Забава
Интернационалниот LEGO® фестивал доаѓа и во Македонија
По Брно, Братислава, Загреб и Софија, официјалниот LEGO® фестивал за прв пат доаѓа и во Македонија, ексклузивно во Skopje City Mall. Во период од 04.03 до 26.03 Скопје ќе искуси едно уникатно доживување и забава, а посетители од сите возрасти ќе имаат можност да учествуваат и да ја изразат својата креативност.
Преку изложба на 20 големи 3Д официјални LEGO фигури, осум уникатни LEGO глави од LCP Dirk Denoyelle од Белгија (само 15 во цел свет), работилници и зони за играње, интересни квизови, натпревари и попусти на LEGO производите, ќе ја почувствувате LEGO магијата и светот на LEGO коцките. Подгответе се за интерактивни, креативни и едукативни содржини и активности за вас и целото ваше семејство. Организацијата на овој настан ја поддржаа Лајка Мобајл, ЕВН и КРШ Тојс.
„Огромна чест и задоволство нѝ е што сме домаќини на настан од ваков тип – интернационален фестивал кој е под франшиза на The LEGO Group. Ова е наша 5-та успешна година и затоа одлучивме да ја започнеме со едно интересно искуство и во знак на благодарност на нашите верни посетители да им понудиме уникатно доживување. Сите ќе можат да уживаат и да го разбудат детето во себе со овие безвременски играчки, а воедно ќе можат да ја изразат креативноста и бујната имагинација преку различни работилници и натпревари“, вели Дарко Панчевски од Skopje City Mall.
„Само најдоброто е доволно добро.” – Токму ова било мотото на основачот на The LEGO Group, Оле Кирк Кристиансен во 1932 година. Тој верувал дека децата заслужуваат играчки изработени од најквалитетни материјали со совршена изведба. Го смислил името LEGO така што ги комбинирал првите две букви од данскиот израз “LEG GODT” што во превод значи “добра игра” – незнаејќи дека едно од значењата на изразот на латински е “jaс составувам”. Денес, зборовите на основачот и понатаму се движечка сила на компанијата, а LEGO® производите и понатаму се пренесуваат од една генерација на друга, поттикнувајќи ја креативноста и фантазијата на децата и возрасните ширум светот.
Концептот и развојот на производите главно се одвива во седиштето на The LEGO Group во Данска. Креативните јадра се составени од многу дизајнери од различни националности. Дизајнерите имаат многу сознанија за детските шеми на игра и начинот на кој децата ги развиват интересите. Тие секогаш ги прашуваат децата што мислат за новите идеи за некој потенцијален производ. Само производите за кои децата гарантираат на крајот одат во производство.
Првата LEGO® минифигура се појавила на пазарот во 1978 година. Оттогаш малиот жолт лик станувал се посилен. За време на сите овие години, повеќе од 5 милијарди фигури се произведени со што е создадена најголемата светска популација. Во 1997 година LEGO фигурите оживуваат. Во компјутерската игра „Паника на LEGO островот“ фигурите го остварија својот прв настап како анимирани ликови. Подоцна со новите Star Wars ликови, фигурите за прв пат се појавуваат во одредени улоги. Оваа персонификација на фигури, подоцна е проширена на LEGO® Harry PotterTM, LEGO® Studios, LEGO кошарка и многу други теми.
LEGO® производите се продаваат во повеќе од 130 земји во светот. LEGO коцките произведени во 2013 година би можеле да ја заобиколат Земјата повеќе од 20 пати. Во текот на долгото постоење на оваа компанија, отворен е забавен парк Legoland® во родниот град на LEGO Group, Билунд. Денес, постојат 7 LEGOLAND паркови низ целиот свет. Создаден е оддел за образование, познат како LEGO образование. Овој оддел развива и пласира едукативни материјали. Во 1997 се појавува и првата LEGO тематска компјутерска игра./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.






