Контакт

Забава

И официјално потврдено, Меган Маркл е бремена

Објавено пред

Меган Маркл и принцот Хари чекаат бебе, потврдено е од Кенсингтонската палата!

dobivaj vesti na viber

„Нивното кралско височество, војводата и војвотката од Сасекс, со задоволство објавуваат дека војвотката од Сасекс очекува бебе, кое ќе дојде на свет на пролет 2019 година. Принцот Хари и Меган Маркл се благодарни за пораките на поддршка што доаѓаат од целиот свет по нивната венчавка и се воодушевени што можат да ја споделат оваа среќна вест со јавноста“, стои на официјалниот инстаграм-профил на Кенсингтонската палата.

Принцот Хари и холивудската актерка се венчаа во мај оваа година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Луѓето родени во три хороскопски знаци не можат да поднесат ненајавени гости

Објавено пред

Во светот на астрологијата, секој хороскопски знак има свои уникатни карактеристики и преференции. Додека некои знаци сакаат изненадувања и спонтаност, други ја ценат организацијата и приватноста.

dobivaj vesti na viber

За припадниците на одредени знаци, ненајавените гости можат да бидат извор на стрес и непријатност.

Девица

Девиците се познати по педантноста, организираноста и склоноста кон планирање. Со Меркур, планетата на комуникација и анализа, Девиците сакаат да имаат се’ под контрола и да ги планираат своите активности. Ненајавените гости го нарушуваат нивниот внимателно планиран распоред и внесуваат хаос во нивниот уреден свет.

Ненајавените гости ги принудуваат да импровизираат

Девиците го ценат редот и структурата. Нивната потреба за организација значи дека секоја непредвидена ситуација може да предизвика стрес и непријатност. Ненајавените гости ги принудуваат да импровизираат, што не им е силна страна. Девиците сакаат да имаат време да се подготват за социјални интеракции, а ненадејните посети им го нарушуваат мирот и рамнотежата. Исто така, Девиците често се самокритични и сакаат се да биде совршено, па ненајавените гости можат да предизвикаат чувство на неподготвеност и несигурност.

Јарец

Јарците се познати по својата сериозност, дисциплина и склоност кон планирање. Управувани од Сатурн, планетата на дисциплина и одговорност, Јарците сакаат да го контролираат своето време и обврски. Ненајавените гости може да ја нарушат нивната рутина и да донесат хаос во нивното внимателно планирано секојдневие.

Секоја непредвидена ситуација ги фрустрира

Јарците го ценат времето и одговорноста. Нивната потреба за структуриран распоред значи дека секоја непредвидена ситуација може да предизвика фрустрација. Ненајавените гости го нарушуваат нивниот фокус и продуктивност, што може да биде извор на стрес. Јарците сакаат да бидат подготвени за сите ситуации, па ненадејните посети може да предизвикаат чувство на несоодветност и несигурност. Исто така, Јарците имаат тенденција да бидат сериозни и внимателни, па ненадејните социјални интеракции може да бидат емоционално исцрпувачки за нив.

Рак

Раковите се познати по нивната чувствителност, емоционална длабочина и љубов кон домот. Со нив владее Месечината, планетата на емоциите и инстинктите, па Раковите ја ценат приватноста и безбедноста на својот дом. Ненајавените гости може да го нарушат нивното чувство на сигурност и да предизвикаат емоционален стрес.

Ненајавените гости им го нарушуваат мирот

Раковите ја ценат приватноста и емоционалната сигурност. Нивната чувствителна природа значи дека секоја непредвидена ситуација може да предизвика вознемиреност и непријатност. Ненајавените гости им го нарушуваат мирот и безбедноста дома, што може да биде извор на емоционален стрес. Раковите сакаат да бидат подготвени за социјални интеракции и претпочитаат планирани посети кои им овозможуваат емотивно да се подготват. Неочекуваните посети можат да направат да се чувствуваат неподготвени и несигурни, што дополнително ја зголемува нивната анксиозност.

Прикажи повеќе...

Забава

Ева Лонгорија откри дека е во сродство со познатата оскаровка: „Направивме ДНК-тест“

Објавено пред

Изгледа дека се случи некој вид семејно обединување на снимањето на четвртата сезона од Only Murders in the Building.

dobivaj vesti na viber

Ева Лонгорија и Мерил Стрип глумат во новата сезона на серијата, а ѕвездата на „Домаќинки“ неодамна откри дека, всушност, е во роднинска врска со познатата оскаровка.

„Мерил и јас сме роднини. И двете направивме ДНК-тест во шоуто на д-р Гејтс и дознавме дека имаме заеднички роднина“, изјави Лонгорија за „Екстра“ мислејќи на документарната серија на Хенри Луис Гејтс Јуниор, во која многу познати личности ги откриваат своите корени.

Ѕвездата на „Домаќинки“ откри и како е да се работи со Мерил на серијата Only Murders in the Building.

„Беше навистина, навистина забавно и се викавме ‘роднино’“, рече таа.

На снимањето, Стрип ја претстави Лонгорија како своја роднина.

„Таа ја раскажа приказната и сите беа збунети бидејќи јас сум латино, а таа е – Мерил Стрип“, изјави Лонгорија.

Прикажи повеќе...

Забава

Шварценегер објави фотографија со Сталоне: „Среќен роденден, пријателе“

Објавено пред

Арнолд Шварценегер му го честита роденденот на Силвестер Сталоне.

dobivaj vesti na viber

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија објави неколку заеднички фотографии направени во текот на нивните кариери.

„Среќен роденден, пријателе. Ти си шампион и легенда. Ме инспирираш и мене и милијарди луѓе во светот“, напиша Шварценегер.

Ѕвездата на „Терминатор“ исто така објави фотографии од него и Сталоне како длабат тикви заедно, се смешкаат на настан на Планет Холивуд и позираат во опрема од 80-тите.

Во април Сталоне и Шварценегер разговараа за ривалството претходно. Арнолд призна дека Сталоне му бил голема помош во кариерата бидејќи тие секогаш се натпреварувале. Сталоне, пак, изјави дека, конечно, имало што да го мотивира кога се појавил Шварценегер.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Американскa компанија ќе инвестира во Македонија, објави Мицкоски од Вашингтон

По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на...

Економија10 часа

Зголемување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија10 часа

Кривичен: Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за...

Македонија11 часа

Лефков со прашања до Филипче: Со какви туѓи перја се китиме, црни Венко, со перјата за запалената модуларна? Со каква плата направи хациенда на Водно

„Едно јавно прашање до претседателот на заробената СДСМ. Со кои перја се китиме црни Венко? Со тие ли перја со...

Македонија11 часа

Меџити на средба со пензионерите говореше за двете фази од покачувањето на пензиите: првата почнува од септември

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот Фатмир Лимани, пратеникот Беким Сали...

Македонија13 часа

Царинската управа: Мобилен тим спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот, воедно и сопственик...

Македонија13 часа

(Видео) Спасен маж од длабока тиња и кал како од жив песок на реката Пчиња

Центарот за управување со кризи објави дека утрово имало спасувачка акција на реката Пчиња, каде што човек пропаднал до гуша...

Топ14 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен, во судир со автобус загина мотициклист

Вчера, во 19.40 часот, кај местото Прентов мост на магистралниот пат Охрид – Ресен, на крстосницата со локалниот пат за...

Македонија15 часа

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од „Македонски железници“ известиле дека вчера, во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација...

Македонија16 часа

Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна, само Македонија, прашува Филипче

Христијан Мицкоски, кој во Вашингтон отиде со половина од своите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот...

Македонија16 часа

Фрчкоски со најава дека е подготвен да се повлече од амбасадорското место: МНР нема потреба да измеќарува

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е погоден на идеологијата на новите власти. И...

Македонија16 часа

Регистриран земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија1 ден

Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени

Министерот за транспорт и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за...

Македонија1 ден

(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово...

Македонија2 дена

Премиерот и министрите со набиена агенда: почнува официјалната посета на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција ја нарече СДСМ „киднапирана“ и повика да се прочитаат медиумите во...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски...

Свет2 дена

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион2 дена

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет2 дена

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...