Забава
Едно јаболко дневно е одлично за здравјето, три за линијата, а колачи со јаболка – за душата
„Едно јаболко дневно го брка лекарот од вашиот дом“, вели една народна мудрост што ја потенцираат многу лекари и нутриционисти поради опсегот на вредни хранливи материи што ги содржи ова овошје.
Поради влакната што ги содржи, јаболкото го намалува холестеролот и е добро за срцето. Помага за откиселување на телото и на урината, го чува здравјето на бубрезите, а корисно е и за превенција од дијабетес.
Во есен можете да уживате во вкусот на јаболката што сè уште можете лесно да ги набавите. А уште повкусни се колачите. Следниве два се наједноставните рецепти за подготвка на овој десерт.
Бабин колач со јаболка

Потребни состојки
3 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 15 лажици брашно
Подготовка
Направете смеса од јајца, шеќер, брашно, масло, млеко и прашок за печиво. Јаболката изрендајте ги и додајте цимет. Половина од смесата излејте ја во калап и ставете да се пече 15 минути на 180 степени. Потоа извадете ја од рерната, наредете рендани јаболка врз кората, а врз нив втората половина од смесата. Вратете во рерна и печете уште десетина минути. Кога ќе се излади, печениот колач наросете го со шеќер во прав.
Превртен колач со јаболка

Потребни состојки
3 јајца, 4-5 јаболка, 75 гр путер, 7 лажички шеќер, 3 лажици кисела павлака, кора од лимон, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 лажичка цимет.
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад за печење нанесете путер. Исечете ги јаболката на парчиња и исцедете лимон на нив. Во сад растопете 50 гр путер, додајте 5 лажици шеќер и гответе додека не се растопи шеќерот. Ставете ја смесата во садот за печење и наредете ги јаболката. Додадете 2 лажици шеќер и 1 лажица путер исечкан на мали парчиња. Садот ставете го во рерна додека го подготвувате преостанатиот дел од колачот.
Додека јаболката се печат, подгответе го тестото. Одвојте ги белките и жолчките. Во еден сад ставете 75 г путер, 5-те лажици шеќер и мешајте додека не добиете компактна смеса. Во неа додајте ги жолчките, киселата павлака, кората од лимон и екстрактот од ванила. Мешајте додека состојките не се соединат. Изматете ги белките и додадете ги на смесата. Извадете ги јаболката од рерна и наросете ги со цимет. На нив додајте ја смесата и печете 25-30 минути додека не добиете златножолта боја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

