Забава
Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје со својот готвач, обожава да јаде говедска опашка

Италијанскиот кантавтор Ерос Рамаѕоти (55) ќе настапи во нашиот град на 30 септември, во рамки на турнејата на која го промовира својот нов албум Vita Ce N’è. Тимот на пејачот испратил список на барања што мора да бидат исполнети.
Тој побарал посебен канал во хотелот на кој се емитува неговиот фудбалски тим, кој неодамна го купил. Пејачот сака да ги гледа нивните натпревари или тренинзи, што и да има тогаш на репертоарот.
Ерос исто така го носи и својот готвач, а од јадењата обожава да јаде говедска опашка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Знаци кои се на „црната листа“ до крајот на годината: ѕвездите ве игнорираат

Ако ви се чини дека ништо не ви оди во прилог, дека луѓето ве избегнуваат без причина и дека универзумот ви испраќа само тишина – не сте луди. Хороскопот за крајот на годината открива дека некои хороскопски знаци се буквално на црната листа на ѕвездите, и тоа без милост.
Ова не е класична астроанализа. Ова е листа на знаци кои се под енергетска блокада, и тоа до крајот на годината. Ако сте меѓу нив – време е да се подготвите, но и да разберете што ви се случува.
Кој е на црната листа?
Близнаци: Премногу сте се расфрлиле. Ѕвездите ви испраќаат тишина додека не научите да престанете.
Девица: Премногу анализирате, премногу чувствувате. Игнорирањето доаѓа како лекција.
Стрелец: Вашата слобода стана бегство. Ѕвездите ве ставаат на пауза.
Риби: Емоциите ја преплавија вашата интуиција. Ви треба тишина за да се ресетирате.
Што значи кога ѕвездите ве игнорираат?
Тоа не значи дека сте проколнати. Тоа значи дека не ви се испраќаат никакви сигнали, можности или луѓе. Како да сте во енергетски вакуум. Оваа фаза е за вас да се исчистите од вишокот, да се соберете, да се вратите кај себе.
Како да ја преживеете оваа фаза?
Не форсирајте контакти – оние на кои им се потребни ќе дојдат.
Пишувајте, медитирајте, одете – тишината е ваш сојузник.
Не барајте потврда однадвор – ѕвездите ве учат дека вашата вредност е внатре.
Не паничете – ова е ресетирање, а не казна.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Крај на гласините за свадбата – дали рекоа „да“?

Пред неколку дена се прошири веста дека еден од омилените холивудски актери, Кијану Ривс, се оженил со својата долгогодишна партнерка Александра Грант, што многумина го дочекаа со ентузијазам, наведувајќи дека никогаш не е доцна за љубов.
Сепак, мора да ги разочараме нивните обожаватели кои со ентузијазам ја дочекаа веста за венчавката на двојката, која е во врска од 2018 година, бидејќи ПР-от на Ривс разговараше со медиумите и ја разјасни ситуацијата.
„Тоа не е вистина. Тие не се во брак“, кратко изјави тој за E! News, негирајќи ги тврдењата дека Кијану и Александра кажале „да“.
Иако немаше венчавка, имаше гласини за деталите од церемонијата. Александра и Кијану се уште се во среќна врска, па тоа не значи дека следниот чекор нема да дојде во блиска иднина.
Две недели претходно, Александра му посака среќен роденден на актерот со емотивна честитка и покажа дека љубовта меѓу нив сè уште цвета.
„Ви благодарам на сите за убавите желби за роденденот на Кијану вчера. Тој имаше одлична прослава! Како што многумина од вас знаат, Кијану не е на ниедна социјална мрежа и не гледа објави освен ако некој не му ги покаже“, го започна таа своето излагање.
„А Кијану… многу сум благодарна за твојата љубов и партнерство. Сега назад на сликањето!“, рече Александра Грант.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Принцезата Шарлин во најубавиот бел фустан

Принцезата Шарлин од Монако присуствуваше на 69-то издание на доделувањето на Златната топка во Париз во понеделник вечерта и навистина го воодушеви светот со својот моден аутфит, внимателно избран за оваа пригода.
Таа изгледаше како вистинска холивудска дива и за момент не беше јасно дали сме на еден од најпрестижните црвени теписи или „само“ на спортски настан.
Убавата принцеза блесна во бел фустан од модната куќа Ели Сааб и се чини дека ова е навистина еден од нејзините најубави аутфити, иако веќе ја видовме во разни прекрасни креации.
Креацијата што ја носеше овој пат се вика Кади, а е изработена од свила и зрачи со елеганција. Но, како што сме навикнати од принцезата – едноставно, со порака дека помалку е секогаш повеќе.
Фустанот има долги ракави со речиси незабележливо зголемени рамена и дискретно ја следи линијата на телото, а на задната страна има голем асиметричен рез и тука всушност се покажува целиот нејзин раскош.
Со оваа божествена креација, таа носеше бела чантичка и сатенски бели чевли, како и луксузни обетки кои дополнително беа нагласени со уредна, елегантна ниска пунџа и црвен кармин.
фото: принтскрин