Забава
Инсталација со бели знамиња на иранските споменици, кои Трамп се закани дека ќе ги уништи

Новата 2020 година почна со отворен политички и вооружен конфликт меѓу САД и Иран. По убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, Иран вети дека ќе се одмазди и го стори тоа преку вчерашните напади на американски воени бази во Ирак.
На 4 јануари годинава американскиот претседател, Доналд Трамп, преку твит се закани дека за легитимна цел ќе ги смета 52 ирански културно-историски споменици.
….targeted 52 Iranian sites (representing the 52 American hostages taken by Iran many years ago), some at a very high level & important to Iran & the Iranian culture, and those targets, and Iran itself, WILL BE HIT VERY FAST AND VERY HARD. The USA wants no more threats!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 4, 2020
Kако одговор на овој твит, архитектот Мохамед Хасан изработи проект, преку кој, како што вели, пропагира мир. Концептуалниот проект, кој го следи типичниот стил на Хасан, се состои од фотомонтажи, на кои се поставени бели знамиња на иранските локалитети, кои се прогласени за светско историско наследство според листата на УНЕСКО.
На овој начин архитектот ја истакнува важноста на овие грандиозни и незаменливи згради и пејзажи.
Меѓу локалитетите опфатени со овој проект на Хасан е и сината џамија во Табриз, а како што вели тој, концептот има цел да го промовира мирот и да го истакне значењето на овие локалитети не само за Иран туку и заедничката човечка историја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џеј Ло настапи во Абу Даби во леопард комбинезон, снимката има 16 милиони прегледи

Џенифер Лопез одржа два големи концерти во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а клип од настапот што го сподели на Инстаграм и ТикТок собра повеќе од 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
Џеј Ло веќе некое време немаше настапи, но неодамна направи исклучок со настапот во Дубаи на отворањето на луксузен хотел. Потоа следеа два распродадени концерти во Абу Даби, а снимките од тие настапи брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Забава
Блејк Лајвли за насловната страница на „Холивуд Репортер“: Срамна и сексистичка

Блејк Лајвли, кој е во правен спор со Џастин Балдони поради наводите за сексуално вознемирување на снимањето на филмот It Ends With Us, остро го критикуваше таблоидот „Холивуд Репортер“ за начинот на кој го објави случајот.
На актерката не и се допадна како „Холивуд Репортер“ го покрива правниот процес меѓу неа и Балдони. Овој таблоид објави фотографија од Лајвли на насловната страница на која се гледа како таа го фрла мобилниот телефон додека околу неа се прикажуваат пеперутки.
„Холивуд репортер треба да се срами. Оваа фотографија е крајно навредлива затоа што се потпира на сексистички стереотипи за жените кои се осмелуваат да пријават недолично однесување на работното место, прикажувајќи ги како агресори и сугерирајќи дека заслужуваат одмазда. Понатаму, написот е крајно проблематичен затоа што се обидува да ги оправда документираните случаи на сексуално вознемирување и одмазди нарекувајќи ги културни недоразбирања“, напиша актерката.
Блејк првично го обвини Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација во жалбата до Одделот за граѓански права во Калифорнија. Во изменетата тужба сега стои дека однесувањето на актерот предизвикало непријатност кај другите жени на филмскиот сет.
Балдони потоа поднесе противтужба против Блејк и Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари. Адвокатите на Блејк ова го нарекоа „уште едно поглавје во книгата на насилникот“, што адвокатот на Балдони го смета за „глупост“.
Забава
Тони Цетински: Мојот официјален профил на Инстаграм беше хакиран

Хрватскиот пејач Тони Цетински вели дека некој му го хакирал профилот на Инстаграм.
„ВАЖНО! Мојот официјален профил на Инстаграм е хакиран и одземен. Правиме се што можеме за да го вратиме“, напиша 55-годишниот пејач предупредувајќи ги своите следбеници.