Забава
„Првпат чувствувам надеж“: последната објава на Шенон Доерти крши срца
Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс 90210“, почина на 53-годишна возраст по долгогодишна борба со ракот на дојката.
На актерката првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојката во 2015 година, а по мастектомијата, болеста ѝ се прошири на лимфните јазли во 2018 година. Една година подоцна дознала дека ракот се проширил и е во четврта фаза и морала да оди на операција на мозокот.
Шенон ја сподели својата последна објава на „Инстаграм“ пред две недели откривајќи како се чувствува како дел од нејзиниот поткаст.
„Првпат не знам колку долго ќе бидам на хемотерапија и дали ќе биде три или шест месеци или за три месеци ќе сфатиме дека тоа не функционира и повторно ќе го промениме третманот“, рече таа.

„Тоа не е нешто што можам да го предвидам. Тоа не е нешто што моите лекари може да го предвидат и е страшно. Иако е голем повик за будење, има и позитивно. Позитивното е што молекуларните структури на моите клетки на ракот неодамна се променија. Тоа значи има повеќе протоколи што може да ги испробаат“, објасни таа.
„Првпат по неколку месеци чувствувам надеж бидејќи сега има толку многу опции. Имав надеж и порано, но сепак се подготвував“, вели таа во својата последна објава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џесика Алба и Дени Рамирез ја потврдија врската, објавија заеднички фотографии
Актерот Дени Рамирез ја потврди својата врска со Џесика Алба, објавувајќи серија фотографии на Инстаграм. 33-годишната ѕвезда од филнот „Captain America: Brave New World“, сподели неколку слатки селфиња со 44-годишната актерка во неделата навечер, направени на галата „Baby2Baby“ што се одржа претходната вечер.

Иако Дени и Џесика пристигнаа одделно на црвениот тепих на годишниот добротворен настан во саботата навечер, тие позираа заедно во просторијата, а фотографиите брзо се појавија на социјалните мрежи, потврдувајќи ги шпекулациите за нивната романса.

„Каква прекрасна вечер од целиот тим на @baby2baby и сите што донираа. Собрани се 19,5 милиони долари за неколку минути! Им помагаме на baby2baby да ги поддржат децата низ Америка и да продолжат со нивната витална работа за обезбедување основни потреби на семејствата во нужда. ❤️🔥“, напиша Рамирез покрај објавата. Алба коментираше со емотикони во облик на срце.
Џесика, исто така, сподели фотографии и видеа од настанот, вклучувајќи групно селфи со Дени. „Каква прекрасна вечер на @Baby2Baby Гала – толку сум горда на виталната работа на Baby2Baby, која обезбедува основни залихи за над милион деца во нужда низ целата земја секоја година. Синоќа ја почестивме @serenawilliams со наградата The Giving Tree Award – и собравме 19,5 милиони долари (!!) за да продолжиме со оваа витална работа. Благодарна сум што сум дел од толку неверојатна заедница“, напиша актерката, а Дени одговори на нејзината објава со љубовни емотикони.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) „Има 53 години, каква кралица!“: Северина направи три ѕвезди во штикли
Во Арената Загреб, покрај падот на сцената за време на нејзиниот настап, Северина направи и три беспрекорни ѕвезди во високи потпетици.
Првиот од двата концерти беше комбинација од мали гафови и импресивни физички акробации, што на крајот ја остави публиката воодушевена.
Потоа се пошегува за ситуацијата на Инстаграм, каде што објави видео од падот, но и снимка од нејзиното изведување на три ѕвезди во високи потпетици, што предизвика воодушевување кај нејзините обожаватели.
„Вечерва, се надевам, нема да има паѓање… Иако, не сакам да ве оставам без таа ‘сензационална’ сцена. Затоа, ако се случи, сметајте ја за намерна (чисто „заради рамнотежата меѓу ѕвездите“)“, напиша таа заедно со видеото.
Набрзо следеа бројни комплименти од нејзините обожаватели, кои во коментарите ѝ порачаа: „Драга Северина, повторно покажа колку си одлична! Паѓаш, стануваш и сјаеш уште посветло. Твојата енергија и насмевка секогаш го допираат срцето. Ти благодарам што остануваш толку автентична и силна“, „Само ти можеш да го направиш ова“, „Луѓе, оваа жена има 53 години… каква кралица е“, „Таа е во подобра форма од многу помлади девојки“.
фото: принтскрин
Забава
Дали се чувствувате дополнително уморни за време на менструацијата: постои причина за тоа
Кога се справувате со грчеви, крварење и сите други несакани ефекти од менструацијата, дефинитивно сакате да се чувствувате подобро што е можно поскоро.
Ни треба добра енергија за полесно да се справиме со сите проблеми што доаѓаат со тоа време. Но, за жал, тоа време од месецот ја троши целата ваша енергија. И се испоставува дека дури постои и здравствена причина зошто сме толку уморни за време на менструацијата.
Десет дена пред да започне менструацијата, вашето тело се надева дека јајце клетката ќе се сретне со сперматозоид и ново суштество ќе почне да расте во вашата матка.
Кога јајце клетката не е оплодена, хормоните потребни за бременост сега се ирелевантни и, како резултат на тоа, нивните нивоа одеднаш паѓаат. Кога ќе се случи ова, вашето тело преминува од високо ниво на хормони на нула хормони, а оваа промена предизвикува некои други промени во вашето тело, што го става вашето тело во состојба на замор.
Нивото на хормони почнува повторно да расте една недела по почетокот на менструацијата и достигнува врв за време на овулацијата (околу две недели по почетокот на менструацијата). Колку се повисоки вашите нивоа на хормони, толку повеќе енергија имате. Во оние денови кога се чувствувате како зомби, добра идеја е да вежбате, да останете хидрирани, да јадете редовни, здрави оброци и да спиете најмалку осум часа навечер.
Меѓутоа, ако ниту една од овие мерки не помогне, имајте на ум дека вашата енергија ќе се врати за неколку дена.
фото: принтскрин

