Забава
„Дивље јагоде“ со новиот албум Jukebox на медиумска промоција во Скопје
Регионалната промоција на новиот албум на „Дивље јагоде“, Jukebox, нема да го заобиколи Скопје. Имено, основачот на „Јагоде“, Зеле Липовача, во Скопје пристигнува в среда, на 26 февруари, и истиот ден од 13 часот ќе се дружи со новинарите, пријателите и фановите во новоотворениот Avalon Music & Ticket Store.
Можност за добра музика, автограм и фотографирање со еден од најважните автори и гитаристи на музичката сцена од Вардар до Триглав, човекот кој ги напиша: „Криво је море“, „Ледина моја“, „Не желиш крај“, „Аутостоп“, „Мотори “, „Шејла“, „Заувек твој“, „Марија“…
„Сè што сонував како момче и тоа што требаше да биде неисполнета бајка стана реалност. Значи, чуда се можни! По 40 и кусур години, албумот Jukebox не е големо, но тој е секако мало чудо” – вели основачот, автор на песните и гитарист на „Дивље јагоде“, Зела Липовача, по повод новиот албум.

По четири синглови и речиси две години чесна работа, новиот студиски албум на „Дивље јагоде“ со наслов Jukebox, во издание на Croatia Records е конечно тука!
Овој пат Jukebox е симбол на нивните почетоци, минливоста на времето, но и порака дека никогаш нема да ги заборават своите стари хитови и членови. Концептот на овој албум е значително различен од сите претходни, а идејата за ваков проект потекнува од лојалните фанови на бендот. Сходно на тоа, на албумот „Дивље јагоде“ им беа домаќини поранешните членови: Тони Јанковиќ, Младен Војичиќ Тифа, Санин Кариќ, Жанил Татај Жак, Ненад Бориќ и Един Шеховиќ Шеха, кои заедно со „Дивље јагоде“ слават 40 години постоење на овој неверојатен состав.
Со овој албум, пејачот Тони Јанковиќ станува полноправен член на групата, а тој всушност е дел и од насловната песна Jukebox. Музиката и аранжманот ги потпишува основачот и гитарист на „Дивље јагоде“, Зеле Липовача, а текстот го пишуваше хитмејкерот Ненад Нинчевиќ.
Новиот студиски албум е спој на песни што ги донесоа рок-генерации, од оние што често ги изведуваат на концерти, до оние што батаат многу повеќе внимание. „Улица на лошем гласу“, „Због тебе драга“, „Сама си“, „Заувек твој“, „Сарајево, ти и ја“, „Немам ништа против“ и „Звијезда севера“ пристигнуваат во сосема нови аранжмани и носат звук што вели дека „Дивље јагоде“ и понатаму се во чекор со времето денес. Покрај насловната песна Jukebox, и споменативе римејци, албумот вклучува и сосема нови песни, „Виртуелни свет“, „Знамо да је крај“, „Дуг је пут“, и инструменталната преработка на композицијата на Бетовен – „За Елиза“.
Во песната „Дуг је пут“, на бендот му и се придружи и планетарно популарен рапер Стока.
Со новиот албум, објавен е видеоспот за песната Jukebox, во кој „Јагоде“ евоцираат стари спомени и се присетуваат на повеќе од 40 години успешна кариера. Тие спотот му го посветија на Мустафа Исмаиловски – Муц, клавијатурист во оригиналната постава, но и на публиката која им беше верна во сите овие години.
Главната актерка на видеото, Анѓела Попиќ, е претставник на младата генерација која го избира бројот 40 на Jukebox, а потоа и се придружува Тони Јанковиќ и ја раскажува приказната за 40 години на еден од најголемите бендови во ovoj регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

