Забава
Ед Ширан: Разговорите со Тејлор Свифт ми беа како терапија

Ед Ширан вели дека разговорите со својата долгогодишна пријателка Тејлор Свифт биле како терапија.
Британската музичка ѕвезда (32) е пријател и соработник на 33-годишната пејачка и текстописец со години. По случајот со авторски права – и по личните трауми, вклучително и смртта на неговиот најдобар пријател Џамал Едвардс и болеста на сопругата Чери Сиборн – тие имаат долги разговори со оглед на тоа што таа добро го разбира неговиот живот.
Во интервју за „Епл мјузик 1“, Ширан истакна дека нивната работа е една од причините за силната врска: „Имам долги, долги и долги разговори со Тејлор за работи затоа што чувствувам дека таа е една од единствените луѓе што всушност навистина разбира каде сум“.
„Вчера имав еден час разговор со неа. Мислам дека тоа само по себе е еден вид терапија бидејќи вие, всушност, разговарате со некој што тоа искрено го сфаќа“.
Во четвртокот судот на Менхетн ја отфрли тужбата против него за наводно кршење авторски права. Наследници на коавторот на Let’s Get it On на Марвин Геј бараа 132 милиона долари отштета тврдејќи дека мегахитот на Ширан, Thinking out Loud, е плагијат на песната на Геј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Свештеник излезе од црквата и со молитвеник застана до „ауди“ – виралното видео го насмеа регионот

Видео, наводно снимено пред Руската православна црква во Софија, неодамна се појави на социјалните мрежи и брзо стана вирално.
Во преден план е свештеник кој стои пред Ауди со крената хауба, а сцената заинтригира и насмеа многу гледачи во регионот.
На профилот „Икс“, една жена наведува: „Во срцето на Софија стои Руската црква, изградена во 1914 година, со златни куполи и тивок шарм. Денес, тоа е и местото каде што возачите на Ауди доаѓаат да ги осветат своите автомобили, надевајќи се дека светата вода ќе го реши она што еден механичар не може“.
In the heart of Sofia stands the Russian Church, built in 1914, all gold domes and quiet charm. These days, it’s also where Audi drivers line up for car blessings, hoping holy water fixes what their mechanic can’t. pic.twitter.com/9fjxFkSyYH
— една българка (@transbulgaria) August 3, 2025
Популарниот портал „господари.ком“, исто така, известува за виралното видео и пишува: „Се чини дека само во Бугарија сè треба да се освети, од станови до ресторани до автомобили“.
Свештеник во црна мантија стои пред автомобил, со отворена молитвеник, додека маж е до него. Не е познато дали е тоа сопственикот на возилото.
Забава
„Како шеќерна волна“: коментари за трудничкиот стајлинг на Ријана

Ријана (37) повторно привлече внимание со својот стил на облекување. Музичката ѕвезда, која го чека третото дете со А$АП Роки, во понеделник беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес во необична, но скапа комбинација.
Таа носеше розово-портокалов фустан од брендот Issey Miyake, кој чини околу 2450 евра. Со фустанот имаше необични зелени патики вредни 237 евра. Стајлингот го дополни со златен накит, големи бели обетки и едноставна фризура, а нежната шминка го истакна нејзиниот природен изглед.
„Изгледа како мафин“
Луѓето на социјалните мрежи веднаш реагираа, а мислењата беа поделени.
„Не е нејзина најдобра комбинација, но сепак ја носи како кралица“, „Уф, изгледа како голем мафин“, „Не знам дали ми се допаѓа или не, изгледа како некој цвет“, „Шеќерна волна…“ беа само некои од коментарите на „Икс“.
Сепак, многу обожаватели ја бранеа пејачката: „Секогаш е беспрекорна“, „Го обожавам нејзиниот стил.“
Дали очекуваат девојче?
Ријана и А$АП Роки веќе имаат два сина, а неодамна таа проговори за мајчинството.
„Моите два принца имаат толку енергија што ме исцрпуваат секој ден“, рече за „Аксес Холивуд“ и откри дека малите се возбудени за новото бебе што наскоро доаѓа.
А$АП Роки на недамнешната премиера на „Штрумфови“ во Брисел можеби случајно го откри полот на бебето.
Во разговор со водителот Кевин Фрејзер од телевизијата ET, Фрејзер го праша Роки: „Дали е тоа девојчето што го очекувавте?“, на што 36-годишниот рапер без размислување одговори: „Да, човек, да.“ Сфаќајќи дека можеби открил премногу, А$АП Роки се обиде да го ублажи одговорот држејќи ја куклата Штрумфета и рече: „Еве ја, знаеш на што мислам? Еве ја тука.“
Парот е заедно пет години.
Забава
(Видео) Мајмун упадна во ресторан во Црна Гора, им го изеде ручекот на гостите

Инцидент се случи во ресторан во Сутоморе – мајмун скокна од дрвјата на маса, а гостите избегаа во паника.
Видео од ресторан на црногорскиот брег остави многумина во шок, а коментарите се слеваа со брзина на светлината.
Главниот виновник е мајмун што влегол во ресторанот среде бел ден и ги оставил гостите без ручек.
View this post on Instagram