Забава
Заедно 14 години: Никол Кидман и Кит Урбан слават годишнина
Актерката Никол Кидман и кантри-ѕвездата Кит Урбан заѕвонија на 14-тата годишнина од свадбата овој четврток.
Никол и Кит Урбан беа забележани од папараците вчера попладне додека излегуваа од ресторан во „Беверли Хилс“ каде што зеле спакуван ручек за носење.
53-годишната оскаровка во стилска комбинација од елегантен бел блејзер и сламен шешир беше фотографирана пред кафулето Ферарини.
На себе има тесни фармерки кои одлично прилегаат на нејзините долги тенки нозе, летна цветна блуза, и нејзиниот заштитен знак – природно руса коса слободно пуштена.
На големиот ден, сопругот Кир на својот Инстаграм напиша: „Среќна годишнина бејби !!!!! 14 години …. а јас се чувствувам како твој дечко на СИТЕ вистински начини !!!! “
Во објавата Кит постираше фотографија од нив двајца на плажа.
И двајцата се Австралијци. Кит е роден во Нов Зеланд, но израснат надвор од Бризбејн, додека Никол е родена во Хонолулу и израснала во Сиднеј.
Голем ден: Кидман и Урбан по нивната свадбена церемонија во Сиднеј, во јуни 2006 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Џиџи Хадид и Бредли Купер конечно снимени заедно, на натпревар
Актерот Бредли Купер (50) и манекенката Џиџи Хадид (29) се фотографирани на НФЛ натпревар помеѓу Лос Анџелес Рамс и Филаделфија Иглс.
@myboybraids Eagles Football 🏈#philadelphiaeagles #fyp #bradleycooper #gigihadid ♬ original sound – BillyBadAss
На „Тик ток“ се појави видео од натпреварот. Некој од публиката го снимил парот како ентузијастички навива од горната ложа на трибините. Џиџи плескаше, а Бредли викаше и мавташе со рацете.
Забава
Никол Шерцингер позираше во бикини и ја покажа својата завидна фигура
Никол Шерцингер отпатува на Хаваи.
46-годишната пејачка на Инстаграм сподели неколку фотографии од плажа, каде позира во црни бикини, во комбинација со парео со дезен. Таа напиша емотивна порака во описот на објавата.
„Нема ништо помоќно од љубовта, поврзаноста и благодарноста. Благодарна сум што успеав да ја направам мојата прва пауза од Бродвеј за да ги наполнам батериите“, напишала Никол, која е родена на Хаваи.
Забава
Меланија Трамп на инаугурацијата носеше дизајнерско палто од 4.000 евра
Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави во интересна облека која привлече внимание.
Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темно сино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липес. Цената на капутот, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра.
Меланија го комплетираше изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темно сини велур потпетици, кои одговараа со палтото на нејзиниот сопруг.
Првата дама ги поддржа американските дизајнери со нејзиниот моден избор за инаугурацијата, додека за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен, оддавајќи почит на Џеки Кенеди.