Забава
Елон Маск би можел да стане првиот трилионер во светот

Не се претвора во злато сè што допира Елон Маск. Неговиот неодамнешен обид да го купи „Твитер“ не оди според планот. Неговата компанија за електрични автомобили, „Тесла“, во повеќе наврати бележи пад на вредноста на акциите кога Маск твитнува непромислено.
Сепак, се чини дека огромното богатство на Илон Маск станува сè помасивно. Во една неодамнешна студија спроведена од Tipalti Approve, Маск се чини дека е на пат да стане првиот трилионер во светот до 2024 година.
Богатите продолжуваат да се збогатуваат.
Студијата, под наслов The Trillion Dollar Club („Клуб од трилион долари“), има за цел да проектира кои милијардери ќе станат трилионери и кога.
„Ја споредивме годишната нето-вредност на првите 30 најбогати луѓе од 2017 година до денес, за да ја пресметаме годишната стапка на раст на секој од нашите милијардери и да процениме колку брзо секој од нив ќе достигне еден трилион долари“, се наведува во студијата.
Студијата ја зема предвид моменталната нето-вредност на Маск, која изнесува 263 милијарди долари на почетокот на оваа година, и стапката со која расте секоја година. Тоа значи дека за само две години Маск би можел да постигне статус на трилионер.
Според прогнозите, неговата нето-вредност ќе се искачи на 1,38 трилион долари до 2024 година, кога тој ќе го прослави својот 52. роденден.
Другите деловни потфати на Маск, особено „Спејс икс“, ќе го поттикнат неговото искачување до статус на трилионер.
„Спејс икс“ генерира огромни приходи со наплата на владини и комерцијални клиенти да испраќаат различни работи во вселената, вклучувајќи сателити, залихи за Меѓународната вселенска станица, и луѓе.
Се разбира, многу може да тргне наопаку за богатството на Маск. Неговиот обид за договор со „Твитер“ помина лошо, а тој дава параноични коментари за потенцијална смрт „под мистериозни околности“. „Тесла“ е во топла вода, исто така, под истрага откако многу автомобили се судрија во режим на автопилот. Имајќи ги на ум овие варијабили, прогнозите за претстојните трилион долари на Маск можеби нема да се остварат, коментираат американски медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.