Забава
Директно од вечера ја одвел сопругата на егзотично патување без таа да дознае каде
Кога на некого му подаруваме патување, обично тоа не може да се скрие, но на еден човек ова му пошло од рака.
Решителниот Британец, Стив Милар успеал да го скрие изненадувањето што го подготвил за неговата сопруга, Никол, се додека не стигнале до крајната дестинација – Грција!
За време на летот, дури и пилотот на авионот молчел.
Педесет и тригодишниот Стив ја одвел својата сопруга на вечера, а потоа и кажал дека ќе одат на патување поради кое ќе бидат отсутни неколку дена.
Сепак во текот на патувањето, таа не знаела каде одат – авионските карти биле кај нејзиниот сопруг, на аеродромот седела со затворени очи, а кога зборувал разгласот, Стив и ги покривал ушите.
Покрај тоа, за романтичниот план дознале и од компанијата „Изи џет“, па така и пилотот при обраќањето до патниците ја премолчел дестинацијата.
Речиси 2.000 километри подоцна тие слетале на Крф и Никол сфатила каде е.
Стив, инаку пекар по преофесија, цело време бил загрижен дали планот ќе успее до крај, а кога конечно пристигнале на Крф имал можност да се опушти и да ужива во викендот со сопругата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

