Забава
Дуа Липа блесна во комбинезон од тантела на пречекот на 2025 година

Дуа Липа (29) се збогуваше со 2024 година во комбинезон од тантела со долги ракави од колекцијата пролет 2025 година на Валентино, која дебитираше на модната недела во Париз во септември.
Пејачката носеше комбинезон од тантела со цветни мотиви, а аутфитот го комплетираше со црвени потпетици.
Покрај фотографиите на Инстаграм, Дуа Липа додаде едноставен опис: „Последните денови од 2024 година“.
Во коментарите фановите помалку обрнаа внимание на нејзиниот аутфит, а повеќе на новиот прстен што го носи, со што започнаа гласините за нејзината свршувачка со момчето Калум Тарнер (34) со кој е во врска една година. „Покажи го прстенот“, „Да го видиме тој прстен, кралице“, се само дел од коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кога бил измислен првиот телефон, пронаоѓачот имал пропуштен повик од Чак Норис – легендарниот актер слави роденден

Легендарниот американски актер Чак Норис, кој стана симбол за непобедлив херој со натчовечки способности, денеска полни 85 години. Филмовите во кои тој глумеше во 1970-тите, 1980-тите и 1990-тите се движеа од умерено добри до понекогаш шокантно просечни, во кои тој обично играше ист тип на ликови.
И покрај тоа, Чак Норис стана вистински феномен, за кого се споделуваат подвизи доведени до апсурдност, како и херој на многу анегдоти, кои можеби го прават уште попознат од неговите филмови. И иако тој повеќе не е на екранот, на интернет продолжуваат да кружат коментари за него, во кои непроменливо е претставен во ликот на суперхерој, способен да го направи невозможното возможно.
Всушност, самиот Чак Норис редовно објавува шеги за неговите наводни натчовечки способности на својата веб-страница или ги чита на глас во неговото телевизиско шоу.
Да се потсетиме на некои од анегдотите за поранешниот светски шампион во карате:
Чак Норис го отвора фрижидерот и гледа дека пудингот се тресе. Тој вели: „Полека, тука сум на пиво!“
Чак Норис еднаш убил 37 терористи со 2 истрели. Првиот бил предупредување…
Кога бил измислен првиот телефон, пронаоѓачот имал пропуштен повик од Чак.
Кога бил измислен часовникот, Чак Норис бил 1 час пред времето.
Чак Норис користи каскадер само за сцените во кои неговиот лик плаче…
Чак Норис е единствениот човек кој ја убедил својата баба дека не е гладен.
Бог сакаше да го создаде светот за 10 дена. Чак Норис му даде 7.
Забава
Андре Агаси објави ретки фотографии од сопругата Стефи: „Најсилната жена што ја познавам“

Легендарниот поранешен тенисер Андре Агаси на Инстаграм објави ретки фотографии од неговата сопруга Штефи Граф. По повод Денот на жената и посвети емотивен опис.
„Среќен меѓународен ден на жената на најсилната жена што ја познавам“, напиша Агаси и додаде емотикон со срце.
Меѓу фотографиите е и една со нивните деца, синот Џејден Гил и ќерката Џез Ел.
„Најубавата приказна во историјата на спортот“, „Обожувам да гледам како и оддаваш почит“, „Прекрасни фотографии“, „Изгледаш одлично како и секогаш“, „И двајцата изгледаат неверојатно по сите овие години. Стефи изгледа како да не остарела“, „Првото семејство на тенискиот свет“, „Две легенди“, напишаа следбениците во коментарите.
Агаси и Граф се сретнаа во 1999 година на Отвореното првенство на Франција, каде што и двајцата победија во своите категории. Набргу по Отвореното првенство на Франција, меѓу нив се роди љубов и се венчаа во 2001 година на интимна церемонија во Лас Вегас.
Забава
(Фото) Леонардо ди Каприо го помина викендот во Париз со својата девојка: актерот се обиде да се скрие од фотографите

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (50) е фотографиран во Париз. Како што пишуваат странските медиуми, тој таму го поминал викендот со својата девојка, италијанската манекенка Виторија Серети (26).
Ди Каприо и Виторија се снимени како одделно ја напуштаат забавата, на која наводно присуствувала и Кејт Мос. Актерот се обиде да се скрие од фотографите носејќи капа и маска на лицето.
Ди Каприо и Серети ја започнаа својата врска во август 2023 година.