа таа верува дека таквите комплименти, како и пофалбите како „храбри“ и „силни“, не земаат предвид колку труд, енергија и време всушност вложува човекот.
„Тие ја игнорираат цената на успехот“, нагласи таа.
Нејзината последна улога е во филмот „Бејбигрл“, кој привлече големо внимание.
Забава
Се зборува дека Ирина Шајк има ново момче, тие веќе еднаш беа заедно

Супермоделот Ирина Шајк и познатиот освојувач на „Супер Боул“, Том Брејди, наводно се повторно заедно, дознава „Пејџ Сикс“.
Изворите тврдат дека тие се зближиле по повеќе од една година по завршувањето на нивната кратка романса.
„Том и Ирина повторно почнаа да се забавуваат“, открил изворот.
Пензионираната НФЛ ѕвезда и руската манекенка раскинаа во октомври 2023 година, по помалку од четири месеци врска. Друг извор претходно слушнал дека планираат заедничко патување.
„Разговараат на телефон. Ниту еден од нив моментално не е во сериозна врска, па зошто да не одат на патување заедно? додаде изворот.
Шајк претходно беше во четиригодишна врска со Бредли Купер до 2019 година. Со него има и ќерка, седумгодишната Леа Де Сејн.
Брејди е сингл откако тој и познатата манекенка Жизел Бундхен го финализираа нивниот развод во октомври 2022 година, по 13 години брак.