Забава
Ештон Качер и сопругата Мила Кунис гласаа во Лос Анџелес
Ештон Качер и Мила Кунис гордо ги носеа стикерите „Гласав“ по давањето на својот глас за следен американски претседател во саботата.
Bљубените птички, кои се во брак од 2015 година, се појавија расположени држејќи се за раце, заедно со својата шестгодишна ќерка Вајат и синот Димитри (3).
По искористувањето на своето право на глас во Лос Анџелес, на четиричлено семејство можеше да се видат заштитни маски за лице среде пандемијата на Ковид-19.

Изборните службеници ги повикаа гласачите да ја искористат опцијата за рано електронско гласање бидејќи до денот на изборите на 3 ноември остануваат помалку од две недели.
Во саботата почна и предвременото гласање во округот Лос Анџелес во повеќе од 118 гласачки места, според „Лос Анџелес тајмс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кралицата на Ноќта на вештерките шокира: пристигнаа првите фотографии од најгрдиот костим
Хајди Клум (52), супермодел и кралица на „Ноќта на вештерките“, повторно ја разбранува јавноста со својата најнова фотографија на Инстаграм.
Наместо провокативните и привлечни фотографии на кои сме навикнати, таа објави фотографија од гипс од своето тело, вклучувајќи го грбот и задникот.
Оваа необична објава ги шокираше фановите, но во исто време ги натера да се запрашаат – каков бизарен костим подготвила сега?
Позната по своите неверојатни трансформации за празникот „Ноќта на вештерките“, Клум откри за „Пипл“ дека планира повторно да ја изненади јавноста со нешто сосема спротивно на гламурот.
„Ќе бидам многу грда, бидејќи секогаш се обидувам да направам нешто различно“, рече таа со насмевка и додаде:
„Минатата година бев слатка како Е.Т., но сега сакам да одам на нешто покомплицирано. По црвот, кој беше едноставен, сакав да се вратам на нешто лудо и комплексно. Најгрдото“, додаде Хајди.
фото: принтскрин
Забава
Хју Џекмен и Сатон Фостер ја потврдија врската на црвениот тепих
Хју Џекмен и Сатон Фостер првпат прошетаа по црвениот тепих како пар. Иако актерите претходно се појавија заедно на гала настани, додека глумеа во бродвејскиот мјузикл „Музичкиот човек“, ова е нивно прво заедничко излегување откако почнаа да се забавуваат, објавува Just Jared.
Хју, 57, беше придружуван од неговата партнерка Сатон, која е седум години помлада, на премиерата на неговиот нов филм „Song Sung Blue“. Церемонијата се одржа вчера, како дел од AFI Fest во познатиот кинески театар TCL во Холивуд.
Џекмен веќе доби пофалби од критичарите за својата работа во претстојната музичка драма, а многумина предвидуваат номинација за Оскар за него. Во филмот, тој игра пејач кој му оддава почит на музичката легенда Нил Дајмонд. „Song Sung Blue“ излегува во кината на Божиќ, 25 декември.
Хју се разведе по 27 години брак
Џекмен почна да се забавува со Сатон Фостер во јануари оваа година, само неколку месеци откако објавија дека се разделуваат во септември 2024 година. Двојката беше во брак 27 години и имаат две посвоени деца заедно – Оскар (25) и Ава (19).
Се вели дека нивниот брак почнал да се распаѓа за време на пандемијата, во кое време Џекмен почнал интензивно да работи со Фостер на бродвејската претстава „Музичкиот човек“. Фостер во тоа време сè уште била во брак со продуцентот Тед Грифин, но двајцата сега се во процес на развод. Џекмен и Фостер беа видени заедно во јануари како излегуваат од ресторан во Лос Анџелес држејќи се за раце.
Фото: ЕПА
Забава
(Фото) Малкумина можат да ја воодушеват јавноста како Емили Ратајковски, нејзиното најново издание остава без зборови
Се чини дека Емили Ратајковски имаше само успех оваа година. Откако дебитираше на модната ревија на Викторија Сикрет и ги рашири ангелските крилја за прв пат во кариерата, таа се појави и на насловната страница на списанието „Beyond Noise“.
Модниот едиторијал на списанието комбинира елементи на темното и сексипилното, а тоа најмногу се одразува на црно-белите фотографии.
Популарната манекенка позираше во крзнено палто, кое ја истакна нејзината завидна фигура, а на една од најзначајните фотографии, таа носи само ремен од Гучи, црни ракавици и црна долна облека, без панталони.
Треба да се напомене дека, покрај нејзината зачудувачка фигура и природна убавина, беше забележлив и нејзиниот специфичен поглед – поглед на заводничка што често го „носи“ кога шета по модната писта или позира за модни списанија.
Коментарите од обожавателите на Емили само продолжуваа да пристигнуваат, а многумина напишаа едно нешто – дека е прекрасна…
„Безвременска убавина. Ја сакам“, „Прекрасна си“, „Фотографиите се совршени, исто како тебе“, се само некои од коментарите.
фото: принтскрин

