Контакт

Забава

Канје Вест суспендиран од „Инстаграм“ на 24 часа бидејќи ја прекршил политиката за вознемирување

Објавено пред

Канје Вест е суспендиран од „Инстаграм“ на 24 часа бидејќи раперот ја прекршил политиката на платформата во однос на вознемирување други лица, изјави портпаролот на нејзината матична компанија „Мета платформс инк“.

dobivaj vesti na viber

Платформата ја избриша содржината испратена од профилот на 44-годишниот рапер, што е во спротивност со нејзините политики за „говор на омраза и малтретирање и вознемирување“, изјави портпаролот Џо Озборн за „Ројтерс“ во изјава испратена по е-пошта.

Како што пренесува „Вараети“, раперот упатил расни навреди кон Тревор Ноа, водител на „Дејли шоу“, во објава на „Инстаграм“ откога Ноа говорел за кавгата помеѓу Канје, неговата поранешна сопруга Ким Кардашјан и нејзиното момче, комичарот Пит Дејвидсон. Објавата потоа е избришана.

Забава

Сара Џесика Паркер со емотивна објава се прости од Кери по 27 години

Објавено пред

По три сезони, HBO-серијата „И едноставно така“, продолжение на култната „Сексот и градот“, официјално е откажана. Веста ја потврди главната актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер, која преку трогателна објава се прости од ликот што ѝ ја одбележа кариерата – Кери Бредшо.

dobivaj vesti na viber

Паркер на Инстаграм објави емотивно писмо во кое им се заблагодари на сите што ја создаваа серијата заедно со неа, но и на гледачите кои низ децении ја сакаа и навиваа за Кери – иако понекогаш и ја осудуваа.

„Кери Бредшо доминираше во мојот професионален живот цели 27 години. Мислам дека јас ја сакав најмногу од сите. Знам дека и другите ја сакаа. Беа фрустрирани од неа, навиваа за неа. Таа симфонија на емоции беше мојот најважен сопатник. Засекогаш сум благодарна“, напиша Паркер, потврдувајќи дека „ова поглавје е завршено“.

Таа додаде дека заедно со креаторот на серијата, Мајкл Патрик Кинг, заеднички одлучиле „И едноставно така“ да не добие нова сезона. Серијата, потенцира, била радост, авантура и најубавиот вид на тежок труд, во соработка со неверојатна екипа и повеќе од 380 членови на продукцијата.

„Се предаде на шеширите, книгите, чевлите, пријателките и ветувањето на нов ден во нејзиниот сакан град и со луѓето кои најмногу ги ценеше. Го носеше срамот, гордоста, честа, оптимизмот и буквално безброј фустани и здолништа. Се држеше за раце, надеж и најдоброто од луѓето“, додаде актерката за својот лик.

„И едноставно така“ повторно ги обедини Кери, Миранда и Шарлот во современиот Њујорк, но без Саманта (Ким Катрал), која се појави само во кратка сцена на крајот од втората сезона. Серијата се обиде да го балансира носталгичното со современи општествени теми, но реакциите од публиката и критичарите беа поделени. Некои го пофалија освежениот пристап и новите ликови (Сима, LTW), додека други ја критикуваа принудената атмосфера, дијалозите и недостигот од јасна наративна линија.

Сепак, гледаноста беше солидна, а крајот на третата сезона остави можност за продолжение – што сепак нема да се случи.

Оригиналната серија „Сексот и градот“ се емитуваше на HBO од 1998 до 2004 година, низ 6 сезони и 94 епизоди. Освои 7 Еми награди, 8 Златни глобуси и милиони обожаватели низ светот. Следеа два филма (2008 и 2010), а потоа и продолжението „И едноставно така“, кое започна во 2021 година.

Серијата беше револуционерна за своето време – отворено зборуваше за женската сексуалност, пријателството, модата и модерните предизвици на животот во големиот град. Кери, Миранда, Шарлот и Саманта станаа икони на поп-културата, а Њујорк – петтиот главен лик.

26 години по првата епизода, целата приказна – барем засега – добива крај.

Прикажи повеќе...

Hitech

Тимот на Албанката, Мира Мурати, не подлегнал на понудата на Цукерберг – борба за ѕвездите на вештачката интелигенција

Објавено пред

Дoдека Марк Цукерберг се обидуваше да фати чекор во трката за генеративна вештачка интелигенција, пред неколку месеци ѝ се обрати на поранешната техничка директорка на „Опен ВИ“, Мира Мурати, со понуда да го купи нејзиниот нов стартап „Тинкинг машинс лаб“.

dobivaj vesti na viber

Кога таа ја одби понудата, Цукерберг почна целосна офанзива. Во неделите што следуваа стапи во контакт со повеќе од десетина вработени од нејзиниот 50-член тим обидувајќи се да ги убеди да преминат во неговата компанија. Главна цел му бил Ендру Талок, истакнат истражувач и коосновач на стартапот.

За да го добие, Цукерберг понудил пакет, кој, со бонуси и пораст на акциите, би можел да достигне и до 1.5 милијарда долари во рок од најмалку шест години, според извори запознаени со понудата.

Талок ја одбил понудата. Никој од неговите колеги исто така не заминал.

Портпаролот на „Мета“, Енди Стоун, го нарекол извештајот за понудата неточен и смешен нагласувајќи дека висината на компензацијата зависи од растот на акциите. Додал дека „Мета“ нема интерес за преземање на „Тинкинг машинс“.

Дури и во Силиконската Долина, каде што врвните инженери имаат огромна пазарна вредност, ретко се случува некој да одбие деветцифрени износи. Но како што расте борбата за таленти во областа на вештачка интелигенција (ВИ), дури и компаниите со најголеми буџети сфаќаат дека парите не се секогаш доволни.

Лојалност кон лидерите

Додека некои истражувачи се однесуваат како слободни агенти во потрага по поголема плата и влијание, други покажуваат непоколеблива лојалност кон своите лидери – харизматични фигури, кои во технолошката индустрија имаат статус на рок-ѕвезди. Културата во стартапите силно ги поврзува вработените. Истовремено, по години меѓусебно крадење кадри, тимовите стануваат вешти во самозаштита.

„Опен ВИ“ и стартапите што ги основале поранешни вработени, како оној на Мурати, често се цел на Цукерберг.

Од самиот почеток на трката за ВИ пионерите привлекуваа истражувачи со ветување дека ќе учествуваат во историска мисија – создавање вештачка општа интелигенција (AGI), систем попаметен од човекот во повеќето задачи. „Опен ВИ“ ја претвори оваа мисија во своевидна квазирелигиозна потрага, со непрофитна повелба. која гарантира дека трудот ќе ѝ служи на човечноста.

„Мета“ веќе стапила во контакт со повеќе од 100 вработени во „Опен ВИ“ и успеала да вработи најмалку десетмина. На 25 јули Цукерберг го назначи кинескиот истражувач Шенгји Жао, кој поминал три години во „Опен ВИ“, за раководител на новиот тим за суперинтелигенција.

Тие што засега ја одбиле понудата велат дека веруваат во мисијата на „Опен ВИ“ сакаат да работат во помали компании и не сакаат нивниот труд да заврши во производи водени од рекламирање.

Мурати, Сацкееверс и отпорот кон перење кадри

Уште помал успех Цукерберг има со „Антропик“, стартап вреден 170 милијарди долари, кој го води Дарио Амодеи – поранешен член на „Опен ВИ“, кој со себе повлекол врвни стручњаци. Сите седум коосновачи на „Антропик“ сè уште се дел од компанијата. Многумина се поврзани преку движењето за ефективен алтруизам, кое уште пред десет години предупредуваше дека ВИ може да излезе од контрола и да го загрози човештвото.

Некои дури живееле заедно во куќа во Сан Франциско дискутирајќи како најдобро да го донираат своето богатство и како да се справат со ризиците од ВИ.

Засега Цукерберг успеал да вработи само двајца поранешни вработени на „Антропик“- Џоел Побар и Антон Бахтин – и двајцата со претходно искуство во „Мета“.

Стартапот „Сејв суеринтелиџенс“ (Safe Superintelligence SSI), основан лани од Иља Сацкееверс, исто така е речиси отпорен на обиди за регрутирање. Наместо да доведе познати кадри „Опен ВИ“, Сацкееверс се фокусирал на неафирмирани таленти со нови идеи, кои тој лично ги менторира. Вработените се обесхрабруваат да го наведуваат SSI на „Линкд ин“ – токму за да избегнат лов на глави. На почетокот од годината и Сацкееверс ја одбил понудата на Цукерберг.

Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силициумската Долина: Ја напушти „Опен ВИ“, па создаде компанија

Родена во Албанија, Мурати поминала шест години во „Опен ВИ“ како техничка директорка раководејќи речиси со сите клучни аспекти на компанијата. Била позната по емоционалната интелигенција и скромноста, што ѝ ја донело лојалноста на истражувачите и инженерите.

Во „Тинкинг машинс“ воспоставила слична, рамна хиерархиска структура – сите, дури и најискусните истражувачи, имаат титула член на техничкиот тим, инспирирано од некогашниот „Бел лабс“.

Кога во февруари ја основала „Тинкинг машинс“, повеќе од 20 поранешни колеги од „Опен ВИ“ ѝ се приклучиле, вклучувајќи го и Џон Шулман – еден од клучните умови зад „Чат џипити“, кој претходно преминал во „Антропик“. Најголем дел од нејзините нови вработени доаѓа од посттренинг-тимот на „Опен ВИ“, кој го создал „Чат џипити“ и го учел како да комуницира со луѓето.

Инвеститори неодамна вложиле 2 милијарди долари во нејзиниот стартап, иако некои од нив сè уште не знаат точно на што работи. Декларирана мисија: „Да се направи ВИ поразбирлива, пофлексибилна и општо поспособна“.

Набргу најавила лансирање на прв производ, со мултимодална ВИ, која функционира „како што природно комуницирате со светот“. Уредот го сместиле во тивок дел во Сан Франциско, неколку улици оддалечен од „Опен ВИ“.

„Мета“ и Талок – уште една пропуштена можност

„Вирд“ претходно објави дел од обидите на „Мета“ да ги регрутира кадрите од „Тинкинг машинс“.

Ендру Талок, коосновачот на компанијата, бил централна цел на кампањата. Цукерберг и Александар Ванг, новиот шеф на тимот за суперинтелигенција во „Мета“, му праќале многубројни пораки за да го убедат да им се приклучи.

Роден во Австралија, Талок дипломирал на Универзитетот во Сиднеј со највисок просек меѓу студентите по природни науки. Работел во „Фејсбук“ 18 месеци пред да се запише на постдипломски студии во Кембриџ, а потоа се преселил во Калифорнија, каде што станал distinguished engineer во тимот за вештачка интелигенција – една од највисоките технички позиции.

„Беше познат како екстремен генијалец“, вели Мајк Вернал, поранешен директор во „Фејсбук“.

Уште во 2016 година, три години по неговото доаѓање во „Фејсбук“, претседателот на „Опен ВИ“, Грег Брокман, се обидел да го регрутира. Во е-пошта до Илон Маск, Брокман напишал дека Талок тогаш добивал 800.000 долари годишно во „Фејсбук“ и дека веројатно ќе бара повеќе. „Опен ВИ“ тогаш нудел 175.000 долари плата, со бонус од 125.000.

„Ендру е многу блиску до ‘да’. Но загрижен е поради големото намалување на платата“, напишал Брокман на 21 февруари. Талок тогаш не прифатил.

Во „Опен ВИ“ се приклучил дури седум години подоцна, во момент кога „Чат џипити“ веќе беше глобален феномен.

Прикажи повеќе...

Забава

Над 10.000 посетители уживаа во настапот на Армин ван Бурен во Битола

Објавено пред

Од

Вистински спектакл, синоќа во Битола, на БИТ ФЕСТ. Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и транс музика, Армин Ван Бурен.

dobivaj vesti na viber

Со музичкиот спектакл кој се одржа на Стадионот „Петар Милошевски“, Битола за прв пат во својата историја доби настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди.

Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon international booking), а се реализираше со поддржан од Општина Битола и Битолскотo културно лето БИТ ФЕСТ.

Кратки видеа од настанот можете да погледнете на следниот линк https://www.facebook.com/share/v/1Et8SMV9wn/.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули – што е околу 7 отсто од...

Македонија1 час

Цела ноќ борба со огнот во велешката фабрика – изгореа магацин со фрижидери и канцеларии со документи

Пожарот што синоќа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот....

Култура2 часа

(Видео) Со концерт на Ана Дурловски, „Охридско лето“ го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија3 часа

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија21 час

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија22 часа

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ23 часа

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет23 часа

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија1 ден

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет1 ден

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет1 ден

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија2 дена

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и...

Економија2 дена

(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на...

Свет2 дена

„Среќни се ако јадат сув леб“ – трогателно сведоштво за брат и сестра во Газа кои гладуваат со недели

Мохамед Алмадун, од хуманитарна организација во Газа, рече дека во оваа палестинска енклава лекувал две малолетни деца – брат и...

Свет2 дена

Техеран се соочува со историска водна криза: „нултиот ден“ сè поблиску

Иранскиот главен град Техеран најверојатно е само на неколку недели од таканаречениот „нулти ден“, предупредуваат експертите – денот кога чешмите...

Свет2 дена

(Видео) МААЕ: Експлозии и чад во близина на нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес објави дека нејзиниот тим во нуклеарната централа Запорожје во Украина слушнал експлозии и...

Македонија3 дена

(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во...

Македонија3 дена

(Видео) Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден. „Овој...