Забава
Денес е петок 13: Еве ги причините зошто е несреќен ден
Милиони луѓе ширум светот се плашат секој петок 13. Поради тоа, се откажуваат патувања, состаноци и други обврски. Но, кога и зошто почнавме да се плашиме од обичен ден?
Фобијата од петок 13, исто така, има официјално име трискадекафобија или страв од бројот 13, и параскевидекатриафобија или стравот од петок 13.
Во САД, меѓу 17 и 22 милиони луѓе се плашат од петок 13. Секој петок 13 во светот на бизнисот има загуба од околу 900 милиони долари, според Центарот за контрола на стрес и фобија во Северна Каролина (САД). Имено, многу претприемачи се плашат да летаат на тој ден и да договараат работа и тоа е главната причина за загубите.
Невозможно е една година да нема барем еден петок 13. Просечниот интервал помеѓу два такви петоци е 212 дена. Сепак, можно е да поминат 12 месеци без петок 13. Всушност, најдолгиот таков период траел 14 месеци – од 13 јули 2012 година до 13 септември 2013 година.
Повеќето облакодери во светот немаат 13. кат. Обично се нарекува ’12А’ или гостите едноставно немаат пристап до него. Многу хотели и болници немаат соба со број 13.
Хорор-серијалот Friday the 13th има 12 продолженија. Филмската сага „Петок 13“ се состои од 12 филмови, при што последниот е римејк на првиот. Можеби самите автори на франшизата се плашеле од 13. продолжение.
Познати личности родени на петок 13. На „кобниот петок 13 се родија близначките Мери Кејт и Ешли Олсен, Џули Луис Драјфус, Стив Бушеми, Кристофер Пламер, Кет Денингс … На тој ден во август 1899 година, се роди познатиот режисер Алфред Хичкок. Да успееше да наполни 100 години, на петок 13 ќе го прославеше својот 100. роденден.

Некои веруваат дека почетокот на суеверието во бројот 13 започнало во нордискиот мит за 12-те богови што вечерале во Валхала. Како 13. гостин се појавил Локи, кој го организирал убиство на богот на радоста. Дури и денес некои француски ресторани ја нудат услугата на 14. професионален гостин. Имено, ако сте 13 луѓе и сте суеверни, ресторанот со задоволство ќе ангажира уште еден човек за да ви прави друштво.
Истражување ги потврдува стравовите – Една студија објавена во British Medical Journal покажа дека во петок на 13 имало 52% повеќе сообраќајни несреќи отколку во другите петоци. Шведските научници исто така открија дека тој ден во земјата секогаш се случува натпросечен број инциденти, пишува британски „Телеграф“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

