Забава
„Инстаграмот“ на Мадона означен поради ширење лажни инфорации за Ковид-19

Профилот на „Инстаграм“ на Мадона е означен поради наводно ширење лажни информации за коронавирусот.
Веб-страницата за споделување фотографии ја цензурира поп-ѕвездата кога таа на своите 15 милиони следачи им сподели видео со наводна теорија на заговор за коронавирусот.
Во објавата, која сега е избришана, пејачката вели дека вакцината против Ковид-19 е веќе пронајдена, но се крие за да им се овозможи на богатите дополнително да се збогатат, а сиромашните да се разболат.
Мадона сподели и видео со д-р Стела Имануел, докторка од Хјустон, која тврди дека успешно излекувала 350 пациенти со коронавирус. „Лекот е пронајден и докажан и е достапен со месеци, а тоа е антималаричниот лек ‘хидроксихлорокин’“.
Мадона покрај видеото напишала: „Тие попрво ќе ги остават богатите да се богатат, а сиромашните и болните да се разболат. Оваа жена е мојот херој – благодарам Стела Имануел“.
Инстаграм го замагли видеото и додаде опис: „Лажни информации“. Исто така, со линк ги насочи корисниците кон информативна веб-страница која целосно ги негира тврдењата на Имануел.
Видеото подоцна беше избришано од инстаграм-профилот на Мадона, но не пред следачите да почнат да протестираат поради нејзината одлука да сподели ваква објава.
Меѓу нив беше и поп-sвездата Ени Ленокс, која коментира: „Ова е крајно лудило!!! Не можам да верувам дека ја поддржуваш оваа опасна теорија на заговор“.
„Се надевам дека твојата веб-страница е хакирана и дека ти едноставно ќе го објасниш тоа“, додаде Ленокс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајкл Џордан на прошетка во Дубровник

Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан моментално престојува во Хрватска, каде што е на одмор со сопругата Ивет Прието и пријателите. НБА легендата беше снимена додека шеташе во Дубровник и го привлече вниманието на минувачите, пренесе „Инекс“.
По посетата на Скрадин и Националниот парк Крка, познатиот кошаркар отишол во Хвар. Џордан ручал и уживал во друштвото на пријателите и опуштената атмосфера, а интересно е што тој носи своја текила со себе и само неа ја пие.
На свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржува во Венеција, присуствуваат бројни познати личности, а еден тиктокер направи фотографија од јахтата на Мајкл Џордан наречена М’Брејс, вредна околу 115 милиони долари, поради што многумина помислија дека тој ќе се појави на свадбата на славниот пар.
Мајкл Џордан последен пат ја посети Хрватска во август 2021 година.
Забава
Лорен Санчез фотографирана во пресрет на свадбата, блеска во бело

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат на церемонија на венецијанскиот остров Сан Џорџо Маџоре, каде што невестата отиде со глисер.
На денот на нејзината свадба, Санчез блескаше во бело, а изгледот го комплетираше со очила за сонце и бела марама. 55-годишната Санчез позираше насмеана за фотографите пред свадбата, која треба да се одржи попладне, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нејзината венчаница.
Според повеќе медиумски извори, двојката наводно се венчала пред еден месец во САД. Овие наводи се поткрепуваат со фактот дека во Италија не побарале потребна документација за нивниот брак да биде правно важечки. Свадбената церемонија во Венеција е симболична, а двојката наводно потпишала договор од повеќе милиони долари пред нивната граѓанска венчавка во САД.
Безос и Санчез се домаќини на тридневна прослава со голем број познати личности, меѓу кои Иванка Трамп и Џаред Кушнер, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Клое Кардашијан, Опра Винфри и Гејл Кинг, милијардерот Бери Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, легендата на НФЛ Том Брејди и музичкиот могул Скутер Браун, како и неодамна слободниот Орландо Блум.
Забава
Пејачката Џеси Џеј го победи ракот

Џеси Џ. откри дека официјално го победи ракот, само неколку недели откако објави дека е на операција за тумор на дојка.
Британската пејачка Џеси Џеј, која на 3 јуни објави дека има рак на дојка, а пред помалку од една недела беше оперирана, ја објави најдобрата можна вест – лекарите ѝ кажаа дека повеќе нема рак.
Jessie J reveals her breast cancer is ‘all gone’ after surgery as she gives health update
https://t.co/TP5sRH0SAk— The Sun (@TheSun) June 26, 2025
На Инстаграм, Џеси се пошегува дека нејзината брадавица е сè уште на место, а времето за закрепнување ѝ даде совршен изговор да го гледа „Love Island“ без грижа на совеста.
Таа додаде дека во најтешките моменти имала силна поддршка покрај себе – нејзината мајка, нејзиниот сопруг Ченан Колман и нејзиниот син Скај.
„Многу ми значеше што се поврзав со други кои минуваат низ истата битка“, истакна таа и објави дека поминала низ „постоперативна болка“.
Џеси беше многу оптимистична од самиот почеток на ужасната дијагноза, им кажа на своите обожаватели дека раното откривање на болеста е „светлина во тунелот“ и дека прави пауза од турнеите за да го стави своето здравје на прво место.