Забава
Индиец со златна маска се штити од коронавирус
Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го заштити од коронавирусот. Потребни биле осум дена да се направи маска над која е ставено 60 грама злато, рече Курхаде, кој живее на западниот дел на Индија.
„Тоа е тенка маска со мали пори за да можам да дишам“, рече тој за АФП, но призна дека сè уште не е сигурен дека таквата маска може да го заштити од вирусот, поради што презел и други заштитни мерки.
Шанкар Курхаде има 49 години, а кога излегува, сака да стави накит тежок околу еден килограм. Околу вратот носи златен ланец, носи нараквици и прстен на секој прст на десната рака.
Индиецот, кој поседува фабрика за градење на хангари, рече дека дошол до идеја да направи златна маска откако гледал извештај за човек кој за себе направил сребрена маска.
„Луѓето сакаат да се сликаат со мене затоа што се импресионирани кога ја гледаат златната маска којашто ја носам на пазарот“, додаде тој.
Во Индија задолжително е да се носи заштитна маска на јавни места во борбата против коронавирусот. Во таа земја, вирусот зарази 650.000 луѓе, од кои починале повеќе од 18.600.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“
Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.
Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.
Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

