Забава
Заштитена со железен предбрачен договор, Мери-Кејт Олсен сака што побргу да се разведе
Холивудската актерка и дизајнерка Мери-Кејт Олсен има железен предбрачен договор кој ѝ гарантира дека нејзините деловни интереси и богатството ѝ се заштитени во случај на развод од Оливие Саркози, тврдат таблоидите.
Таа наводно се разведува од 50-годишниот сопруг, банкарот Оливие Саркози, полубрат на поранешниот француски претседател Николас Саркози, по пет години брак.
А што се однесува до судбината на нејзиниот имот, извор откри за „Ју-ес викли“ дека 33-годишната ѕвезда на серијата „Полна куќа“ и успешна дизајнерка има железен предбрачен договор.
„Нејзините деловни интереси и богатството ѝ се заштитени“, рече инсајдерот.
Според ТМЗ, Олсен веќе побарала да се спроведе договорот.
„Форбс“ ги рангира Мери-Кејт и нејзината сестра близначка Ешли меѓу 11-те најбогати жени во светот на забавата во 2007 година, со проценета комбинирана нето-вредност од 100 милиони долари.
А од 2019 година познатите близначки сега вредат по 250 милиони долари секоја.
ТВ-актерката, која стана моден дизајнер, во април се обидела да поднесе барање за развод од францускиот банкар, но судот рекол дека процесот ќе почека поради пандемијата на коронавирусот, објави ТМЗ во средата.
Сега Олсен инсистира да се забрза формалниот развод бидејќи двајцата веќе живеат одвоено, а исто така да биде почитуван и нејзиниот предбрачен договор. Таа бара од судот без одлагање да ѝ дозволи да се разведе.
Мери-Кејт е во брак со Оливие, полубрат на поранешниот француски претседател Николас Саркози, од 2015 година.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“
Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.
Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.
Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

