Забава
Зендаја повеќе сака да е актерка отколку поп-ѕвезда

Зендаја смета дека не би можела да се справи со животот како поп-ѕвезда.
Ѕвездата на новиот „Спајдермен“ смета дека тоа што е во Холивуд сепак ѝ дава ниво на анонимност која би ја немала доколку одлучеше да ја прифати музиката како кариера.
„Тоа е затоа што, како актер, имам ниво на анонимност, што навистина ми се допаѓа. Можам да ги средам моите работи и никој не мора да знае за тоа“.
25-годишната актерка, која има претходно искуство како поп-ѕвезда, истакна дека кога е музиката во прашање, нема граници во однос на приватниот живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.