Забава
Едноставна комбинација ги решава наслојките од маснотии и го враќа протокот на вода во мијалникот
Замислете ја оваа ситуација што веројатно веќе сте ја доживеале – миете куп садови, водата во мијалникот едноставно престанува да тече, а одводот почнува да испушта чуден звук. О, не, затнат одвод! Како да го поправите тоа, без да ги повторувате процедурите што вклучуваат сода бикарбона и оцет?
Главната причина зошто одводите се затнати е тоа што остатоци од храна, детергент и маснотии влегуваат во цевките секој ден и на крајот ги затнуваат.
Газираната комбинација од сода бикарбона и оцет е неефикасна во борбата против маснотиите во затнатите одводи. Ова е затоа што сода бикарбоната е база, оцетот е киселина, а нивната хемиска реакција произведува вода со мала количина сол во неа, а не средство за чистење одводи. Оцетот и сода бикарбоната се многу популарни состојки кога станува збор за чистење без хемикалии, но иако се одлични за отстранување дамки, тие не може да ја разградат маснотијата или маслото што ги затнува одводите.
И оцетот и сода бикарбоната мож да го исчистат одводот, но нема да го раствори затнувањето, а премногу сода бикарбона во одводот може да ја влоши состојбата.
Сè што ви треба е мешавина од течност за миење садови и врела вода. Детергентот е дизајниран да ги разградува маснотиите и маслото, па затоа бргу ќе ги раствори мастите, а топлината од топлата вода ќе помогне да се олабават наслојките во цевките.
Како да ја направите смесата?
Сварете помеѓу половина литар и еден литар вода, во зависност од големината на вашиот одвод, а потоа додадете околу 120 мл течност за миење садови. Оставете го детергентот да отстои во водата неколку минути, а потоа внимателно истурете ја топлата смеса во одводот и почекајте уште неколку минути за да се исцеди низ цевките.
Набргу ќе забележите дека водата почнува да се исцедува сè побрзо и побрзо оставајќи го вашиот мијалник чист и функционален. Ако водата сè уште бавно се исцедува, повторете го процесот уште неколкупати.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Темни кругови по празниците: 7 природни и брзи решенија за нивно отстранување
Новогодишните прослави честопати носат незаборавни моменти, но можат да остават и трага на нашиот изглед, особено во пределот околу очите.
Ако се разбудивте со уморни очи и темни кругови по забава, не грижете се, бидејќи имаме неколку ефикасни совети кои ќе ви помогнат да ја вратите свежината и сјајот на вашето лице.
Темните кругови се однесуваат на темни или подуени кругови под очите, кои често се предизвикани од проширени крвни садови, губење на волуменот на кожата или акумулација на течности во пределот околу очите. Исто така, заморот и недостатокот на сон сигурно влијаат на појавата на темните кругови, но постојат трикови кои можат да ја намалат нивната видливост и да постигнат свеж изглед по бурна ноќ на прослави.
7 совети за тоа како да се ослободите од темните кругови
Ако сакате да влезете во новата година со сјаен тен без темни кругови околу очите, еве што можете да направите дома.
Хидратација одвнатре
Првиот чекор за освежување на изгледот на вашето лице е правилна хидратација одвнатре. Многу е важно да внесете доволно количество вода во телото бидејќи помага во ревитализација на кожата и намалување на отокот. Можете исто така да додадете парчиња свежа краставица во водата, која има дополнителни антиоксидантни ефекти.
Ладни облоги
Ладните облоги се одличен начин за намалување на отокот и црвенилото околу очите. Можете да користите ладни кесички чај или парчиња краставица – студот ќе ги стесни крвните садови, ќе го намали отечениот изглед и ќе обезбеди моментално чувство на свежина.
Фластери за очи
Овој сè попопуларен производ за нега на кожата ќе ви биде корисен по новогодишната прослава бидејќи придонесува за посветол и помазен изглед на кожата под очите за кратко време.
Креми за очи со кофеин
Кофеинот привремено ги стеснува крвните садови, намалувајќи ги отокот и темните кругови. Покрај тоа, ја стимулира циркулацијата, правејќи ја кожата посвежа и поодморена, а исто така делува како антиоксиданс кој ја штити кожата од оштетувања предизвикани од слободни радикали, УВ зрачење и стрес.
Спиење со малку подигната глава
Доколку е можно, спијте во положба во која главата е малку подигната. Ова спречува задржување на течности околу очите и го намалува отокот. Дополнителна перница може да помогне, а во комбинација со ладни облоги наутро, резултатот е загарантиран.
Намалете го внесот на сол и алкохол
Обрнете внимание на внесот на сол и алкохол, бидејќи двата фактори можат да придонесат за задржување на течности и оток. Умереното консумирање ќе направи голема разлика и ќе го олесни справувањето со темните кругови и уморниот изглед.
Лесна физичка активност
Нежно истегнување на вратот и рамената ќе биде доволно за да се стимулира циркулацијата, што ја прави кожата да изгледа подобро. Кратка прошетка на свеж, ладен воздух исто така може да помогне.
Забава
„Џенифер Анистон и Бред Пит од Тему“: актерката искритикувана поради копирање
Актерката Кејли Куоко се појави на доделувањето на наградите „Critics Choice“ со свршеникот Том Пелфри и предизвика мешани реакции на црвениот тепих.
Кејли одлучи да носи црно одело, инспирирана од Џенифер Анистон, која ја носеше истата комбинација во 2002 година на доделувањето на „Златните глобуси“. Популарната Рејчел беше модно усогласена со Бред Пит тогаш, а сега Кејли сакаше да го стори истото.
Исто како што напиша на Инстаграм, таа копирала сè од Џенифер, дури и нејзината коса и шминка.
„Сакам да го рекреирам иконскиот стил на Џенифер Анистон, жена која е мој модел во сè и која отсекогаш сум ја сакала“, напиша Кејли, меѓу другото.
Иако Кејли имаше најдобри намери, многумина го опишаа ова како неуспех и дека немала шанси да покаже што Џенифер успеала да направи со такво одело.
„Џенифер Анистон и Бред Пит од Тему“, беше еден од коментарите, малку суров, мора да се признае.
Забава
„Раскинувањето е најдоброто нешто што ти се случило“: познатата актерка ужива во сингл живот
Актерката Нина Добрев стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи дури по раскинувањето на свршувачката. Иако отсекогаш била привлечна со својот изглед, се чини дека не била толку активна или провокативна на социјалните мрежи сè додека не раскинала со Шон Вајт.
Ѕвездата на „Vampire Diaries“ објави серија фотографии од својот одмор, што претходно беше реткост да се најде на нејзиниот профил.
„Некои стари, некои нови пријатели, сега сите најдобри пријателки“, напиша таа во описот на објавата.
На почетокот, таа покажа неколку фустани кои ја истакнуваа нејзината фигура, а имаше и фотографии во бикини, само за да ја поттикне имагинацијата.
„Толку си згодна што ме боли главата“, „Ти одговара самечкиот живот“, „Раскинувањето е најдоброто нешто што ти се случило“, беа само некои од коментарите.
Нина Добрев и Шон Вајт беа во врска пет години и токму кога сите очекуваа венчавки, објавија дека раскинуваат. Очигледно, Нина сè уште сака да биде посветена на својата кариера и не е подготвена за семејство, додека Вајт има различни планови за иднината.

