Забава
Една од најубавите жени на светот бремена на 44 години
Познатата манекенка Жизел Бундхен е бремена! Една од најубавите жени на светот чека дете на 44 години, како што пренесува „Пипл“.
44-годишната манекенка и нејзиното 35-годишно момче Хоаким Валенте го очекуваат своето прво заедничко дете. Тоа ќе и биде трето дете на манекенката.
„Жизел и Хоаким се многу среќни“, изјави извор близок до парот за споменатиот медиум.
По разводот со Том Брејди, манекенката во 2023 година стапи во врска со Хоаким Валенте.
Жизел има две деца од претходниот брак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Јон Вардар против галаксијата“ во петок доаѓа во киносалите
Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ ја почнува својата кино авантура.
Од 1 ноември, петок, филмот ќе почне да се прикажува во „Синеплекс“ и во „Киноверзум“ а наскоро доаѓа и во другите градови низ Македонија.
„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси.
Режијата е на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.
Филмот кој е најголемиот анимациски копродукциски проект на Балканот, е изработен со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.
„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на фестивалите „Ситџес“ во Шпанија, „Киненова“ во Македонија и „Мостра Сао Паоло“ во Бразил.
Забава
Северина воодушевена од кралската палата во Мадрид: „Да се онесвестиш од убавина“
Северина со синот Александар ја посети кралската палата во Мадрид.
Пејачката ги покажа фотографиите на Инстаграм и порача: „Во живо да се онесвестиш од убавина“.
Кралската палата во Мадрид е официјална резиденција на шпанското кралско семејство, иако сега се користи само за државни церемонии. Палатата има 135.000 m² и содржи 3418 соби. Тоа е најголемата кралска палата во Европа.
Забава
Диди наводно имал вага на забавите: „Девојките не смееле да тежат повеќе од 64 килограми“
Диди наводно имал вага на своите неславни забави и барал од гостите да се измерат пред да пристигнат, пишува Page Six. Тие не требало да тежат повеќе од 64 килограми.
„Организиравме мерење доколку беше потребно“, изјави поранешен организатор на забавата кој соработуваше со раперот во 2004 и 2005 година. „Девојките мораа да бидат млади и згодни, така што секогаш имав вага во близина. Тие не можеа да тежат повеќе од 64 килограми, но ако девојката беше навистина висока, тогаш ќе направиме некои отстапки“, додаде тој.
Друг организатор на забава рече дека жените не требало да имаат целулит и премногу пирсинг или тетоважи. Тој тврди дека и девојките со кратка коса не смееле да доаѓаат на забавите на Диди. Што се однесува до облеката, вели, требало да се прилагоди на забавата.
„Без панталони, фармерки и рамни чевли. Секоја девојка мораше да облече фустан, по можност многу краток, доволно долг за да и го покрие задникот. Мораа да покажат деколте, да носат штикли, без исклучок“, објасни организаторот и призна дека гостите на Диди никогаш не ги прашувал за возраста.
Организаторите тврдат дека не знаеле што се случувало на тие забави и дека девојките кои доаѓале никогаш не зборувале за тоа.
Шон Диди Комбс е обвинет за дрогирање и силување на 10-годишно момче во новата тужба поднесена во понеделникот.