Забава
Жената која на лажниот Бред Пит му дала 800.000 евра ги покажа пораките што ѝ ги праќал
Француската дизајнерка на ентериери, Ан Деноушател (53), дојде на насловни страници низ целиот свет откако откри дека на измамници кои се претставувале како Бред Пит им дала повеќе од 800.000 евра. Во својата нова книга Je ne serai plus une proie („Нема повеќе да бидам плен“) открива детали за измамата, но и шокантен заклучок – ѝ е драго што сè се случило бидејќи тоа довело до нејзиниот развод од сопругот.
Почеток на онлајн романса
Деноушател раскажала дека била осамена и заробена во несреќен брак со „себичен и манипулативен милионер“ кога на Инстаграм добила порака од личност која се претставила како мајка на Бред Пит. Наскоро започнала разговор и со „лажниот глумец“ преку Телеграм, а таа, како што вели, станала „зависна“ од тие разговори и живеела во „целосна илузија“.
Кога измамникот почнал да бара пари, таа се чувствувала сакана, нешто што ѝ недостасувало во бракот.
„Мојот сопруг ме доведе во непријатна ситуација. Ми рече дека треба да бидам задоволна што сум негов трофеј. Повеќе немав никаква независност. Во еден момент, изгледаше полесно да му помогнам на ‘Бред’ отколку да си помогнам себеси“, изјавила за францускиот „Ле Монд“.
Љубовни пораки и понуда за брак
Со месеци разменувале интимни пораки. Тој наводно ѝ се доверувал за својата зависност од алкохол, за осаменоста и разводот од Анџелина Џоли, а таа му раскажувала за проблемите со сопругот. Деноушател вели дека се чувствувала како на „продолжен меден месец“ додека лажниот глумец ја опсипувал со романтични пораки, љубовни песни, па дури и понуда за брак.
„Моја кралице“, ѝ пишувал. „Ти си сè што имам. Те обожавам. Душо, толку многу те сакам.“ Поради интензивната врска што се развила, таа вели дека се одвоила од реалноста. „Се одвоив од својата вообичаена реалност за да живеам целосна фантазија. Се чувствував како да сум конечно своја.“
Како изгубила повеќе од 800.000 евра
Во текот на 14 месеци, од април 2023 до јуни 2024 година, му префрлила повеќе од 800.000 евра. На почетокот парите биле за наводни царински трошоци за подароци кои тој ѝ ги купил, а кои никогаш не стигнале. Подоцна плаќала огромни болнички трошоци, бидејќи ја убедил дека боледува од рак на бубрезите и дека му е потребна трансплантација.
Тој тврдеше дека неговата банкарска сметка е замрзната поради бракоразводна постапка. Испраќал и фотографии создадени со помош на вештачка интелигенција, на кои наводно се гледа како лежи во болнички кревет. Во еден момент „Бред“ паднал и во кома, поради што таа морала да плаќа и пенали на холивудско студио, бидејќи било одложено снимањето на неговиот нов филм.
Развод од сопругот
Измамената жена конечно престанала со уплатите откако добила барање за речиси 15.000 евра за приватен авион. Емоционално исцрпена и изолирана од семејството и пријателите, случајот го пријавила во полиција. Истрагата открила дека зад измамата стојат тројца мажи од Нигерија.
Откако нејзината приказна излегла во јавност, измамниците последен пат ѝ се јавиле. „Љубов, мојата сметка на Телеграм ја хакирале измамници. Сега ќе направам сè за да ја обезбедам нашата безбедност.“
„Искрено ми е жал ако моето невнимание ја предизвика оваа ситуација“, стоело во пораката.
Иако останала без пари и завршила на психијатриско лекување, Деноушател вели дека разводот од сопругот е „единствената позитивна работа“ што произлегла од оваа болна измама.
Прочитај и: Се претставил како Бред Пит и побарал пари за лекување: му уплатила 830.000 евра
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

