Контакт

Забава

Девојката на Бензема премина во ислам пред да оди во Саудиска Арабија

Објавено пред

Карим Бензема (35), новиот член на саудискиот фудбалски клуб „Ал Итихад“, е среќен што ќе живее во Саудиска Арабија. „Јас сум муслиман, Саудиска Арабија е муслиманска земја и затоа сакам да живеам таму. Убаво е да се биде во муслиманска земја, каде што веќе чувствувам дека луѓето ме сакаат,“ изјави фудбалерот по пристигнувањето.

dobivaj vesti na viber

Со него се пресели и неговата девојка Џордан Озуна, Американка, која, поради фудбалерот, го прифати исламот. „Прејдов во ислам. Тоа беше овде во џамија во Мадрид, мала и интимна церемонија. Плачев како мало девојче“, изјави таа за шпанскиот магазин Yo Dona.

„Истражував за оваа религија и мислам дека е прекрасна. Бев трогната од сè што прочитав за неа. За време на рамазан го читав Куранот и ме расплака. Ја читав и ‘Светиот пат кон исламот’ – за христијанин што преминува во ислам, како мене. Навистина скапоцена книга“, додаде таа.

За љубовта на Карим и Џордан се дозна минатата година кога на почетокот на јули беа видени заедно на јахта. Двојката се запознала во Лион, а како што тврди Џордан, таа тогаш не ни знаела дека Карим е еден од најдобрите светски фудбалери.

„Кога го запознав Карим, не ни знаев кој е. Јас сум Американка, не знам многу за фудбалот“, откри таа во една пригода.

Инаку, 32-годишната Џордан е успешна манекенка, која се занимава со манекенство од мала, а извесен период работела и како келнерка во Hooters.

Забава

Кејт Винслет откри дека снимањето на нејзиниот бакнеж со Леонардо ди Каприо во „Титаник“ било „кошмар“

Објавено пред

Кејт Винслет за време на интервјуто за Vanity Fair откри дека снимањето на една од најромантичните сцени во „Титаник“ не било ни приближно толку романтично во реалноста. Станува збор за сцената каде Роуз и Џек стојат заедно и гледаат како заоѓа сонцето на хоризонтот.

dobivaj vesti na viber

Младите вљубени првпат ги испреплетуваат рацете и се бакнуваат. Иако за многу љубители на романтичните драми ова е еден од најубавите моменти во историјата на филмот, Винслет изјави дека Ди Каприо не можел да биде сериозен за време на снимањето на сцената, а наишле на некои други пречки.

„Снимањето на таа сцена беше кошмар бидејќи Лео не можеше да престане да се смее, па моравме да ја повториме сцената четири пати. Џим бараше многу специфично осветлување за оваа сцена, а зајдисонцата постојано се менуваа таму каде што бевме“, објасни Винслет.

Прикажи повеќе...

Забава

Дневен хороскоп за недела

Објавено пред

Проверете што ви носи дневниот хороскоп за 16 јуни.

Овен

Овни, ќе бидете многу продуктивни и успешни во остварувањето на целите. Искористете го овој ден за да завршите важни проекти. Денеска ќе бидете полни со енергија и ентузијазам, што позитивно ќе се одрази на вашиот однос со партнерот. Слободните Овни може да очекуваат интересна средба. Одлично се чувствувате, но не ја игнорирајте потребата за одмор. Кратка прошетка на свеж воздух може да ви помогне да се опуштите.

dobivaj vesti na viber

Бик

Бикови, посветете се на долгорочните планови и бидете трпеливи. Вашата упорност ќе се исплати. Стабилноста и безбедноста ви се најважни денес. Уживајте во мирен ден со вашата сакана личност. Слободни Бикови бидете отворени за нови луѓе. Внимавајте на исхраната. Избегнувајте тешка храна и алкохол.

Близнаци

Близнаци, денеска сте креативни и полни со нови идеи. Искористете ја вашата енергија за да го подобрите вашиот бизнис. Комуникацијата е клучна. Отворено разговарајте со саканата личност за какви било проблеми. Слободни Близнаци, не плашете се да започнете разговор со некој што ви се допаѓа. Обидете се да се опуштите и да избегнувате стресни ситуации. Медитацијата може да ви помогне.

Рак

Ракови, фокусирајте се на тимска работа и соработка. Вашата емпатија ќе биде клучна за успехот. Емоциите ви се интензивни денес. Споделете ги вашите чувства со псаканата личност. Слободни Ракови, внимавајте на своето срце. Грижете се за вашето ментално здравје. Направете пауза и поминувајте повеќе време во природа.

Лав

Лавови, вашата амбиција и решителност ќе ви донесат успех. Не плашете се да преземете иницијатива. Денеска ќе бидете во центарот на вниманието. Искористете го својот шарм за да ја освоите саканата личност. Слободни Лавови, вечерта е идеална за излегување и запознавање нови луѓе. Се чувствувате силни и енергични. Редовната физичка активност дополнително ќе го подобри вашето расположение.

Девица

Девици, денеска е одличен ден за организација и планирање. Вашето внимание на деталите ќе биде ценето. Ги анализирате емоциите и размислувате за иднината. Споделете ги вашите размислувања со вашата сакана личност. Слободни Девици, бидете отворени за нови можности. Внимавајте на вашето здравје и избегнувајте прекумерни напори. Одморот е клучен.

Вага

Ваги, фокусирајте се на соработка и тимска работа. Добро ќе ви дојде дипломатскиот карактер. Денеска ви се најважни хармонијата и рамнотежата. Поминете квалитетно време со вашата сакана личност. Слободна Вага, ве очекува интересно познанство. Се чувствувате добро, но не заборавајте на редовните здравствени прегледи.

Скорпија

Скорпии, вашата решителност и фокусираност ќе ви донесат успех. Не се откажувајте од вашите цели. Страсни сте и интензивни. Споделете ги вашите најдлабоки емоции со вашата сакана личност. Слободни Скорпии, бидете храбри и преземете иницијатива. Се чувствувате силни, но не заборавајте на важноста на емоционалната рамнотежа.

Стрелец

Стрелци, денеска е одличен ден за учење и истражување на нови идеи. Вашата љубопитност ќе ви донесе нови можности. Слободата и авантурата ви се најважни денес. Планирајте нешто возбудливо со саканата личност. Слободни Стрелци, бидете отворени за нови можности. Внимавајте на вашето здравје и избегнувајте прекумерни напори. Одморот е клучен.

Јарец

Јарци, фокусирајте се на долгорочните цели и бидете трпеливи. Вашата упорност ќе се исплати. Посветете се на стабилност и сигурност во вашата врска. Саканата личност ќе ја цени вашата посветеност. Слободни Јарци, бидете трпеливи и отворени за нови луѓе. Внимавајте на исхраната. Избегнувајте тешка храна и алкохол.

Водолија

Водолии, фокусирајте се на иновациите и новите идеи. Вашата креативност ќе биде ценета. Денеска сте полни со изненадувања и оригинални идеи. Изненадете ја саканата личност со нешто посебно. Слободни Водолии, ве очекува интересно познанство. Одлично се чувствувате, но не ја игнорирајте потребата за одмор. Кратка прошетка на свеж воздух може да ви помогне да се опуштите.

Риби

Риби, денеска фокусирајте се на креативни проекти и соработка. Вашата имагинација ќе биде од голема корист. Емотивни сте и интуитивни на љубовно поле. Споделете ги вашите чувства со саканата личност. Слободни Риби, бидете отворени за нови можности. Внимавајте на вашето ментално здравје. Направете пауза и поминувајте повеќе време во природа.

Прикажи повеќе...

Забава

Принцезата Кејт Мидлтон во бело излезе пред јавноста прв пат по шест месеци од дијагностицираниот рак (ВИДЕО)

Објавено пред

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, денеска го направи своето прво јавно појавување годинава на „Trooping the Colour“, во чест на роденденот на кралот Чарлс Трети. Се појави во бел фустан на Џени Пекам, со црни детали околу вратот и половината. Нејзиното последно појавување во јавноста како член на британското кралско семејство беше на Божиќ минатата година.

dobivaj vesti na viber

Во петокот, принцезата се огласи на социјалните мрежи за да го објави своето бавно враќање во јавноста. Во изјавата таа изрази благодарност за поддршката што ја доби и даде нови информации за своето здравје.

Откако се приклучи на кралското семејство кога се омажи за принцот Вилијам во април 2011 година, Кејт Мидлтон секоја година присуствуваше на „Trooping the Color“ заедно со други истакнати членови на британското кралско семејство. Со текот на времето, Кејт ги постави стандардите кога станува збор за пристапот до кралскиот стил на облекување, дозволувајќи ѝ на јавноста да биде сведок на стилската еволуција на Кејт низ годините.

Принцезата се појавуваше во светли бои, брокат принтови и секогаш со фасцинантни шешири.

Кога првпат се појави, во 2011 година, исто така, носеше бела комбинација, мантил-фустан со копчиња.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија4 часа

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа5 часа

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...

Регион6 часа

Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите...

Свет7 часа

Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски...

Свет7 часа

Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските...

Македонија7 часа

Македонски концепт од Украина: Куќата на Крсте Петков-Мисирков ќе добие нова меморијална плоча на македонски јазик со македонско знаме

Делегација на политичката партија Македонски концепт, предводена од претседателот на партијата Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски-Викиус, остварија средба со...

Македонија7 часа

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор...

Македонија8 часа

Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х....

Македонија11 часа

Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување

Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада,...

Македонија23 часа

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...

Свет24 часа

„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг

Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето,...

Македонија1 ден

ОЈО за двојното убиство: Сопругот ја тепал, па зела нож и ги убила него и свекорот

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила...

Топ1 ден

Детали за двојното убиство во Кратово: со години пријавувале семејно насилство и убиените сопруг и свекор и 36-годишната осомничена

Пријави за семејно насилство му претходеле на двојното убиство во Кратово.  За неколку години имало неколку пријави и од 36-годишната...

Спорт1 ден

Почина голманот на Црна Гора, му се слошило утрово во Будва каде што бил на одмор

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше...

Европа1 ден

Еден убиен и еден повреден во пукање во маркет во Грција

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесенo во...

Македонија2 дена

Земјотрес вечерва почуствуван во подрачјето Штип-Радовиш

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип...

Македонија2 дена

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија2 дена

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија2 дена

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...