Забава
Дневен хороскоп за недела
Проверете што ви носи дневниот хороскоп за 16 јуни.
Овен
Овни, ќе бидете многу продуктивни и успешни во остварувањето на целите. Искористете го овој ден за да завршите важни проекти. Денеска ќе бидете полни со енергија и ентузијазам, што позитивно ќе се одрази на вашиот однос со партнерот. Слободните Овни може да очекуваат интересна средба. Одлично се чувствувате, но не ја игнорирајте потребата за одмор. Кратка прошетка на свеж воздух може да ви помогне да се опуштите.
Бик
Бикови, посветете се на долгорочните планови и бидете трпеливи. Вашата упорност ќе се исплати. Стабилноста и безбедноста ви се најважни денес. Уживајте во мирен ден со вашата сакана личност. Слободни Бикови бидете отворени за нови луѓе. Внимавајте на исхраната. Избегнувајте тешка храна и алкохол.
Близнаци
Близнаци, денеска сте креативни и полни со нови идеи. Искористете ја вашата енергија за да го подобрите вашиот бизнис. Комуникацијата е клучна. Отворено разговарајте со саканата личност за какви било проблеми. Слободни Близнаци, не плашете се да започнете разговор со некој што ви се допаѓа. Обидете се да се опуштите и да избегнувате стресни ситуации. Медитацијата може да ви помогне.
Рак
Ракови, фокусирајте се на тимска работа и соработка. Вашата емпатија ќе биде клучна за успехот. Емоциите ви се интензивни денес. Споделете ги вашите чувства со псаканата личност. Слободни Ракови, внимавајте на своето срце. Грижете се за вашето ментално здравје. Направете пауза и поминувајте повеќе време во природа.
Лав
Лавови, вашата амбиција и решителност ќе ви донесат успех. Не плашете се да преземете иницијатива. Денеска ќе бидете во центарот на вниманието. Искористете го својот шарм за да ја освоите саканата личност. Слободни Лавови, вечерта е идеална за излегување и запознавање нови луѓе. Се чувствувате силни и енергични. Редовната физичка активност дополнително ќе го подобри вашето расположение.
Девица
Девици, денеска е одличен ден за организација и планирање. Вашето внимание на деталите ќе биде ценето. Ги анализирате емоциите и размислувате за иднината. Споделете ги вашите размислувања со вашата сакана личност. Слободни Девици, бидете отворени за нови можности. Внимавајте на вашето здравје и избегнувајте прекумерни напори. Одморот е клучен.
Вага
Ваги, фокусирајте се на соработка и тимска работа. Добро ќе ви дојде дипломатскиот карактер. Денеска ви се најважни хармонијата и рамнотежата. Поминете квалитетно време со вашата сакана личност. Слободна Вага, ве очекува интересно познанство. Се чувствувате добро, но не заборавајте на редовните здравствени прегледи.
Скорпија
Скорпии, вашата решителност и фокусираност ќе ви донесат успех. Не се откажувајте од вашите цели. Страсни сте и интензивни. Споделете ги вашите најдлабоки емоции со вашата сакана личност. Слободни Скорпии, бидете храбри и преземете иницијатива. Се чувствувате силни, но не заборавајте на важноста на емоционалната рамнотежа.
Стрелец
Стрелци, денеска е одличен ден за учење и истражување на нови идеи. Вашата љубопитност ќе ви донесе нови можности. Слободата и авантурата ви се најважни денес. Планирајте нешто возбудливо со саканата личност. Слободни Стрелци, бидете отворени за нови можности. Внимавајте на вашето здравје и избегнувајте прекумерни напори. Одморот е клучен.
Јарец
Јарци, фокусирајте се на долгорочните цели и бидете трпеливи. Вашата упорност ќе се исплати. Посветете се на стабилност и сигурност во вашата врска. Саканата личност ќе ја цени вашата посветеност. Слободни Јарци, бидете трпеливи и отворени за нови луѓе. Внимавајте на исхраната. Избегнувајте тешка храна и алкохол.
Водолија
Водолии, фокусирајте се на иновациите и новите идеи. Вашата креативност ќе биде ценета. Денеска сте полни со изненадувања и оригинални идеи. Изненадете ја саканата личност со нешто посебно. Слободни Водолии, ве очекува интересно познанство. Одлично се чувствувате, но не ја игнорирајте потребата за одмор. Кратка прошетка на свеж воздух може да ви помогне да се опуштите.
Риби
Риби, денеска фокусирајте се на креативни проекти и соработка. Вашата имагинација ќе биде од голема корист. Емотивни сте и интуитивни на љубовно поле. Споделете ги вашите чувства со саканата личност. Слободни Риби, бидете отворени за нови можности. Внимавајте на вашето ментално здравје. Направете пауза и поминувајте повеќе време во природа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пристапот до Фонтана ди Треви повеќе не е бесплатен
Рим воведе влезница од 2 евра за пристап до прочуената Фонтана ди Треви, која досега беше бесплатна за посетителите, пишува Би-Би-Си.
Оваа наплата има за цел да се контролира бројот на туристи и да се обезбедат дополнителни средства за одржување на споменикот, наведува Би-Би-Си.
Некои туристи ја поздравија мерката, со надеж дека ќе се намалат гужвите и ќе се подобри целокупното искуство.
Забава
(Видео) Како да не е од оваа планета: „Ненормални“ стомачни мускули и драматичен фустан без долна облека
Спектакуларното 68-мо доделување на Греми наградите се одржа во Лос Анџелес, а бројните ѕвезди прошетаа по црвениот тепих и го украсија настанот со своите модни изданија. Една од најзначајните личности беше американската пејачка и актерка Тејана Тејлор.
Teyana Taylor at the #GRAMMYs red carpet looking flawless. 💫 pic.twitter.com/WuurRFWh5T
— Zaqdenim 🪼 (@zaqdenim) February 2, 2026
Иако не освои награда, нејзиниот драматичен стајлинг беше меѓу најзначајните на вечерта, а таа носеше многу провокативен и смел фустан во кој ја покажа својата неверојатна атлетска фигура.
Бронзениот, светкав фустан е со асиметричен крој и имаше спектакуларно деколте, а Тејана откри совршени стомачни мускули, како и јасно дефинирани грбни мускули и тетоважи, оставајќи малку на имагинацијата.
Со оваа провокативна креација, таа носеше високи платформи во иста боја, а впечатлив детаљ беше златниот ѓердан што ѝ паѓаше по градите. Сепак, целото внимание остана на фустанот и неговата неверојатна линија, со што се согласуваат и нејзините обожаватели – „изгледа како суперхерој, а не како живо суштество“.
„Какво тело… Боже“, „Можеме ли да ја украдеме нејзината рутина за вежбање, затоа што ова…“, „Телото на Тејана Тејлор е лудо!“, коментираа некои, додека други се прашуваа како фустанот успеа да остане на неа.
Нема сомнение дека смелиот фустан на Тејана Тејлор барал многу труд и работа, и јасно е зошто ги претвори Греми наградите во своја лична писта.
Забава
(Видео) „Облечена“, но како: Најскандалозното издание на познатата Германка?
Познатата германска манекенка, Хајди Клум (52), присуствуваше на доделувањето на Греми наградите и уште еднаш покажа дека за неа нема граници кога станува збор за провокација.
Хајди обожава да привлекува внимание со голи модни изданија, а е доста смела и на социјалните мрежи каде што нејзините обожаватели често можат да уживаат во провокативни топлес изданија на познатата Германка, но овој пат се одлучи за фустан.
Фустанот од латекс воопшто не беше толку обичен како што можеби мислите кога ќе слушнете од каков материјал е направен. Хајди се погрижи нејзиниот модел да биде главна ѕвезда на вечерта.
Seriously WTF is Heidi Klum wearing at the Grammy's tonight and what is she going to do if she needs to …….. #GRAMMYs #grammy pic.twitter.com/9bduFRwG9j
— UniAnalyst (@UniiCoinverse) February 2, 2026
Благодарение на деталите што ја следат линијата на телото и дополнително ги нагласуваат облините, моделот наликуваше на вистинска скулптура.
Овој модел наликуваше на дополнителен слој кожа, а Хајди сè комбинираше со беж чевли и нејзината препознатлива брановидна коса. Шминката не беше „агресивна“, кафеавата сенка за очи и природната нијанса на кармин беа совршен избор и сосема доволни за сите да ја запомнат.
Хајди покажа извесна модна храброст, но благодарение на овој фустан, некои дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени дами, пишува Дејли Меил.
Многумина очекуваа дека оваа година ќе биде придружувана од нејзиното долгогодишно момче, Том Каулиц, но Хајди сепак дојде сама, и тоа едвај, бидејќи фустанот беше направен на таков начин што секое движење во него беше ограничено.

