Забава
Зара Холанд се соочува со судење за кршење на антикорона-мерките на Барбадос
Ѕвездата на реалното шоу „Љубовен остров“, Зара Холанд, се соочува со кривично гонење за наводно кршење на правилата против Ковид-19 додека била на одмор во Барбадос.
Островската полиција соопшти дека поранешната мис на Велика Британија се очекува да се појави пред судот в среда обвинета за кршење карантин. Наредникот на станицата, Мајкл Блекман, за „Њузбит“ изјави дека Холанд била пресретната на аеродромот, а подоцна се претставила во полициска станица.
Не е јасно дали таа ќе се појави на суд лично или преку видеоврска.
Извинување од 25-годишната девојка за она што го опиша како големо недоразбирање објави веб-страницата „Барбадос тудеј“. Таа за порталот изјави: „Јас сум била гостин на овој прекрасен остров повеќе од 20 години и никогаш не би сторила ништо за да ја загрозам целата нација за која немам ништо друго, освен љубов и почит, и која секогаш ме третира како семејство“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.
Забава
(Фото) Крие магија под капутот: една од најубавите жени во најкраткото фустанче досега
Актерката Ања Тејлор Џој се појави на настан во Њујорк организиран од „Тифани и ко.“ и ги потсети сите зошто баш таа е избрана за најубава жена на светот.
Русокосата убавица за овој настан избра краток бел фустан, со асиметричен топ и висока јака, што му даде на целиот моден изглед доза драма.

Но, и покрај сето тоа, нејзините долги нозе беа во преден план, па нема некој кој не ѝ обрна внимание на Ања кога се појави пред фотографите.

За дополнително да го нагласи својот изглед и шминката, Ања ја исправи косата и ја собра во пунџа, а белиот фустан го спои со едноставни потпетици во иста боја. Преку него носеше преголем капут, исто така во бела боја, кој од сите детали имаше само ремен за да ја нагласи половината.

И тоа беше доволно Ања Тејлор Џој да биде главна тема уште од првиот чекор.
фото: принтскрин

