Забава
Ед Ширан победи во судскиот спор за авторски права на Shape of You

Ед Ширан извојува победа во битката за авторски права за неговиот хит од 2017 година, Shape of You.
Судија од лондонскиот Висок суд денес наутро одлучи дека кантавторот не плагирал песна на Сами Чокри од 2015 година.
Чокри, музичар кој настапува под името Семи Свич, тврдеше дека делот каде се повторува Oh I…Oh I во песната на Ширан е „неверојатно сличен“ со рефренот Оh Why во неговата песна.
По пресудата, Ширан рече дека таквите неосновани тврдења се премногу чести.
Во видео споделено на социјалните мрежи, тој вели: Сега постои култура во која тужбата се поднесува со идеја дека спогодбата ќе биде поевтина отколку истата да стигне до суд, дури и ако нема основа за барањето“.
„Тоа е навистина штетно за текстописната индустрија. Има толку многу ноти и многу малку акорди што се користат во поп-музиката“, додава Ширан на видеото.
„Сигурно ќе се случи коинциденција ако 60.000 песни се објавуваат секој ден на ‘Спотифај’. Тоа се 22 милиони песни годишно, а достапни се само 12 ноти.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Трансродовата актерка Хантер Шафтер: Мојот пасош вели дека сум маж, не знам што да правам

Трансродовата актерка Хантер Шафер, позната по улогата во серијата Euphoria, објави видео на „Тик ток“ во кое се пожали дека нејзиниот нов пасош вели дека е маж.
Таа објасни дека документите за нов пасош ги пополнувала како и обично, идентификувајќи се како жена, но додаде дека никогаш не го сменила изводот на родени и дека постои можност одделот за издавање пасош да ја споредил нејзината апликација со изводот на родени.
Таа рече дека ова е резултат на одредбата што Доналд Трамп ја потпиша на првиот ден кога по втор пат стана претседател на САД. Одредбата вели дека американската влада признава само два пола. Актерката признала дека не очекувала дека тоа навистина ќе се случи, но додала дека не сакала да поттикнува страв или да влијае на луѓето, туку само да ја прикаже моменталната реалност.
„Исто така, сакам да кажам дека баш не ми е грижа што во пасошот ми напишаа дека сум маж. Тоа навистина не менува ништо, но малку го отежнува животот“, рече таа и додаде дека „трансродовите луѓе се прекрасни“.
„Никогаш нема да престанам да бидам трансродова. Буквите во мојот пасош не можат да го смени тоа. Навистина не знам што да правам во врска со ова, но чувствувам дека беше важно да го споделам“, рече таа во видеото кое почна да се споделува на социјалните мрежи.
Забава
Никол Кидман го откри комплиментот што мрази да го слуша

Никол Кидман во едно од нејзините нови интервјуа откри дека мрази да ја нарекуваат „супержена“.
Тaa верува дека не го отелотворува тој поим. Таа за магазинот „Тајм“ изјави дека се заморува како и сите други и се опиша себеси како некој кој секогаш се труди да ги задоволи другите, понекогаш премногу.
Затоа таа верува дека таквите комплименти, како и пофалбите како „храбри“ и „силни“, не земаат предвид колку труд, енергија и време всушност вложува човекот.
„Тие ја игнорираат цената на успехот“, нагласи таа.
Нејзината последна улога е во филмот „Бејбигрл“, кој привлече големо внимание.
Забава
Се зборува дека Ирина Шајк има ново момче, тие веќе еднаш беа заедно

Супермоделот Ирина Шајк и познатиот освојувач на „Супер Боул“, Том Брејди, наводно се повторно заедно, дознава „Пејџ Сикс“.
Изворите тврдат дека тие се зближиле по повеќе од една година по завршувањето на нивната кратка романса.
„Том и Ирина повторно почнаа да се забавуваат“, открил изворот.
Пензионираната НФЛ ѕвезда и руската манекенка раскинаа во октомври 2023 година, по помалку од четири месеци врска. Друг извор претходно слушнал дека планираат заедничко патување.
„Разговараат на телефон. Ниту еден од нив моментално не е во сериозна врска, па зошто да не одат на патување заедно? додаде изворот.
Шајк претходно беше во четиригодишна врска со Бредли Купер до 2019 година. Со него има и ќерка, седумгодишната Леа Де Сејн.
Брејди е сингл откако тој и познатата манекенка Жизел Бундхен го финализираа нивниот развод во октомври 2022 година, по 13 години брак.