Забава
Камерон Дијаз, некогаш холивудска бомба, денес изморена домаќинка
Холивудската актерка Камерон Дијаз неодамна стана мајка на девојчето Редикс и речиси целосно се повлече од јавниот живот. Таа се посвети на семејството и се чини дека светот на гламурот воопшто не ѝ недостига.
Иако ретко се гледа во јавноста, Камерон беше фотографирана како пазарува продукти за бебето и други работи за дома. Нејзините обожаватели забележаа дека актерката изгледа уморно и исцрпено, па многумина коментираа дека повеќе не личи на себе и ѝ порачаа дека остарела и дека изгледа како вистинска домаќинка.
Сепак, додека на фановите можеби не им се допаѓа што омилената актерка не ја гледаат во нови филмски остварувања, Камерон е исполнета и среќна и ужива во семејниот живот. Таа се грижи за бебето без дадилка, па прашање е дали и кога ќе се врати пред камерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Hooverphonic доаѓаат во Скопје
Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC ќе одржат ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18. април, 2025 година, соопшти „Авалон продукција“.
По повод 25 години од aлбумот „The Magnificent Tree“, во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера – „Mad About You“, Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет.
Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995та година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе.
Во 2019та година во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.
Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари.
Исто така, во продажба има и лимитиран број на ВИП влезници (само првите 6 реда) по цена од 2.500 денари.
Ќе се одржи само еден ексклузивен концерт.
Забава
13-то издание на Пиволенд
Од 16-ти до 19-ти октомври со почеток од 18 часот, среда, во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи 13-тото издание на најстариот и единствен градски пивски фестивал Пиволенд.
Фестивалот кој се одржува од 2009-та година ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови на пива, со повеќе од 100 видови, индустриско и занаетчиски пиво од Македонија, балканот и светот, вкусна храна и мезе како и повеќе од 30 музички групи, артисти и диџеи. Предвидена е и детска програма во Сабота кога и фестивалот започнува порано од 12:00 часот, а на сцената ќе свират млади бендови од училиштата Ентерпрајз и Мјузик Лаб.
Четири дена Скопје ќе пулсира во ритамот на македонската музичка сцена, рокенрол, реге, поп, блуз, панк, метал и хип хоп, кавер бендови, млади бендови на една сцена со една мисија да го направат 13-тото издание незаборавно.
Легендите на македонската панк музика Бадмингтонс, Морал, Паркети, Куку Леле, ска панк легендите од Бугарија – Викеда, Бело Копче – трибјут на Бело Дугме, Д ДАЛТОНС, Пичвајз, Занаду, Деменси, Огнен Здравковски, Гуру Харе Бенд, Диџеј Славе се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат скопјани и другите посетители.
Забава
Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс
Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ е најновиот бисер на нашата танцова сцена. На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи!
Настапот на Србиновска беше фантастичен, полн со енергија, креативност и техничка прецизност, оставајќи го без здив жирито, но и публиката. Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „ Уан Веј“.
Во саботата, публиката можеше да го проследи официјалното отворање на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024 и да сведочи на спектакл кој не се опишува. Во рамките на Парадата на нации, на танцовиот подиум продефилираа над 1700 натпреварувачи, создавајќи спектакуларно шоу на движење, ритам и креативност. Танцувачи од сите возрасти и стилови се собраа заедно на сцената, носејќи дух на единство и страст за танцот. Отворањето беше збогатено и со настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое извесе незаборавен перформанс на народни игри и ора од Македонија.