Забава
Гледај Европско на најголемиот ЛЕД-екран пред Ист гејт мол
Со новата 2022, започна листањето на нови резолуции за новогодишни желби, шопинг-листи и планови, а со почетокот на истата, започна и финалното одбројување до долгоочекуваното Европско првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022).
Од 13 до 17 јануари 2022 година, на најголемиот ЛЕД екран пред Ист гејт мол во Скопје, секој фан и љубител на спортот и ракометот, ќе има единствена можност да навива за македонската репрезентација во еуфорична зимска и пријатна атмосфера.

Овие денови, покрај можноста за безбеден и комфорен шопинг и искусување на јануарските содржини на шопинг центарот низ пространите коридори на 5 нивоа, спортските фанови со своите семејства и пријатели, покрај уникатната глетка на најголемиот ЛЕД екран пред најголемиот мол од европски ранг во регионот, додека ги бодрат македонските ракометари, ќе уживаат и во специјални топли и вкусни закуски и многу други изненадувања, кои што ќе ја комплетираат спортско-зимската атмосфера пред Ист Гејт Мол.
Македонија е во Група А, каде нашите репрезентативци ќе си ги измерат силите со екипите на Данска, Словенија и Црна Гора, а нивниот прв натпревар, Словенија – Македонија, ќе се одигра денес, 13.01.2022 (четврток), со почеток во 18:00 часот. Најверните фанови ќе бидат подготвени да ги бодрат македонските репрезентативци како никогаш досега и да го покажат навивачкиот дух во спортската фан зона пред Ист Гејт Мол.
Вториот натпревар се очекува на 15.1.2022 (сабота), исто со почеток во 18:00 часот, а третиот на 17.01.2022 (понеделник) во 20:30 часот.
Првиот месец од годината е исполнет со богата програма за сите посетители во Ист гејт мол, каде што навивањето за македонските ракометари е само мал дел од активностите коишто претстојат.
Од 13 – 30.01.2022, сите спортски ентузијасти ќе имаат можност да се вклучат во „Дај гол и добиј попуст“, и да бидат дел од забавната активност како дел од зимските спортски активности во организација на Спорт вижн и Интерспорт во Ист гејт мол, а во истиот период посетителите на најголемиот шопинг центар ќе уживаат и во програмата во живо на Спортско Радио.
На 22.01.2022 (сабота) претстои акустичен концерт во живо, „Звуците на Полифонија“, кога зимскиот шопинг во Ист гејт мол ќе биде разигран со магијата на музиката.
Најмладите палавковци и посетители, ќе имаат можност да уживаат со своите родители и семејства во „Викенд на бајките“, – претстава со најубавите бајки за деца од Театар за деца и младинци, која што ќе внесе нови светови и авантури во Ист гејт мол. Претставите ќе се оддржат на 22.1.2022 (сабота), како и на 30.1.2022 (недела).
За малите љубители на безбројните креации од коцки, од 28. – 30.01.2022, им се овозможува шанса за забава и покажување на натпреварувачкиот дух и креативност на претстојниот „Лего натпревар“ со коцки.
А за јануарската атмосфера во Ист гејт мол да биде комплетна и исполнета со забава, се најавува и спектакуларен настап и музички перформанс на омилените „Дајте музика“.
Деталите за пријавување во Лего натпреварот, како и сите дополнителни информации за сите јануарски настани во Ист гејт мол, ќе бидат дополнително откриени во претстојните денови.
Во месец јануари Ист гејт мол е отворен за посетителите секој ден од 10 до 22 часот, а во недела продавниците се отворени до 20 часот, а рестораните и баровите до 22 часот.
Во месец јануари, почни со шопинг, забава и уживање. Почни со Ист гејт мол.
Ти си центар.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

