Забава
Земја во која е забрането да се внесе контрацепција
Лекот против грип би можел да биде погрешно протолкуван на граница на некоја друга земја. Еве некои земји кои забрануваат таблети за спиење, а некои дури и контрацепција.
Во САД е забрането внесување лекови што предизвикуваат зависност, како антидепресиви и таблети за спиење без рецепт. Што значи, доколку консумирате таблети за спиење за време на долгиот лет, имајте го ова на ум. За да внесете каков било антидепресив или средство против болки што предизвикува зависност во САД, морате да имате согласност од доктор.
Верувале или не, некои сосема вообичаени лекови се на црната листа во Саудиска Арабија, вклучително и контрацептивните таблети, како што се адвил и панадол. Исто така, забрането е сè што содржи кодеин, валиум или риталин, како и лекови за лечење на ХИВ, сида и хепатит. Во случај на нужна потреба, патниците може да добијат дозвола да внесат терапија што ќе биде доволна за 30 дена, но само ако имаат дозвола од Министерството за здравство.
Рестрикциите се однесуваат на некои лекови кои содржат кодеин, па така лекот што се користи за лечење хиперактивност и кој во сите земји нормално се препишува, во Тајланд може да биде одземен на граница.
Без рецепт забранети се таблетите за спиење и лековите за ерективна дисфункција и анксиозност во Хонк Конг. Сингапур ги забранува мастиките против пушење цигари, таблети против анксиозност, несоница и против болки без рецепт.
Јапонија е многу пријателска земја, но кога станува збор за лекови, полтиката е многу строга. Лековите што содржат кодеин или морфиум бараат посебен документ за да се внесат во земјата.
Во Кина немој ни да тргнувате ако за секој лек немате образложение од лекар.
Грција има построги мерки за кодеин од другите земји во ЕУ. Сите лекови кои се наркотици бараат одобрување од јужнокорејската администрација за храна и лекови, како и рецепт од лекар.
За секој сомнителен лек во Русија се бара рецепт, како што се антидепресиви, таблети за спиење и лекови што содржат кодеин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

