Забава
Инфлуенсерите на „Инстаграм“ го користат коронавирусот за кликови
Инфлуенсерите се познати по тоа што извлекуваат максимум од сите нови трендови и предизвици што го зафатија светот. Сега овие ѕвезди на „Инстаграм“ позираат со маски за лице за да го искористат коронавирусот за секој клик.
Со оглед дека вирусот секојдневно се шири, интересот на јавноста во светот постојано расте. Хаштагот со коронавирус стана тренд на „Инстаграм“ и над 200.000 објавувања со употреба на ознаката се поставени на платформата на социјалните медиуми.
Некои совесни се обидоа да ги известат своите следбеници за болеста, но многумина ја искористија можноста да заработат пари преку кликања. Јутјуберот Логан Пол објави фотографија на која се гледаат модели како носат гас-маски и порноѕвезди со провокативен наслов: „Е*би го коронавирусот“.
Германскиот инфлуенсер Фитнес Оскар сакаше неговите следбеници да знаат дека болеста, која веќе зеде повеќе од 200 животи, нема да го спречи да се забавува со својата девојка на патување во Пукет, Тајланд.
„Не се плашиме од вирусот… Сè уште уживаме во одморот и се надеваме дека оваа мизерија ќе запре набргу!“ напиша тој под фотографијата со својата девојка, на која страсно се бакнуваат додека носат маски за лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сопругата на словенечкиот премиер е мисица и активистка, со својот стил повторно го привлече вниманието, гласајќи на референдумот
Сопругата на словенечкиот премиер Роберт Голоб, поранешната мисица Тина Габер, го привлече вниманието кога двајцата денес заедно гласаа на референдумот за асистирано самоубиство. Габер се појави во едноставна црна комбинација со елегантен светлобеж капут.
Голоб и Габер се венчаа на 6 септември 2025 година, на интимна церемонија во Струњан, со присуство на блиски пријатели и семејство. Врската ја потврдија во 2023 година и оттогаш повремено се појавуваат заедно на настани, иако приватноста ја чуваат внимателно.
Тина Габер е позната од 2008 година кога ја освои титулата Miss Hawaiian Tropic Slovenia. Студирала социологија, а подоцна станала водителка, инфлуенсерка и активистка за правата на животните и заштита на животната средина. Изградила имиџ што ги спојува модата, ангажираноста и здравиот стил на живот.
Прочитај и: Сопругата на словенечкиот премиер за свадбата: „На гостите им ги одзедовме мобилните телефони“
Забава
(Видео) Ставил камера во машината за миење садови – реакциите: „Чао, пријатно, од сега ќе перам на рака“
Кратко јутуб видео предизвика лавина реакции кога стана јасно што точно се случува во машината за садови додека работи. Каналот @povsadventures одлучи да го сними целиот процес одвнатре и да ја открие тајната на циклусот на миење.
Авторот поставил светло и камера внатре, ја наполнал машината со садови, додал капсула, ја затворил и го снимил целиот циклус. „Како и многумина, и јас се прашував што точно се случува внатре“, објасни тој.
Сè изгледало нормално – додека не се појавила жолто-кафена вода.
На почетокот, видеото покажува како млазовите вода прскаат низ машината и садовите постепено се чистат. Но, вниманието на гледачите го привлече бојата на водата – течноста станала кафено-жолта, што предизвика шок и многу прашања.
Во коментарите се појавиле различни теории:
– дека бојата доаѓа од капсулата за миење,
– дека причината може да биде железо или манган во водата,
– или дека машината е неиспавна и не ја исфрла водата како што треба.
Интернет реакциите беа бујни и духовити. Некои корисници се пошегуваа:
„Брат му ја поврзал машината со септичката јама.“
„Фала што ми покажа зошто е најдобро да се мие на рака.“
Други беа искрено загрижени:
„По ова, не сум сигурен дали садовите навистина се чисти.“
„Добро е што не сум единствениот шокиран од кафената вода.“
Се јави и лице кое тврди дека работело како инсталатор на вакви апарати:
„Пред машината да се вклучи, се гледа како стои кафена вода на дното – тоа не е нормално. Или ова е направено за реакции, или машината е расипана и не ја исфрла водата.“
Забава
Високопреработената храна ги загрозува сите главни органи
Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“.
Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија.
Ненадејното зголемување на потрошувачката на високо преработената храна низ целиот свет ги охрабри корпорациите да користат агресивни методи за зголемување на продажбата, да манипулираат со научната дебата и да доведат до спречување на регулација, според студијата.
Серија од три научни трудови наведува дека милиони луѓе сè повеќе консумираат производи како што се готови оброци, житарки, протеински плочки, газирани пијалоци и брза храна.
Во САД и Велика Британија, повеќе од половина од просечната исхрана се состои од производи од високо преработената храна која за некои, особено помладите и посиромашните жители, сочинува до 80 проценти од исхраната.
Преглед на 104 долгорочни студии покажа дека 92 студии забележале зголемен ризик од хронични заболувања и предвремена смрт кај лица кои консумираат високо преработената храна.
Првиот труд во оваа серија покажува дека високо преработената храна ги оштетува сите главни органи. Луѓето не се биолошки прилагодени за нивната потрошувачка.
фото: ЕПА

