Забава
Деми Мур го прошета своето милениче низ музејот „Лувр“
Деми Мур го донесе своето куче во познатиот музеј „Лувр“ во Франција и покрај строгите правила, кои забрануваат животни.
Таа на својот инстаграм-профил сподели фотографии од посетата.
На една од нив Мур (59) го држи Пилаф во рацете пред бесценетата слика „Мона Лиза“, што ги поттикна фановите да се запрашаат како актерката воопшто успеала да го внесе.


На веб-страницата на „Лувр“ конкретно е наведено дека на сите животни – со исклучок на кучиња водичи – им е забранет влез во музејот.
„Сите животни, со исклучок на кучиња водичи или кучиња што придружуваат лица со моторни или ментални нарушувања“, стои на веб-страницата во делот со наслов „Забранети предмети“.
Ниту една друга личност не се гледа на фотографиите, што сугерира дека Деми била на приватна обиколка на музејот.
„Како е дозволено ова?“, коментира еден корисник на „Инстаграм“.
„Жално е кога познатите личности ја злоупотребуваат својата слава и ги носат своите миленици на места каде што ние обичните луѓе не можеме. ‘Лувр’ има политика ‘без миленичиња’, со исклучок за животни помагачи. Деми Мур, треба ова да го знаеш!“

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

