Контакт

Бизарно

Жена роди дете од тринаесетгодишно момче, сопругот знаел сè

Објавено пред

Триесет и едногодишна жена беше уапсена во италијанскиот град Прато во регионот Тоскана. Жената е во домашен притвор и постои сомневање дека има седуммесечно дете, чиј татко е момче. Момчето, наводно, имало само 13 години кога жената почнала да спие со него, а денес има 14 години. Под истрага е и нејзиниот сопруг, кој знаел дека детето не е негово, но го признал. Двојката исто така има син на возраст од 11 години, но истражувачите се сомнителни, па испитуваат дали тоа дете е на сопругот или жената го родила по можна афера со некој многу помлад. Властите почнаа да го истражуваат случајот во почетокот на март. „Кориере дела сера“ пишува дека им се обратила мајката на момчето. Таа рече дека нивната семејна пријателка му давала на момчето инструкции по англиски.

dobivaj vesti na viber

„Мојот син стана нервозен, сè помалку јадеше, лошо учеше. Го прашав што е не е во ред. Тој ми кажа дека е виновна таа жена, дека го сака за себе. Тој ми кажа дека повеќе не сака да оди кај неа и дека бебето што го родила не е на сопругот, туку негово“, рече мајката на момчето.

Осомничената е во притвор од вторникот. На нејзиниот компјутер нашле детска порнографија. Обвинителот Џузепе Николоси рече дека жената му праќала пораки на момчето, му се заканувала дека ќе се убие бидејќи момчето сакало да ја прекине врската со неа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Пешаците и возачите на велосипеди и тротинети од денес под нови правила: нема слушалки и телефони

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност...

Свет47 минути

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел...

Македонија1 час

До понеделник посвежо време со повремени врнежи, локлно поројни со грмежи и ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од...

Македонија9 часа

(Видео) Нов пожар го труе Скопје: Намерно запалена депонија во Арачиново

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од...

Македонија13 часа

Мицкоски од Струмица: По 7 години кочење, започнува доизградбата на стариот театар

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Како Влада продолжуваме да ги...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова во ОН: Руската агресија директно ги загрозува меѓународниот мир и безбедноста

Потресите на меѓународниот поредок отворија длабоки геополитички раседи. Еден од најактивните е во Украина, каде веќе три и пол години...

Македонија17 часа

Ресенчани алармираа: Преспа има годишно по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа и’ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и...

Македонија18 часа

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни...

Македонија20 часа

Се запали цистерна што превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево, цистерна, која превезувала нафта, излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување...

Македонија22 часа

Параглајдинг-несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба „Охрид“ извести дека вчера, околу 18.30 часот, добила повик од група параглајдеристи, кои летале од падините на...

Македонија22 часа

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада од 18 часот пред Паркот на жената борец: Да изградиме поинаков свет – свет без насилство врз жените

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денеска од 18...

Македонија23 часа

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува...

Европа24 часа

Украина: Соборивме моќен руски „су-34“

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу...

Свет24 часа

(Видео) Хутите лансираа два дрона кон Израел, едниот погоди хотел: има повредени

Беспилотно летало лансирано од јеменските Хути повреди 22 лица во јужниот израелски град Еилат, соопштија израелските служби за итна медицинска...

Свет1 ден

Трамп е убеден во тројна саботажа во Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да започнат истрага за „тројната саботажа“ во која тој бил во...

Свет1 ден

(Видео) Хонг Конг се закрепнува од супертајфунот Рагаса, повеќе од 100 повредени

Хонг Конг денес ги обнови летовите од својот меѓународен аеродром, додека густо населениот град се опоравува од супертајфунот Рагаса што...

Свет1 ден

Макрон: Цивилите и заложниците во Газа не смее да бидат оставени во рацете на Нетанјаху

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ја критикуваше владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нејзиниот став во врска со војната...

Европа1 ден

(Видео) Неидентификувани дронови над четири аеродроми во Данска: oва е вторпат оваа недела

Неидентификувани дронови се забележани над четири аеродроми во Данска, поради што еден од нив е затворен неколку часа, соопшти данската...

Македонија1 ден

Филипче: Поради пропаднатата коалиција со Арсовска и политичкиот инает, Скопје остана без клучни одлуки

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска од Аеродром изјави дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа Скопје...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Нашите соседи наместо да не поддржат користат вето, крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН....