Забава
Египќаните бесни на „Нетфликс“: Клеопатра не била црнкинка
Не престануваат реакциите на новата документарна серија „Африкански кралици: кралицата Клеопатра“ (African Queens: Queen Cleopatra), која се емитува на стриминг-платформата „Нетфликс“ и, откако црнкинката Клеопатра ги разбесни твитерџиите, сега работите стануваат посериозни.
Адвокат поднесе тужба против „Нетфликс“ за кршење на законот за медиуми и обид да го избрише египетскиот идентитет, а најпознатиот египетски археолог упорно тврди дека Клеопатра имала бледа кожа, а не црна.
И продуцентите на документарната драма велат дека потеклото на египетската кралица е неодредено.

Клеопатра е родена во Александрија во 69 година пред нашата ера и била последната кралица од династијата основана од Птоломеј, генералот на Александар Македонски. Птоломејската династија зборувала на грчки јазик.
На тронот го наследи својот татко Птоломеј Дванаесетти во 51 година пред нашата ера и владееше до својата смрт дваесет години подоцна. Потоа Египет потпадна под римска доминација. Идентитетот на мајката на Клеопатра не е познат, а историчарите сметаат дека е можно таа да била домородна Египќанка или од некој дел на Африка.
Египетската владетелка во серијата на „Нетфликс“ ја глуми Британката Адел Џејмс, која е од мешана раса и африканско потекло. Продуцентите велат дека тоа е одраз на вековната дебата за расата на Клеопатра.

Џејда Пинкет Смит, американска актерка, која е наратор и продуцент на оваа драма, рече: „Не гледаме или не слушаме често приказни за црни кралици и лично мене, на ќерка ми и на нашата заедница ни е многу важно да се знае за таквите приказни“.
Ваквиот став наиде на осуда во Египет. Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, тврди дека тоа е измислица.
„Тоа е целосна лага. Клеопатра била грчка, што значи бела. ‘Нетфликс’ се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црно“, рече тој.
Адвокатот Махмуд ал-Семари побара од државниот обвинител да преземе неопходни правни мерки и да го блокира пристапот до услугите на „Нетфликс“ во Египет. Стримерот е обвинет за промовирање афроцентризам и бришење на египетскиот идентитет.
Актерката Адел Џејмс на „Твитер“ кусо им одговори: „Ако не ви се допаѓа поделбата на улогите, не гледајте“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

