Забава
Канје Вест со новата девојка Чејни, двојничка на Ким

Клонот на Ким Кардашјан, како што ја нарекуваат новата девојка на Канје Вест, Чејни Џонс, го придружуваше раперот на излегување од „Лоан-депот парк“ во Мајами по завршувањето на неговиот концерт „Донда 2“.
Есцентричниот Канје (44), сега со ново име, Је, одржа забава за слушање на новиот албум во познатиот стадион со подвижен покрив во Мајами, Флорида.
24-годишната Чејни, инстаграм-инфлуенсерка, очигледно се инспирирала од модните избори на отуѓената сопруга на Канје. На себе има тесен костим и очила за сонце, слични на оние што Ким Кардашјан ги носеше на неговиот концерт „Донда“ на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта во 2021 година.
Единствената разлика помеѓу двата костима беа боите, Чејни се одлучи за беж за разлика од смелиот црвен на Ким.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ким Кардашијан пристигна на забавата на Vanity Fair во венчаница

Ким Кардашијан ги заврте главите на после-забавата на Vanity Fair за Оскарите во 2025 година.
44-годишната реалити ѕвезда пристигна на забавата во фустан кој наликуваше на венчаница од брендот Баленсијага.
Таа, исто така, комбинираше минималистичка шминка, вклучувајќи нуд кармин и лесна шминка за очи, а косата ја врза во пунџа.
Многу луѓе на социјалните мрежи коментираа за модниот изглед на Ким Кардашијан на забавата на Vanity Fair. Некои велат дека фустанот е во ред, додека други напишале дека изгледа како „тоалетна хартија“, „збрчкан чаршаф“ и „искористена салфетка“.
Забава
Оливија Вајлд прошета во проѕирен фустан на забавата по Оскарите

Оливија Вајлд (40) го привлече вниманието со изборот на фустан за афтер-журката која се одржа по Оскарите.
Таа се појави во бел проѕирен фустан под кој и се гледаше долната облека.
Изгледот го комплетираше со златна чанта, едноставен накит и неутрална шминка.
Реакциите на социјалните мрежи се главно позитивни. „Жената изгледа божествено“, „Иако откри малку премногу тело, не изгледа евтино. Секоја чест“, „Изгледа како самовила“, беа коментарите. Имаше и такви кои сметаа дека нејзината облека „не е соодветна“ за ваков настан. „Изгледа сега ќе се напие топло млеко и ќе спие“, се пошегувал некој.
Забава
Србите ги коментираат чевлите на Вучиќ од 930 евра: „Ги купи сите бои, за сите села“

Александар Вучиќ повторно е главна тема на Икс поради неговите чевли.
Неодамна Србите ги коментираа патиките што ги носеше претседателот во емисијата „Ќирилица“ на Хепи ТВ. Вучиќ потоа се појави пред камерите облечен во патики од брендот Zegna, кои чинат 870 долари (околу 850 евра). Вучиќ носи и чевли од овој бренд, кои ги покажа на неколку фотографии кои претходно ги објави на социјалните мрежи. Сега вниманието го привлече со чевлите од брендот Сантони.
Juce je imao ove 👇🏻 pic.twitter.com/DSoJHBKxxK
— Mejn 'Z' (@z_mejn) March 2, 2025
На еден настан тој го облече моделот Dragon suede shoes, кој чини 980 долари (околу 930 евра). Спортските кожени чевли се произведени во Италија, а многумина забележале дека претседателот ги поседува во повеќе бои.
Чевлите на Вучиќ веднаш предизвикаа потсмев на Икс.
„Ги купи сите бои, за различни села“, „За тие пари чевлите можеа да бидат поубави“, „Може да се само комплекси“, „Човек би помислил дека му никнува пченица зад нозете, смокви растат, кога тоа останало пустелија“, „Можеби нема ништо подобро“, „Џабе е кога сè на него изгледа како гумена чевли“, се дел од коментарите на Србите.