Забава
Доделувањето на „Оскари“ замислено како филм – со маски, подолги говори
Церемонијата на „Оскарите“ следната недела ќе наликува на филм, давајќи им на победниците повеќе време за говори, а заштитните маски ќе играат голема улога, открија продуцентите на свечената вечер.
Пандемијата на коронавирусот и тројцата нови продуценти на свеченоста доведоа до поинаква верзија на традиционалната претстава каде што се доделуваат највисоките филмски признанија пред седечка публика со повеќе од 4.000 sвезди од А-листата и директори на индустрија.
Голем дел од церемонијата на 25 април ќе се одржи на станицата „Арт Деко јунион“ во центарот на Лос Анџелес, каде што се гради сцена и каде презентерите ќе сторат повеќе од отворање плик со името на победникот.
„Нема да биде нешто веќе видено“, рече на прес-конференција режисерот Стивен Содерберг, продуцент на свеченоста заедно со Стејси Шер и Џеси Колинс.

Содерберг, кој го режираше филмот „Зараза“ од 2011 година, во саботата рече: „Пандемијата отвори можност да пробаме нешто што не е пробано“.
„Сакаме свеченоста да има глас“, додаде тој.
Содерберг рече дека церемонијата ќе се снима како филм, а водителите, меѓу кои Бред Пит, Харисон Форд и Хали Бери, „ќе се глумат себеси, или барем верзија од нив“.
Говорите на добитниците на „Оскар“ претходно беа ограничени на околу 45 секунди. Оваа година, според Содерберг, ќе им биде дадено простор. „Ги охрабривме да раскажат приказна и да кажат нешто лично”.
Продуцентите рекоа дека ќе има строги тестирања и ковид-протоколи, повеќето од нив ги следат стандардите развиени минатата година за реактивирање на филмската и ТВ-продукцијата.
Прашан за заштитните маски во текот на церемонијата, Содерберг даде, како што рече, намерно мистериозен одговор.
„Маските за лице ќе играат главна улога во приказната“, рече Содерберг. „Таа тема е многу важна за наративот.“
Номинираните кои не можат да патуваат во Лос Анџелес на церемонијата ќе можат да учествуваат преку приклучување на сателити од локации низ целиот свет, но нема да има појавувања на „Зум“.
На церемонијата ќе ѝ претходи 90-минутно шоу во кое ќе бидат вклучени настапи на петте кандидати за оригинална песна, кои беа снимени однапред на покривот на новиот музеј на Академијата во Лос Анџелес и во Исланд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џенифер Лопез: Многу сум возбудена, близнаците заминуваат на факултет
Џенифер Лопез изјави дека е многу возбудена што нејзините 17-годишни близнаци Макс и Еме наскоро заминуваат на факултет. Во разговор за „Ентертејнмент Тудеј“, таа рече дека се чувствува добро и дека не може да поверува колку далеку стигнале заедно, истакнувајќи дека ги одгледувала сама уште од нивната трета година.
Пејачката додаде дека е горда што нејзините деца израснале во млади луѓе подготвени за сопствениот живот и дека е среќна што знаат дека секогаш имаат дом во кој можат да се вратат.
Иако е светска ѕвезда, Лопез откри дека на нејзините деца им е најважно таа да биде дома и присутна. Сепак, тие ја поддржуваат и биле присутни на нејзините настапи во Лас Вегас, а таа вели дека се горди на својата мајка.
Фото: Depositphotos
Забава
Голем, роденденски концерт на Северина на 18 април во Скопје
“She is a legend, she is an icon” – овој познат цитат можеби совршено ја опишува најпознатата хрватска пејачка Северина, жената која со децении нè воодушевува со својот став, харизма и стил. Токму таа, на 18 април во арена „Борис Трајковски“ ќе одржи голем солистички концерт, во рамки на нејзината турнеја „Ja samo pjevam“. Ова ќе биде и специјален роденденски концерт со кој заедно со македонската публика ќе го одбележи својот роденден.
Северина е културен феномен кој повеќе од три децении успешно им се спротивставува на времето, трендовите и очекувањата. Уметница која знае како да биде интимна и грандиозна во ист момент, тивка и бучна, нежна и силна, секогаш автентична и препознатлива, без разлика на сцената на која застанува.
Таа е позната по својата силна врска со македонската публика, која со години ѝ возвраќа со полни сали, искрена емоција и незаборавни моменти. Концертната вечер во Скопје ќе биде составена од внимателно селектиран репертоар кој ги вклучува нејзините најпрепознатливи хитови, како и понови композиции, изведени со продукциски стандарди на највисоко ниво.
Сценографијата, светлосните ефекти и звучната продукција ќе создадат целосно сценско искуство кое ја надминува класичната форма на концерт.
Она што ја издвојува Северина на сцената е нејзината способност да создаде исклучителна блискост со публиката, дури и во најголемите арени. Нејзините концерти се исполнети со искреност, емоција и директна комуникација, каде секоја песна добива лична димензија, а публиката станува активен дел од приказната што се раскажува во живо.
Концертот е во организација на Прагма продукција, која и овој пат најавува продукциски стандарди на највисоко регионално ниво, со една јасна цел, Скопје да биде домаќин на концерт кој по квалитет, емоција и изведба ќе остане долго во колективната меморија.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5726
Забава
Односот со партнерот може да биде клучот за целиот ваш успех во новата година
Почетокот на новата година претставува природна можност за резимирање на животните достигнувања и поставување нови цели. Сепак, додека многумина се фокусирани на личен напредок, како што се подобрување на навиките во исхраната, физичка активност или стекнување нови деловни вештини, клучен елемент на личната благосостојба – квалитетот на партнерскиот однос – често се занемарува.
Наместо новогодишните одлуки да останат исклучиво индивидуални потфати, овој период може да послужи како поттик за заедничко размислување и обликување на визија за иднината што е исполнувачка за двајцата партнери, пишува Focus on the family.
Пред да се планира иднината, потребно е објективно да се погледне моменталната состојба на врската. Крајот на годината дава идеална можност за отворен и искрен дијалог за динамиката на вашата врска. Таквиот разговор не треба да се гледа како конфронтација, туку како конструктивна можност за продлабочување на врската.
Се препорачува да се обезбеди време и простор без надворешни одвлекувања на вниманието, што значи исклучување на електронските уреди. Клучот за успешен дијалог лежи во активното слушање, кое вклучува не само вербални пораки, туку и невербална комуникација. Емпатијата е од клучно значење; потребно е да се обидете да ги разберете емоциите на партнерот без прерана потреба да се нудат решенија.
Сфаќањето дека монотонијата почнува да се наметнува во долгорочната врска не треба да биде извор на загриженост, туку поттик заеднички да осмислите начини за воведување нови, освежителни елементи во вашиот заеднички живот.
Откако ќе се воспостави атмосфера на доверба и безбедност, може да започне процесот на планирање. Споделените цели одат подалеку од обичен список на задачи; тие претставуваат споделена посветеност на заеднички раст и развој. Тие даваат насока и цел на врската и го зајакнуваат чувството за партнерство и тимска работа.
Процесот на планирање како заедничка активност
На оваа задача не треба да се пристапува како кон формален деловен состанок, туку како пријатен споделен ритуал. Разговорот за соништата и желбите во опуштена атмосфера, како што е омилен ресторан или кафуле, може значително да придонесе за продуктивноста и интимноста на процесот.
Корисна техника што ја користат некои парови е индивидуална подготовка, каде што секој партнер однапред ги запишува своите одговори на клучните прашања. Потоа следува заедничка дискусија. Овој пристап осигурува дека перспективите на двајцата партнери се подеднакво застапени и почитувани.
Финансиско планирање и личен раст
Споделените цели треба да опфаќаат различни аспекти на заедничкото живеење, така што планирањето е сеопфатно. Важно е да се земат предвид финансиските цели, како што се штедење за поголеми инвестиции како што се патување или недвижности, или формирање фонд за непредвидени трошоци.

