Забава
Даниел Крег не обрнува внимание на гласините за новиот Џејмс Бонд
За разлика од својот титуларен лик Џејмс Бонд, Даниел Крег не е во тек со сè што веројатно би сакал да знае.
Актерот со најдолг стаж од 15 години како 007 не е во чекор со многуте шпекулации за тоа кој ќе биде следниот 007.
На специјалната проекција на „Нож в грб 2“ и поткастот Happy Sad Confused во Њујорк, Крег (54) призна дека не се клади кој ќе го глуми Бонд.
Во текот на разговорот со водителот Џош Хоровиц, Крег, кој го портретираше Бонд во пет филмови меѓу 2006 и 2021, рече: „Навистина не обрнувам внимание. Не сурфам на интернет, немам профил на социјалните мрежи“.
Откако Хоровиц и Крег се пошегуваа дека сега-веќе-поранешниот Бонд е всушност масивен на Тик-ток“, Крег призна дека тоа е тоа кога станува збор за иднината на култниот серијал кој продолжува без него.
Иако актерот (54) повеќе нема да го глуми култниот лик, тој рече дека ќе биде во првиот ред во киносалата кога ќе треба да го гледа новиот актер во чевлите на Бонд.
Крег петти и последен пат се појавува како 007 во No Time To Die („Не е време за умирање“). Тој го надмина рекордот на починатиот сер Роџер Мур како најдолговечен Бонд, со најдолг стаж од 15 години во смокингот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Наука
Кометата која милиони години патувала до Земјата ќе биде видлива со голо око во октомври
Kометата Ц/2023 А3, позната како Цушиншан-АТЛАС, ќе се појави на небото следниот месец. Новооткриената комета поминува покрај Земјата и луѓето во јужната хемисфера веќе имаат можност да видат комета која патувала милиони години за да стигне до нас.
Таа би можела да биде светла како Венера, со што би била една од најсветлите комети во северната полутопка во последните 100 години.
„Изгледите се одлични дека ќе имаме визуелно импресивен вечерен приказ во средината на октомври. Доколку времето дозволува, кометата ќе биде видлива во целата северна полутопка. Дури и градските светла нема да ја придушат“, изјави Шјиченг Џанг од опсерваторијата „Лоуел“ во Аризона.
Кометата првпат била забележана од кинеските астрономи во јануари лани и ова ќе биде првпат луѓето да ја видат.
„Кометите како Ц/2023 А3 се големи правливи ледени топки и кога ќе почнат да се приближуваат до сонцето, тие се загреваат и испуштаат гасови и прашина и така се создава она што изгледа како опашка на кометата“, кажа Пол Дилејни, почесен професор по физика и астрономија на универзитетот Јорк во Торонто.
Забава
Сите дадилки што Џенифер Лопез ги ангажирала за своите деца си заминале за седум дена: причината е прилично бизарна
Познатата Џенифер Лопез ги има близнаците Максимилијан и Ема со својот поранешен сопруг, пејачот Марк Ентони.
Како што еднаш и самата призна, на почетокот имала големи проблеми да најде дадилка за своите деца.
„Не можете да замислите како е да се биде мајка додека не станеш мајка. Постојано им давав совети на пријателите што имаат деца, а тие ме гледаа како да имам три глави. А потоа, кога ги добив двајцата, буквално им се извинив на сите мои пријатели“, изјавила тогаш таа, пренесува Yourtango.
Како што еднаш рекол извор близок до Лопез, првата дадилка што таа и Марк ја ангажирале дала отказ по една недела.
„Обично луѓето што заработуваат огромни суми пари и имаат многу професионални и социјални обврски ангажираат дадилка за секое дете, особено за новороденчиња. Но, како Џенифер да очекувала дека дадилката не само што треба да се грижи за близнаците туку и да работи 16 часа, седум дена во неделата“, рекол извор за „Тудеј“, пренесува споменатиот медиум.
Меѓутоа, тоа се случило и со другата дадилка.
„Тие најмија друга дадилка, која беше прекрасна со близнаците, но таа не можеше да работи толку многу часови без пауза. По отказот на дадилката, парот почна очајно да бара трета дадилка“, додал тогаш изворот.
Самата Џенифер пред неколку години истакна дека нејзината работа многу влијае на времето што го поминува со своите деца.
„Мојот син неодамна ми рече: Мамо, би сакал да имам пикник со тебе оваа недела бидејќи знам дека си работелa напорно. Беше со мене во Њујорк, но сепак ми рече: Би сакал да закажам пикник за следниот петок бидејќи ни треба повеќе квалитетно време. Јас му одговорив: Во ред, душо“, истакна таа, пренесува Yourtango.
Забава
Најпознатото бебе на интернет стана полнолетно
Сами Гринер, познат како „успешното дете“ (Success Kid), го прослави својот 18. роденден.
Неговата мајка на „Инстаграм“ покажа како денес изгледа момчето од познатото меме.
„Моето мало момче наполни 18 години. Среќен роденден, Сем“, напиша мама Лејни Гринер.
View this post on Instagram
На мемето е прикажано бебе како стиска грст песок. Фотографијата е направена во 2007 година. Семи имал само 11 месеци кога неговите родители го фотографирале додека се обидувал да јаде песок. Мајка му ја објави фотографијата на интернет за да ја видат нејзините пријатели и семејството, но таа стана интернет-сензација и меме.
Фотографијата стана толку популарна што Си-ен-ен го нарече Семи Гринер „веројатно, најпознатото бебе на интернет“. Освен за популарна употреба на социјалните мрежи, фотографијата се користи и за комерцијална употреба.
Во 2012 година, Џастин и Лејни Гринер, родителите на Семи, зборуваа на конференција поврзана со ROFLCon за предизвиците на воспитувањето на детето додека го штитат брендот. Тие беа критикувани дека го искористиле својот син, на што Лејни одговорила дека немала контрола дали мемето ќе се шири.
Во средината на 2015 година семејството Гринер ја искористи фотографијата за да ја промовира кампањата GoFundMe за да собере пари за да плати за трансплантација на бубрег на татко му. Иако Лејни првично се двоумеше дали да ја поврзе кампањата со мемето, на крајот се одлучи да го направи тоа и за неколку дена беа собрани 83.000 долари. Така настана мемето „Станав меме, па го спасив тато“.