Забава
Инспиративна приказна за убавица од Гана која одбила богаташ, среќата ја пронашла во своето село
Хамамат Монти е инфлуенсерка од Гана, претприемач, поранешен модел и манекенка која победи на изборот за Мис на Африка во 2007 година. Често во медиумите ја нарекуваат африканска божица, опис со кој повеќето ќе се согласат штом ќе видат нејзини фотографии.
Животната приказна на убавата Хамамат е интересна и инспиративна за многу жени и самохрани мајки.
Нејзина фотографија се појави на Инстаграм пред неколку месеци и таблоидите ги привлече несекојдневната убавина – веројатно најшарениот и еден од најубавите профили на оваа социјална мрежа.

Хамамат најчесто објавува фотографии од неа и нејзините две деца, фотографии што го прикажуваат традиционалниот живот во нејзиното родно село. Таа прави путер, фаќа риба, бере овошје, а во исто време изгледа беспрекорно во нејзините весели, шарени фустани, со убава кожа и совршена насмевка.
Хамамат има над милион следачи, поради што дефинитивно спаѓа во категоријата на поуспешни инфлуенсери. Сепак, нејзиниот профил нуди прозорец кон еден поинаков начин на живот кој не често, или воопшто, не го гледаме на социјалните мрежи.

Обично луѓето од африканските села каде што живеат под сламени покриви немаат навика да го споделуваат својот животен стил на социјалните мрежи. Таблоидите ги заитересира која е оваа убавица и инфлуенсерка, која најверојатно сака да може да живее во поекстравагантен стил, типичен кај повеќето инфлуенсери.
Хамамат се занимава со манекенство уште од тинејџерска возраст, а во едно интервју, 33-годишна Африканка од мало село во близина на Болгатанга отворено зборува за тоа како нејзина желба по победата на натпреварот за убавина била да се омажи за богат човек кој ќе ѝ овозможи полуксузен живот.
Набргу по победата на изборот за убавина, таа запознала богат Финец кој веднаш се вљубил во неа. И семејството и пријателите ја убедувале да се омажи за него.
Сепак, и покрај соништата за полуксузен живот, убавата манекенка го одбила милионерот кога ѝ понудил брак. „Едноставно не можев да се ставам во кутијата на африканска жена која се омажила за белец за пари“, вели Хамамат. Подоцна се омажила за друг човек од своето село со кого има две деца.
„Кога се вратив дома, постојано ме потсетуваа дека сум Африканка, дека има некои работи што не треба да ги правам, одредени амбиции со кои не треба да се забавувам. Тоа ми беше проблем бидејќи никогаш за себе не мислев како за Африканка. За мене, граница беше мојот капацитет, мојата способност“, пишаува Хамамат на својот инстаграм-профил.
Таа го лансираше брендот Hamamat African Beauty. Заедно со другите членови на семејството, рачно прави путер и го продава низ целиот свет. Бизнисот напредувал толку брзо што таа дури учествувала и на Африканскиот економски форум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

