Забава
Емилија Кокиќ објави ретки фотографии со сопругот: „Најмил мој“
Миленко Кокот го прослави својот 59. роденден. Неговата сопруга Емилија Кокиќ во оваа пригода му посвети објава на „Фејсбук“. Таа објави нивни две фотографии на кои тие се насмеани.
„Среќен роденден, мил мој“, напишала 56-годишната пејачка во описот на објавата.
Кокиќ и Кокот се во брак од 2013 година, а претходно беа во врска пет години. По долго време криење пред камерите и избегнување написи во весниците, тие ја легализираа својата љубов во Задар, опкружени со семејството и пријателите. Тие не се појавуваат често во јавноста како пар.
„Ако велам љубов, тогаш за мене тоа е мојот сопруг. Што се однесува до времето заедно, ние сме слични, и двајцата ја сакаме природата“, рече еднаш пејачката. „Емилија ме освои затоа што беше неостварлива“, додаде Кокот. Парот минатата година се пресели од Загреб во родниот Задар на Емилија.
Што се однесува до Кокот, неговиот лик можеби не го препознаваат сите на улица, но неговиот глас веројатно сите го знаат. Кокот е можеби најпознатиот спикер на ХРТ, а при спомнувањето на неговото име повеќето, веројатно, веднаш ќе се сетат на реченицата: „Текстот го прочита Миленко Кокот“.
Кокот ја почна својата кариера во „Радио 101“, а како што вели неговата биографија, уште од детството бил фасциниран од најавувачите на Би-би-си, кои коментирале документарни филмови. Потоа, многу рано се префрли на ХРТ и почна да го прави она што го сакаше уште од дете – нарација за документарни филмови и разни други емисии.
Се испроба и во улогата на водител, а го паметиме од емисиите „Седмо чуло“, „Добро јутро, Хрватска“, „Глас домовине“, „Алпе Дунав Јадран“, програмата „За слобода“… Сепак, најголемиот дел од работата го работеше зад камерите, па затоа многумина го паметат исклучиво по гласот. Во 2005 година Кокот ја доби Годишната награда на ХРТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

