Забава
Еден од симболите на Медитеранот се урна во море

Познатата карпа наречена „азурниот прозорец на Малта“ се урна во морето по силните ветришта што ја погодија оваа земја во вторник.
Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, за тамошните медиуми изјави дека тоа е срцепарателен настан, пренесува ББЦ.
Истражувањето од 2013 година покажа дека ерозијата е неизбежна и дека структурата на карпата е во опасност од целосен колапс.
Популарниот варовнички лак исто се појавуваше во првата сезона на популарната серија „Игра на престоли“.
Властите во Малта ги предупредуваа луѓето да не се движат по лакот, но нивните предупредувања често се игнорирани.
Силни ветришта ја погодија Малта во вторник, што предизвика големи бранови и на крајот уривање на прекрасниот „азурен прозорец“.
Лакот беше еден од најпознатите туристички локации на Малта, каде што сите се фотографираа, а најхрабрите скокаа во море. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кој би помислил дека оваа жена има 67 години: нејзините фотографии во костим за капење воодушевуваат

Иако не е толку активна во актерскиот свет, легендарната Шерон Стоун е, навистина, вреден член на социјалните мрежи. Таа често објавува фотографии од големи настани, но и оние што ја скокоткаат имагинацијата на љубопитните набљудувачи.
Неодамна „закачи“ фотографија на Инстаграм во едноделен костим за капење и може да се каже дека кралицата на секси изданијата нема намера толку лесно да се откаже од летото и атрактивните комбинации.
Шерон гордо позираше на брод, а нејзината витка фигура, како и насмевката на нејзиното лице беа забележливи. Актерката едноставно блеска во подоцнежните години, а нејзините бројни обожаватели на мрежите го забележаа тоа.
„Прекрасна си“, „Уживај убавице“, „Толку си мила“, се само дел од коментарите…
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Марија Шерифовиќ слезе меѓу публиката да пее, а една девојка се обиде да ѝ го земе микрофонот, пејачката изреагира

Пејачката Марија Шерифовиќ настапи во Македонија, а снимка од овој настап се споделува на социјалните мрежи.
@goodboy03210 #marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre ♬ original sound – Good_boy_
Една девојка се обиде да го земе микрофонот од Марија за да може да пее со неа, но пејачката веднаш возврати. Таа накратко престана да пее и луто рече: „Мрш“, со израз на чудење јасно видлив на нејзиното лице.
Забава
(Фото/Видео) Првата прегратка по 20 години од разводот: поранешните љубовници не ја кријат својата среќа

Поранешните сопружници Чарли Шин и Дениз Ричардс присуствуваа на премиерата на филмот „Чарли Шин“. Актерите разменија пријателски прегратки на црвениот тепих, па дури и се фотографираа заедно за странските медиуми.
Што се однесува до нивните комбинации, Чарли одлучи да носи црно пругасто одело за пригодата, кое го комбинираше со обична бела кошула.
Од друга страна, Дениз избра комплет – широки панталони и краток топ во црна боја изработен од сјаен материјал. Стилот го комплетираше со минимална шминка, брановидна коса и најобична огрлица.
Ова е првото заедничко појавување на Чарли и Дениз по разводот. Претходно, на 1 април се сретнаа по повод нејзиното реално шоу, кога Шин гостуваше во една епизода.
Чарли и Дениз беа во брак од 2002 до 2006 година и заедно имаат две ќерки – Лола и Семи.
фото: принтскрин