Забава
Идниот Џејмс Бонд би можел да биде небинарен, вели продуцентот
Даниел Крег се откажа од портретирањето на тајниот агент 007, иако продуцентката Барбара Броколи ги отфрли сугестиите идната верзија на ликот да ја глуми жена, таа призна дека е можно улогата да му припадне на некој кој се идентификува себеси како небинарен род, односно дека не е ниту машки ниту женски.
Во поткастот Girls On Film, водителката Ана Смит ја праша Барбара дали мисли дека 007 секогаш ќе биде машко и таа одговори: „Да, затоа што мислам дека не би требало да снимаме филмови во кои жените глумат мажи.“
„Мое мислење е дека треба да правиме повеќе филмови за жените. Сметам дека Бонд треба да биде маж“.
Но, кога Ана предложи „Небинарен род, можеби, еден ден?“, таа одговори: „Кој знае? Мислам дека е отворено како опција. Само треба да го најдеме вистинскиот актер“.
Продуцентката потврди дека следниот Бонд не мора да биде белец. „Сакаме актерот да биде Британец, а Британец, како што знаеме, може да биде многу тоа“, рече таа.
Хенри Кавил, познат по својата улога во „Супермен“, неодамна се претстави себеси како потенцијален Бонд и рече дека би му било чест да разговара со продуцентите.

И Хенри Голдинг претходно откри дека му е чест што го поврзуваат со култната улога и нагласи дека е вистинско време за Бонд кој не е бел. „Јас сум Азиец и сите се борат за диверзитетен Бонд – извинете, белци“, рече тој во една пригода.

Други имиња што се споменуваа во медиумите како можни кандидати се Том Харди, Идрис Елба, Реге Жан Пејџ и Пол Мескал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три хороскопски знаци се родени дипломати
Во астрологијата постојат знаци кои како да имаат природен талент за дипломатија. Нивните зборови се внимателно одбрани, реакциите не се импулсивни, а смиреноста им е најсилно оружје. Наместо да ја кажат вистината во лице, тие знаат како да ја кажат без да повредат некого.
Вага
Вагата е симбол на рамнотежа. Кога расте тензијата, таа прва ја забележува и се обидува да ја намали. Ги разбира двете страни и бара средина во која сите можат да се препознаат. Не ѝ е цел победа, туку хармонија.
Девица
Девицата не сака драма. Додека другите реагираат емотивно, таа анализира. Нејзината дипломатија се темели на логика и факти. Укажува на грешки без понижување и нуди практични решенија наместо расправии.
Јарец
Јарецот зборува малку, но кога ќе се вклучи, неговите зборови имаат тежина. Дејствува стратешки и се вмешува само кога е потребно. Не манипулира со емоции, туку поставува граници и го враќа фокусот кон целта.
Забава
(Видео) Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“
Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“, емотивна поп-балада која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи.
Автор на музиката и аранжманот е Панче Касапски, додека текстот е дело на Кристина Зимбакова Маркоски, во продукција, микс и мастеринг на Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и во пратечките вокали.
Видеоспотот се снимаше во планинскиот еко центар Grizzly – уникатна дестинација на најубавиот видик на езерото Козјак, во продукција на 20TWO Studio a под режисерската палка на Крсте Шупев.
Видео записот ја следи оваа внатрешна трансформација преку силна визуелна симболика. Главниот лик е жена која надворешно изгледа смирено и контролирано облечена во црно, во стаклен простор среде шума. Таа гледа кон светот надвор, но останува затворена во сопствената тишина, стабилна однадвор, а скршена одвнатре.
Во вториот дел од приказната, истата жена е прикажана во стаклена кутија, обвиткана во нежни слоеви, речиси разголена од сопствените заштити , ранлива, искрена и без маска.
Стиховите „Тажно е што не те ни боли…“ и „Да поверувам, небитен си“ добиваат силна визуелна тежина, претворајќи ја песната во приказна за најтешката битка, прифаќањето дека си станал небитен за некој кој сè уште ти значи.
Во финалето, двете верзии на истата жена се соочуваат лице в лице, допирајќи се преку стакло. Тоа е момент на вистина , прифаќање на болката и сознание дека силата започнува токму кога ќе ја признаеш.
Стајлингот е на самата Симона, во уникатните одела на Сигнори.
„Небитен“ е приказна за љубовта што тивко крши и за храброста да прифатиш дека повеќе не си нечие „сè“.
Забава
Грдо изгледа, но е превкусен: здрава верзија на банана лебот
Без брашно, без шеќер и без грижа на совеста – здравата верзија на банана лебот е сè што ви треба за да ги ограничите желбите за слатки.
Сите го знаеме рецептот за популарниот банана леб кој одамна го освои светот, но… Дали знаевте дека овој деликатес, или како и да сакате да го класифицирате, сега има своја здрава верзија?
Да, добро слушнавте!
Фитнес манијаците исто така си ги извалкаа рацете овде, претворајќи сосема обичен рецепт во вистинска нутритивна бомба – без брашно, без шеќер и без грижа на совеста!
Состојки:
- 3 банани (по можност презреани)
- 3 јајца (средна големина)
- 2 лажици грчки јогурт (би било добро ако користите вистински грчки јогурт)
- една лажичка мед (можете да користите две, но бананите се доволно слатки)
- една лажичка екстракт од ванила
- 2 чаши (на пример од 240 г) мелени овесни снегулки
- една лажица протеини (30 г протеини од ванила, но ќе биде доволен и кој било друг вкус. Можете, но не морате да го додадете ова)
- прстофат сол
- сода бикарбона – доволно за да се покрие врвот на лажичката
- една лажичка прашок за пециво
- боровинки – (можете, но не морате)
- темно чоколадо за посипување (можете, но не морате)
Подготовка:
Изгмечете 3 банани во сад, додадете јајца, грчки јогурт, мед и екстракт од ванила. Измешајте малку рачно, а потоа со миксер. После тоа, додадете суви состојки – овесна каша, протеини, сол, сода бикарбона, прашок за пециво.
Мешајте повторно 5 минути.
Време е за печење!
Истурете половина од филот во калапот, потоа додадете боровинки. После тоа, премачкајте ги боровинките со остатокот од филот, а потоа наросете со чоколадо.
Во претходно загреана рерна, печете го лебот од банана на 200 степени, на хартија за печење – 20 минути (можеби ќе треба да печете уште 5-6 минути, но потоа намалете ја температурата на рерната на 150 степени)
Естетиката на лебот не е јаката страна, но затоа е превкусен.

