Забава
Денис Квејд и Лора Савои стапија во брак
Денис Квејд и Лора Савој буквално побегнаа во Санта Барбара и се венчаа во ресорт покарј море во присуство на нивниот пастор како сведок, објави „Пипл“.
66-годишниот актер го врзал јазолот со Лора (27) на 2 јуни.
Според магазинот „Пипл“, вљубените имале само еден сведок – нивниот пастор.
Актерот, кој претходно бил во брак три пати, рече: „Љубовта едноставно има начин да ве изненади“.
Минатата година, кога таблоидите коментираа за неговата врска со 39 години помладата Лора, холивудскиот актер се бранеше „Не можете тоа да го контролирате.“
Парот планираше да го врзе јазолот со венчавка на Хаваите во април, проследено со втор прием во Нешвил за нивните пријатели и семејство – но мораше да ги одложи поради пандемијата на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Џиџи Хадид и Бредли Купер конечно снимени заедно, на натпревар
Актерот Бредли Купер (50) и манекенката Џиџи Хадид (29) се фотографирани на НФЛ натпревар помеѓу Лос Анџелес Рамс и Филаделфија Иглс.
@myboybraids Eagles Football 🏈#philadelphiaeagles #fyp #bradleycooper #gigihadid ♬ original sound – BillyBadAss
На „Тик ток“ се појави видео од натпреварот. Некој од публиката го снимил парот како ентузијастички навива од горната ложа на трибините. Џиџи плескаше, а Бредли викаше и мавташе со рацете.
Забава
Никол Шерцингер позираше во бикини и ја покажа својата завидна фигура
Никол Шерцингер отпатува на Хаваи.
46-годишната пејачка на Инстаграм сподели неколку фотографии од плажа, каде позира во црни бикини, во комбинација со парео со дезен. Таа напиша емотивна порака во описот на објавата.
„Нема ништо помоќно од љубовта, поврзаноста и благодарноста. Благодарна сум што успеав да ја направам мојата прва пауза од Бродвеј за да ги наполнам батериите“, напишала Никол, која е родена на Хаваи.
Забава
Меланија Трамп на инаугурацијата носеше дизајнерско палто од 4.000 евра
Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави во интересна облека која привлече внимание.
Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темно сино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липес. Цената на капутот, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра.
Меланија го комплетираше изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темно сини велур потпетици, кои одговараа со палтото на нејзиниот сопруг.
Првата дама ги поддржа американските дизајнери со нејзиниот моден избор за инаугурацијата, додека за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен, оддавајќи почит на Џеки Кенеди.