Забава
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
Кога Дијана Хигман се обратила кај докторите поради постојан замор, се шокирала кога ѝ рекле дека ѝ преостануваат уште 72 часа живот. Оваа самохрана мајка мислела дека е заморна од работата и стресот, но се покажало дека има автоимон хепатитис и дека итно ѝ е потребен нов црн дроб, зошто нејзиниот почнал да се смалува со голема брзина.
Денеска таа има 56 години, а за дијагнозата која ја добила пред 11 години, проговори денеска по повод одбележувањето на неделата посветена на донирање органи.
„Тоа беше пред 11 години. Учев за медицинска сестра, а пред тоа почина татко ми. Постојано бев уморна, но тоа го препишував на стресот. Ми додадоа само 72 часа живот и ме ставија на долга листа на луѓе на кои итно им е потребна трансплатација“ рекла Дијана, пренесе „Сан“.
Набрзо ѝ пронашле нов црн дроб, но веднаш откако ѝ биле направени дополнителни тестови на црниот дроб, се покажало дека е преголема за него.
„Тоа беше страшно за мене, бидејќи ми рекоа дека мојот црн дроб ќе издржи уште само неколку дена“ раскажува Дијана.
Нов орган ѝ нашле веќе следниот ден, но сето тоа психички многу тешко го поднела.
„Не бев оптимист, зошто сфатив дека некој треба да умре за да би можела јас да живеам“ се потсетува таа.
По операцијата на Дијана ѝ било потребно повеќе од една година за да се опорави. Во првите денови не можела да оди, да станува без помош па дури ни да отвори шише млеко.
Со оглед дека пред операцијата била спортски активна, Дијана стравувала дека тие денови се зад неа, но тогаш открила дека постојат Спортски игри на трансплатирани, на кои таа редовно учествува. Освоила седум златни, три сребрени и една бронзена медаља.
Иако новиот црн дроб добро функционира, Дијана и денеска мора да пие лекови и на секои шест месеци оди на прегледи. Таа порача дека засекогаш ќе му биде благодарна на својот донор. „Ми даде најмалку 11 одини живот“ заклучува таа.
Што му се случува на организмот кога коронавирусот ќе влезе во системот?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

