Забава
Емили Хемпшир се расплакала на состанок на слепо
Актерката Емили Чемпшир откри дека првпат се пријавила на „Тиндер“, апликација за запознавање нови луѓе, по разводот од сопругот Метју Смит, но ова искуство бргу се претворило во тотална катастрофа.
„Бев штотуку разведена и веројатно не бев подготвена да излегувам. ‘Тиндер’ само што се појави, па почнав да разгледувам. И таму видов еден човек, кој изгледаше фино, нормално, а не како сериски убиец. Значи, ова важи за сите полиња: провери, провери, провери“, рече Емили во разговор со „Ју-ес викли“.
Sвездата на Schitt’s Creek („Шитс Крик“) разменила многубројни пораки со својот „дејт“ пред првата средба лице в лице.
Меѓутоа, Емили (39) ја совадале нервите додека се подготвувала за своето вечерно излегување.
„Не се сеќавам што точно облеков затоа што моето сеќавање се обидува да ја блокира оваа трауматска ноќ надвор од мојата меморија, само паметам дека облеков тесни фармерки и чевли со високи потпетици“.
Кога седнале на маса, Емили се расплакала и додека човекот се обидувал да ја смири, нејзината шминка целосно се размачкала и делови од неа завршиле на неговата кошула.
„Тој се насмеа кога голем меур излезе од мојот нос и ме прегрна. Кога го стори тоа, јас оставив отпечаток од џокерското лице на неговата чиста бела кошула“.
Емили призна дека рандевуто било тотална катастрофа и таа се смета за виновна за тоа. „Најлошиот дел од овој најлош состанок сум јас“.
И покрај ова, Емили останала во контакт со момчето и тие сега се добри пријатели. „До денес, ова е години подоцна, ние се смееме за меурот од носот. Мојот прв ‘дејт’ на ‘Тиндер’, Ари, сè уште е мој драг пријател“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“
Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.
Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.
Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

